Нема да се предадеме предвреме, се подготвуваме, ги анализираме тие 40 минути од играта на првата средба, кои сега ќе треба да ги поправиме, вели македонскиот голман Митревски, пред утрешниот дуел во Копер против Словенија Македонската машка ракометна репрезентација, предводена од селекторот Кирил Лазаров, утре ќе биде пред нов голем предизвик во квалификациите за пласман на Европското првенство (ЕП) в година, кое ќе се одржи во Данска, Норвешка и во Шведска.
Во рамките на четвртото коло од групата еден, црвено-жолтите повторно ќе ги одмерат силите со силната селекција на Словенија, но сега на гостински терен, во Копер (18.30 ч.). Како што е познато, изминатава среда во преполнетиот СЦ „Борис Трајковски“, Македонија загуби со 26-32 од Словенија, која настапи со ослабен состав, иако на полувремето водеше со еден гол предност (16-15). Според последните информации што доаѓаат од Словенија, влезниците за натпреварот, кој ќе се игра во спортската сала „Бинифика“, веќе се распродадени, но се очекува македонските ракометари и тука да имаат поддршка и од своите навивачи.