Тука не е само оној спортскиот дел, овој договор испраќа и многу други пораки, пораки кои значат дека ние иако сме различни држави, сепак сме израснати во тој дух на заедништво и треба да негуваме меѓусебна почит, нашите народи да бидат уште поблиски.
Во склоп на оваа воспоставена соработка почнуваме и пилот проект со организирање на регионални турнири кој ќе стартува од Македонија. Sportskamreza
Министерот за спорт на Република Македонија, Борко Ристовски и министерот за спорт и млади на Црна Гора, Драгослав Шќекиќ, денеска во Подгорица потпишаа Меморандум за разбирање помеѓу двете земји во областа на спортот. Kanal5
Мислам дека тргнавме и во еден друг правец, станавме пријатели надвор од оваа политичка димензија и чест ни е што сме денеска гости во Подгорица“, истакна министерот Борко Ристовски.
Тој нагласи дека Меморандумот за разбирање во областа на спортот меѓу Македонија и Црна Гора е резултат на заедничката заложба на двете земји да го вратат регионалниот спортски дух и меѓусебната поврзаност на земјите од регионот. Ekipa
Црногорскиот министер за спорт и млади ја промовираше и идејата за воспоставување на регионални лиги во одбојка и ракомет во кои првично би настапувале екипи од Македонија, Црна Гора, Србија и во најава, Босна и Херцеговина, како и одржување на регионални турнири во овие спортови.
Денеска имавме можност да разговараме за организирање на регионален турнир кој би бил претходница на идната регионална лига. Ekipa
Кога е во прашање ракометот, во овој момент учеството го потврдија Северна Македонија, Црна Гора и Србија, очекуваме да се приклучи и Босна и Херцеговина.
Во одбојка веќе е извесно одржувањето на тој регионален турнир на кој ќе бидат овие четири екипи. Kanal5