1 (104) ■ вести > свет > политика ■ 03-Nov 05:44 -> 05-Nov 19:22
.
.
.
.

Трамп тврди дека ќе признае пораз доколку изборите бидат фер

  • Харис вети поддршка за македонските идентитет и јазик, Трамп најави економска соработка и безбедност

  • Трамп: Не требаше да ја напуштам Белата куќа

  • Харис и Трамп завршија со главните митинзи, но во САД нема изборен молк – кампањи и на денот на изборите

Доналд Трамп, републиканскиот кандидат на претседателските избори во САД, денеска изјави дека би бил подготвен да признае пораз доколку изборите бидат фер.

Доколку биде избрана за претседател на САД, потпретседателката и демократска кандидатка Камала Харис кажа дека ќе ги штити правата на граѓаните и земјите слободно да го изразуваат својот национален идентитет, вклучително и македонските идентитет и јазик, додека поранешниот претседател и републикански кандидат Доналд Трамп вети економска соработка и безбедност на Западен Балкан ако тој победи на изборите во вторник, објави Гласот на Америка на македонски.

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп во неделата изјави дека жали што ја напуштил Белата куќа по поразот на претседателските избори во 2020 година, нешто што никогаш не го признал.

Доналд Трамп и Камала Харис, политички лидери на две целосно спротивставени концепции за идниот развој и лидерство на Америка, завршија со главните митинзи на едни од најразбрануваните и најдраматични претседателски кампањи во историјата на САД.

4 (33) ■ вести > балкан > регион ■ 04-Nov 18:23 -> 05-Nov 16:34
.
.
.
.

Горан Весиќ и официјално ја поднесе оставката во српката Влада

  • Српскиот министер за градежништво Горан Весиќ поднесе оставка поради несреќата во Нови Сад

  • Српскиот премиер ќе ја прифати оставката на министерот за градежништво Горан Весиќ

  • Премирот на Србија ќе ја прифати оставката на Весиќ, очекува и други

Српскиот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура, Горан Весиќ, денеска поднесе оставка од функцијата поради несреќата на Железничката станица во Нови Сад во која загинаа 14 лица, пренесе Бета.

Српскиот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура Горан Весиќ најави оти утре и официјално ќе поднесе оставка од функцијата поради несреќата во Нови Сад, кога по пад на натстрешницата на Железничката станица загинаа 14 лица, а тројца сè уште се борат за живот, пренесува српски Н1. Посочи дека уште истиот ден кога се случила несреќата ја понудил оставката на премиерот Милош Вучевиќ, како и дека истото му го соопштил и на претседателот Александар Вучиќ.

Српскиот премиер Милош Вучевиќ денеска изјави дека ќе ја прифати оставката на министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура, Горан Весиќ и додаде дека не се сомнева оти министерот не е субјективно виновен за тоа што се случи во Нови Сад.

Горан Весиќ синоќа ја информираше јавноста дека се повлекува од функцијата министер за градежништво, транспорт и инфраструктура, а п – Ќе ја прифатам оставката на министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура, Горан Весиќ, со благодарност за се што направи за време на неговиот мандат – изјави денеска министерот во Владата на Србија, Милош Вучевиќ, пред почетокот на конференцијата во Шангај.

7 (22) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 05-Nov 11:13 -> 05-Nov 16:48
.
.
.
.

СВР Велес со детали за сообраќајката во која загина едно лице, а три се тешко повредени

  • Едно лице загина, а три се тешко повредени во сообраќајка на патот Кавадарци – Росоман

  • Едно лице загина, а три се тешко повредени во сообраќајка кај Рибарци

СВР Велес попладнево излезе со детали за сообраќајката во која загина едно лице, а три се тешко повредени, на патот од Кавадарци за Росоман, кај росоманското село Рибарци.

Едно лице загинало на лице место, а три се тешко повредени во сообраќајка што се случила утрово околу 9 часот кај село Рибарци, на регионалниот пат од Кавадарци кон Росоман.

Едно лице загинало на лице место, а три се тешко повредени во сообраќајка што се случила утрово околу 9 часот кај село Рибарци, на регионалниот пат од Кавадарци кон Росоман.

9 (76) ■ вести > македонија > политика ■ 04-Nov 08:47 -> 05-Nov 14:46
.
.
.
.

СДСМ во Собрание поднесе закон за укинување на ДДВ на основните прехранбени производи

  • СДСМ: Владата нема решение – ние ќе предложиме вистински мерки за намалување на цените на производите

  • Филипче: До 2.000 денари ќе се штеди месечно на храна, СДСМ поднесува закон за намалување на цени

  • Филипче: Во секој следен циклус на избори ќе настапиме многу организирано и многу поуспешно

Укинување на пет отсто данок на додадена вредност на основните прехранбени производи, со што месечно би се штеделе од 1 200 до 2 000 денари предвидува Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност што Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) денеска го поднесе во Собранието.

Владата на Христијан Мицкоски се покажа неспособна да го реши постојаното зголемување на цените на производите и целосно ги разочара граѓаните, обвини СДСМ.

Во насока на ублажување на ударот по стандардот на граѓаните и реално намалување на трошоците од месечната потрошувачка кошничка, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денеска во Собранието поднесе Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност.

Подготвени сме да одиме на избори од денеска натаму.

12 (10) ■ вести > македонија ■ 05-Nov 14:57 -> 05-Nov 15:53
.
.
.
.

Град Скопје апелира до Трајко Славевски да ја стави иницијативата на приватните превозници на разгледување пред советниците

  • Град Скопје: Непринципиелната политика, личните интереси и партиските приоритети сѐ уште се тактика на мнозинството во Советот

Град Скопје во денешното соопштение до медиумите апелира до претседателот на Советот Трајко Славевски веднаш да ја стави иницијативата за барањето на приватните превозници за разгледување пред советниците со цел деблокирање на овој сегмент од јавниот превоз во главниот град.

Од Град Скопје велат дека по вчерашната прес конференција на приватните превозници евидентно е дека непринципиелната политика, личните интереси и партиските приоритети сѐ уште се тактика на мнозинството во Советот на Град Скопје предводено од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ за која цената ја плаќаат граѓаните на градот Скопје.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

138 (12) ■ бизнис > економија ■ 03-Nov 12:33 -> 04-Nov 07:48
.
.
.
.

Почна доделувањето ваучери за инвертер клима-уреди од повикот објавен во февруари годинава

  • Министерството за енергетика започнува со доделување 6000 ваучери за инвертер клима-уреди во рамките на програмата за енергетска ефикасност

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини информира дека е почнато доделувањето ваучери за купување и вградување високоефикасни инвертер клима-уреди, наменети за домаќинствата кои ги исполнуваат критериумите на јавниот повик, објавен на веб-страницата на Министерството за економија на 1 февруари 2024.

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини информира дека започна процесот на доделување потврди-ваучери за купување и вградување на високоефикасни инвертер клима-уреди.

153 (6) ■ бизнис > економија ■ 04-Nov 08:53 -> 05-Nov 09:07
.
.
.
.

Нафтените деривати поевтинија од полноќ

  • Од полноќ: Се намалуваат цените на бензините, поевтинува и дизелот

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 од полноќ се намалија за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 28.10.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 75,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 77,50 ден/лит.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 28.10.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 75,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 77,50 ден/лит.