Во Полска попладнево беа пренесени двајца повредени во пожарот во Кочани, соопшти Делегацијата на ЕУ во земјава на својата Фејсбук страница. Plusinfo
Пациентите ќе ја добијат потребната нега во Полскиот источен центар за третман на изгореници и реконструктивна хирургија, се наведува во објавата.
Претходно, чешкиот амбасадор во земјава Јарослав Лудва на социјалната мрежа „Х“ објави дека вчера пречекал медицински тим од Чешка да помогне на македонските лекари во лекување на повредените во пожарот во Кочани. A1on