1 (35) ■ вести > македонија > политика ■ 16-Oct 17:41 -> 17-Oct 15:26
.
.
.
.

АНБ не се политизира, неправдата врз Христовски е исправена и тој има безбедносен сертификат, вели премиерот Мицкоски

  • Бојан Христовски е нов директор на Агенцијата за национална безбедност

  • ▷ Бојан Христовски e нов директор на АНБ

  • СДСМ: Власта спроведува опасна партизација, новиот директор на АНБ треба веднаш да се разреши и да се именува нов

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека Агенцијата за национална безбедност не се политизира и дека на новоименуваниот директор Бојан Христовски му била нанесена неправда во минатото.

Бојан Христовски е именуван за нов директор на Агенцијата за национална безбедност, на денешната седница на Владата.

Владата денеска на седница го разрешен директорот на Агенцијата за национална безбедност Зарко Милошевски, а на негово место е именуван Бојан Христовски.

Со назначувањето на Бојан Христовски за директор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), Владата на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ спроведуваат опасна партизација, како на АНБ, така и на клучните безбедносни институции, реагираат од опозицискиот СДСМ.

3 (7) ■ вести > македонија ■ 17-Oct 14:50 -> 17-Oct 15:36
.
.
.
.

Нови стотина вработувања - Мицкоски најави нова инвестиција од 8,5 милиони евра

  • Мицкоски најави нова инвестиција од 8,5 милиони евра и вработување на околу 100 луѓе

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски при посета на Општина Брвеница одговарајќи на новинарско прашање, дали има нови инвестиции, приоритет на којшто Владата е силно фокусирана, информираше дека во државата, на домашниот пазар има една нова инвестиција којашто е завршена и уште неколку коишто се во процес на завршување.

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски при посета на Општина Брвеница одговарајќи на новинарско прашање, информираше дека во државата, на домашниот пазар има една нова инвестиција . Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски при посета на Општина Брвеница одговарајќи на новинарско прашање, дали има нови инвестиции, приоритет на којшто Владата е силно фокусирана, информираше дека во државата, на домашниот пазар има една нова инвестиција којашто е завршена и уште неколку коишто се во процес на завршување.

6 (35) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 16-Oct 18:30 -> 17-Oct 14:30
.
.
.
.

Во Велес утре Ден на жалост поради тројцата велешани кои настрадаа во сообраќајка

  • Пуштен сообраќајот на патот Скопје – Велес

  • Познат идентитетот на загинатите во сообраќајката кај Катланово

  • Обвинител и екипи на МВР вршат увид на местото на сообраќајката на автопатот Скопје – Велес, повикан и вештак

На денешната редовна 55. седница, Советот на Општина Велес донесе едногласна одлука, утрешниот ден, 18 октомври 2024 година, да го прогласи за Ден на жалост поради трагичната смрт на тројцата сограѓани во сообраќајната несреќа што се случи вчера, на 16 октомври 2024 година, на автопатот Скопје-Велес.

Македонија пат информира дека сообраќајот на патниот правец автопат А1 Скопје – Велес, кој беше во прекин поради тешка сообраќајна несреќа, од 22.00 часот е пуштен за сообраќај.

Три лица го загубија животот, а петмина се тешко повредени во сообраќајната несреќа која вчера попладне се случи на автопатот Скопје – Велес, пред тунелот кај Катланово.

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје и увидни екипи на МВР вечерва вршат увид на лице место на сообраќајна несреќа на автопатот Скопје – Велес, информира ЈОРМ.

7 (89) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 16-Oct 07:25 -> 17-Oct 09:13
.
.
.
.

Полицаец сведок: Пријател на таткото на Вања ја имаше снимката од возилото на Панче

  • Во Кривичен продолжува судењето за двојното убиство на Вања и Панче

  • Продолжува судењето за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски

  • Исечен бил кабелот од камерата која снимала кон зградата каде што беше киднапирана Вања

Полицаецот Музафер Карашиќ, на предлог на Обвинителството денеска сведочеше на рочиштето за убиствата на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски.

Со изведување на докази од страна на Обвинителството во Основниот кривичен суд Скопје денеска во 10 часот треба да продолжи судењето за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски.

Со изведување на докази од страна на Обвинителството во Основниот кривичен суд Скопје денеска во 10 часот треба да продолжи судењето за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски.

Камерата која можела да ги даде сите одговори за киднапирањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска, а која снимала спроти влезот на зградата во која живееле, во кобниот момент не работела бидејќи кабелот и бил пресечен.

11 (7) ■ вести > култура ■ 17-Oct 13:23 -> 17-Oct 14:24
.
.
.
.

Поетот Славе Димоски е добитник на државната награда „23 Октомври“

  • Објавен добитникот на државната награда „23 Октомври“

Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“ на седницата одржана на 4 октомври донесе одлука за доделување на државната награда „23 Октомври“ за 2024 година за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоција на државните приоритети, вредности и културно-историското наследство од јавен интерес.

Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“ на седницата одржана на 4.10.2024 година донесе одлука за доделување на државната награда „23 Октомври“ за 2024 година за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоција на државните приоритети, вредности и културно-историското наследство од јавен интерес на Република Северна Македонија.

14 (6) ■ вести > македонија ■ 17-Oct 13:30 -> 17-Oct 15:03
.
.
.
.

ЛК: Комисијата за етички и правни прашања ќе ги разгледува извештаите за починатото бебе во Скопје и родилката од Куманово

  • Комисијата за етички и правни прашања денеска ќе разговара за Извештајот за смртта на 14-месечното дете

Во текот на денешниот ден ќе се одржи состанок на Комисијата за етички и правни прашања, ќе се разгледаат извештаите за починатото дете и за извршениот надзор над стручната работа на ЈЗУ Општа болница – Куманово во врска со лекувањето и третманот на починатата родилка и нејзиното новороденче, подготвени од комисија формирана од министерот за здравство, информираат попладнево од Лекарската комора.

Лекарската комора вчера доцна попладне го добила Извештајот од извршен надзор врз стручната работа на Детска Клиника и Козле за смртта на 14-месечното дете.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

153 (4) ■ бизнис > економија ■ 16-Oct 14:24 -> 16-Oct 18:06
.
.
.
.

„ЌЕ НИ ТРЕБА СЕРИОЗНА ФИНАНСИСКА ИНЈЕКЦИЈА ОД ЕК“: Беслимоски дециден „сериозен притисок врз економиите“

  • Таксата на ЕУ за јаглерод диоксид ќе биде нов удар за цената на струјата во Македонија

Имплементирање на пакетот за чиста енергија и на пакетот за интеграција на пазарите на електрична енергија кои се однесуваат пред се на поврзување на пазарите на електрична енергија во земји членки на ЕУ и во земји кои не се членки на ЕУ, е тема на разговор на денешниот состанок во Скопје на Експертската мисија TAIEX за транспонирање на законодавството на ЕУ за електрична енергија, чиј коорганизатор е Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). - Во рамките на Балкан енерџи скул, којшто е основан од регулатори од Балканот вклучувајќи ја и РКЕ на Македонија, денеска имаме чест да ни ги презентираат искуствата во земјите членки, пред се во Италија и Грција, Тоа ни претставува особена чест и задоволство, имајќи во предвид дека Македонија уште со министерката одлука кон крајот на 2022 година презема обврски овој пакет за чиста енергија и пакетот за интеграција на пазарите на електрична енергија да ги имплементира во текот на 2023 и почетокот на 2024 година.

Воведувањето на таксата за јаглерод диоксид која ЕУ ја планира од први јануари 2026 година ќе направи сериозен притисок на домашното производство на електрична енергија во Македонија, Србија, Косово, БиХ и Црна Гора со оглед на тоа дека базната струја се произведува во термоелектрани кои користат јаглен.