Ќе продолжиме да ја подржуваме и во следниот период општина Ѓорче Петров, како и сите останати општини со сите наши ресурси затоа што треба да се развиваат општините и конечно граѓаните да добијат пристојни услови за живот, би ја искористил оваа можност, бедејќи добив бројни прашања од најголем дел од вас, во однос на информацијата која што вчера излезе во медиумите во Република Бугарија во однос на железничкиот дел од Коридор 8, да го кажам ставот, рече и додаде: -Остануваме силно посветени на изградба на железничкиот Коридор 8. Во овој момент активно се работи на втората секција во должина од 34 мкилометри, која што оди од Бељаковце до градот Крива Паланка.