Дирекцијата за заштита и спасување информира дека по излевањето на Маркова река во општина Студеничани евидентирана е материјална штета, но нема опасност по жителите од овој крај.
Поради врнежите од дожд, во текот на доцните попладневни и вечерните часови дојдено е до зголемување на нивото на Маркова Река поради што е излеана преку мостот кај населененото место Љубош и низводно и дојдено е до поплавување на неколку куќи, магацини и индустриски објекти во селата Студеничани, Батинци и делови кон Пинтија.
Поради обилните врнежи од дожд на територија на град Скопје и излевање на Маркова река од речното корито, сеуште е затворен за сообраќај во двете насоки локалниот пат с. Горно Лисиче – с. Долно Лисиче, како и влезот за с. Батинци во двете насоки.
Маркова река ноќеска се излеа преку мостот кај Љубош и низводно при што поплави неколку куќи, магацини и индустриски објекти во селата Студеничани и Батинци, како и делови кон Пинтија, информираат од Центарот за управување со кризи.