Осврнувајќи се на билатералните односи, министерот ја истакна средбата со неговиот грчки колега Јоргос Герапетритис на маргините на Генералното собрание на ОН во септември 2024 година, како значаен чекор во зајакнувањето на дипломатскиот ангажман.
Постои голем потенцијал за проширување на соработката – во трговијата, инфраструктурата и енергетското поврзување. Sitel
Поттикнување на деловни партнерства, туризам, студентски размени и културни програми може уште повеќе да ги приближи нашите народи.
Како НАТО-сојузници и непосредни соседи, имаме заеднички интерес за зајакнување на регионалната стабилност и просперитет – особено преку целосна регионална интеграција во Европската Унија, вели Муцунски. Denesen
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во интервју за грчкиот дневен весник „Та Неа“ зборуваше за билатералните односи меѓу двете земји, поддршката по трагедијата во Кочани, како и за регионалната стабилност и безбедност и заедничките предизвици и приоритети во рамките на НАТО Алијансата. Plusinfo
Како членки на НАТО, сите носиме индивидуална и колективна одговорност за одржување на кохезијата и одбрана на вредностите што нѐ издвојуваат од авторитарните режими.
НАТО и понатаму игра централна улога во обезбедувањето на безбедноста – не само за нашите две земји, туку и за поширокиот евроатлантски простор. 360stepeni
НАТО обезбедува платформа за справување со суштински безбедносни прашања и за сите членки – вклучително и САД – да водат значајни консултации“, истакнува министерот во интервјуто.
Муцунски зборува и за претстојниот НАТО самит во Хаг, нагласувајќи дека земјите-членки ќе имаат можност да ја оценат моменталната состојба и да донесат одлуки по клучни прашања – инвестиции во одбраната, поддршка за Украина, регионални партнерства и стратешки предизвици. Mk
Ова партнерство се покажало многупати уште од нашата независност.
НАТО обезбедува платформа за справување со суштински безбедносни прашања и за сите членки – вклучително и САД – да водат значајни консултации“, истакнува министерот во интервјуто. Press24