Реформската агенда на Владата (2024-2027), која се однесува на Планот за раст на Европската комисија, ќе биде презентирана денеска на третата седница на Комисијата за европски прашања која ќе се одржи во Собранието на Република Северна Македонија со почеток во 14:30 часот. Alsat
Реформската агенда ги истакнува заложбите на државата за успешно спроведување на реформите неопходни за подобрување на стандардите во областите како владеење на правото, реформа на администрацијата и енергетската транзиција.
На седницата обраќања пред пратениците ќе имаат претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљаноска – Давкова, амбасадорот на Европската Унија, Михалис Рокас и министерот за европски прашања, Орхан Муртезани. Republika
Реформската агенда на Владата (2024-2027), која се однесува на Планот за раст на Европската комисија, ќе биде презентирана денеска на третата седница на Комисијата за европски прашања која ќе се одржи во Собранието на Република Северна Македонија со почеток во 14:30 часот.
Реформската агенда ги истакнува заложбите на државата за успешно спроведување на реформите неопходни за подобрување на стандардите во областите како владеење на правото, реформа на администрацијата и енергетската транзиција. Biznisvesti
Комисијата за европски прашања, во рамките на третата седница, одржа јавна расправа за Реформската агенда на Владата (2024 – 2027), која се однесува на Планот за раст на Европската комисија.
Со седницата претседаваше потпретседателот на Собранието и претседател на Комисијата за европски прашања, Антонијо Милошоски, кој истакна дека Европската Унија има развиено сеопфатен план за раст, насочен кон економско зајакнување и стабилност на земјите членки и оние што се стремат кон полноправно членство. Mk