ВМРО-ДПМНЕ со ново обвинение до Љупчо Коцевски и обвинителите кои работат под негово раководство дека не работат и игнорираат сериозни наводи за криминал.
Само тој и обвинителите бирани во Струмица и Зајас може да не постапуваат по наводите за криминал во РЕК Битола, ЕСМ, МЕПСО, ТЕЦ Неготино, Државна Лотарија, ЈПДП, Министерството за здравство и другите институции за кои дури и медиумите изнесоа голем број сознанија за милионски криминали, рече Петрушевски Шест месеци Јавното обвинителство е во зимски сон, шест месеци нема ниту едно покренато обвинение за ниту еден случај на сериозен криминал и корупција за репрезенти од СДС и ДУИ кои со години ги ограбуваа институциите, обвинува ВМРО-ДПМНЕ.
Од слоганот на СДС „Нема правда нема мир“, но и од правдата на која се надеваа дел во учесниците во Шарената револуција, денес правосудството е на дното, а довербата на граѓаните во судството и обвинителството блиску до нула, велат од ВМРО-ДПМНЕ.