1 (7) ■ вести > македонија ■ 29-Mar 13:30 -> 29-Mar 14:37
.
.
.
.

Промена во Законот за јавен ред и мир: Поголема контрола на огномети и пиротехнички средства

  • Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ по скратена постапка го менува Законот за јавен ред и мир, за реулирање на употребата на пиротехнички средства во затворен простор

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ најави измени на Законот за јавен ред и мир со цел да се воведе поголем ред и безбедност во употребата на пиротехнички средства, особено во затворен простор.

Изминатава недела бевме посветени на изнаоѓање решенија кои во иднина нема да дозволат да ни се случат нови трагедии или хаварии.

6 (51) ■ вести > свет ■ 28-Mar 09:34 -> 29-Mar 14:30
.
.
.
.

Земјотресот во Мјанмар ослободи енергија еднаква на 334 атомски бомби

  • Бројот на жртвите во земјотресот во Мјанмар се искачи над илјада

  • Бројот на загинати од земјотресот во Мјанмар се искачи на повеќе од 1 000, продолжува потрагата по преживеани

  • Најмалку еден загинат, еден исчезнат и 50 повредени во уривање на зграда во Бангкок по земјотресот

Земјотресот со интензитет од 7,7 степени според Рихтеровата скала што вчера го погоди Мјанмар ослободи енергија еднаква на 334 атомски бомби – изјави геологот Џес Феникс за „Си-ен-ен“.

Бројот на загинати во Мјанмар по вчерашниот голем земјотрес со интензитет од 7,7 степени по Рихтеровата скала се искачи на 1.002, додека 2376 се повредени, а 30 се водат како исчезнати, објавија денеска државните медиуми.

Американскиот геолошки институт предвидува дека бројот на загинати во Мјанмар би можел да надмине 10 000, додека економската штета би можела да го надмине годишниот БДП на земјата Бројот на жртвите од земјотресот што го погоди Мјанмар достигна повеќе од 1 000, додека спасувачите пребаруваат преживеани низ урнатините, пишува „Гардијан“.

Службите за итни случаи претходно соопштија дека 50 лица се наоѓале во зградата што се урна во паркот Чатучак по земјотресот што го погоди Мјанмар, Тајланд, а бил почувствуван и во југозападна Кина.

11 (52) ■ вести > македонија > политика ■ 27-Mar 13:57 -> 29-Mar 13:29
.
.
.
.

СДСМ: Еколошка катастрофа и труење на реките, храната под ризик

  • МЖСПП: 200 илјади евра казна за БУЛМАК поради истекување технолошка вода

  • Митовски: По хаваријата во „Тораница“ 10 пати зголемена концентрација на олово во Крива Река, бараме кривична одговорност

  • Дали Државниот инспекторат за животна средина прикривал информации за еколошкиот инцидент во Крива Река, прашуваат од СДСМ

Излевањето на тешки метали од рудникот Тораница во Крива Река може да биде една од најголемите еколошки катастрофи во поновата историја, предупредува опозициската СДСМ.

БУЛМАК 2016 ДООЕЛ Пробиштип подружница Рудник Тораница, Крива Паланка е казнет со 200 илјади евра за инцидент во кој пукнала цевка преку која се доведува технолошката вода од таложникот за јамски води до погонот флотација.

Извештајот од испитаните примероци на водата во Крива Река земени еден ден по хаваријата во рудникот „Тораница“ покажува дека концентрацијата на олово е зголемена за десет пати повеќе од дозволеното, а за неколку стотици пати на цијанид, фосфор и азот, информираше денеска градоначалникот на Крива Паланка Сашко Митовски.

Постојат сериозни сомнежи дека државните институции свесно прикривале информации и намерно ја дезинформирале јавноста во врска со еколошкиот инцидент на 14 март во Крива Река, во која, според извештајот од испитаните примероци еден ден по хаваријата во рудникот „Тораница“ за десет пати повеќе од дозволеното е зголемена концентрацијата на олово, а за неколку стотици пати на цијанид, фосфор и азот.

13 (10) ■ вести > свет ■ 29-Mar 07:55 -> 29-Mar 14:06
.
.
.
.

Дефинитивно крај за УСАИД: „Готово е, благодарение на претседателот Трамп“

  • Рубио го потврди де факто распуштањето на УСАИД

Стејт департментот денеска официјално го извести Конгресот на САД дека ја распушта Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) и дека ќе преземе дел од функциите на УСАИД, јавува Си-Ен-Ен. Реорганизацијата на УСАИД ќе биде завршена до 1 јули, објави Стејт департментот, со што ќе се запечати судбината на агенцијата која се бореше против сиромаштијата и е позната ширум светот.

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп синоќа го потврди де факто распуштањето на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) како дел од драстичното намалување на американската странска помош, одлука која е критикувана во многу земји и од голем број хуманитарни организации.

Повеќе од
оваа категорија

8 (40) ■ спорт > фудбал ■ 27-Mar 08:40 -> 29-Mar 14:31
.
.
.
.

Големо изненадување во Мајами – Ѓоковиќ доби неочекуван ривал во финалето!

  • 🎥 МЕСИ ГО ПОСВЕДОЧИ ТРИУМФОТ НА НОЛЕ Ѓоковиќ е на чекор до 100. трофеј во фантастичната кариера

  • Ѓоковиќ воодушевен од Меси: Мило ми е што ме гледаше во живо

  • Ѓоковиќ одушевен од присуството на Меси: Првпат играм пред него!

Откако Новак Ѓоковиќ убедливо го елиминира Григор Димитров и влезе во финалето на Мастерсот во Мајами, во текот на ноќта се одигра и второто полуфинале во Флорида.

Најдобриот фудбалер на светот Лео Меси не пропушти во неговиот град да го гледа најуспешниот тенисер на сите времиња.

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласира во финалето на турнирот во Мајами, откако во два сета го победи бугарскиот тенисер Григор Димитров со 6:2, 6:3. Ѓоковиќ во финалето ќе се обиде да ја освои својата 100. титула.

за првпат го гледаше во живо еден од најдобрите тенисери на сите времиња Новак Ѓоковиќ.

Повеќе од
оваа категорија

Tweets Македонија

2h

6h

24h

2h

6h

24h