Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) мора најитно да си поднесе оставка, затоа што на овој начин сè уште ја инфицира институцијата.
Ова фрла дамка на институцијата и се надевам дека останатите членови на ДКСК, кои не се никако засегнати од овој случај, ќе успеат да излезат од таквата ситуација, изјави денеска министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски коментирајќи ги случувањата во Антикорупциската комисија откако Обвинителството завчера ја осомничи претседателката на Комисијата, Татјана Димитровска, за оддавање службени тајни во случајот „Адитив“ и ѝ забрани контакт со предмети на ДКСК.
Власта ветува дека нема да ја искористи истрагата на обвинителството против се уште актуелната претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата Татјана Димитровска, за да ја блокира работата на оваа институција која е задолжена за контрола токму на работењето на државните функционери.
Димитровска итно да си поднесе оставка од чело на Антикорупциска бидејќи ја инфицира институцијата, и порача нејзината претходничка Билјана Ивановска.