Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во врска со податокот за туризмот во Македонија, соопштен од Државниот завод за статистика, изјави: „Па јас сум исклучително задоволен, бидејќи тоа е исклучително голем и квалитетен податок посебно значаен за услужната и угостителска дејност.
Премиерот Христијан Мицкоски е задоволен од резултатите во туризмот во првиот квартал и очекува бројката на странски гости да расте и во вториот.