Пристапувањето кон ЕУ е клучен двигател за спроведување на најважните реформи, па затоа е важно Македонија да продолжи да напредува во пристапниот процес, пред се, со спроведување на уставните измени, изјави вечерва еврокомесарката за проширување Марта Кос во обраќањето пред Европскиот парламент во текот на дебата за Извештајот на австрискиот европратеник Томас Вајц за земјава за 2023 и 2024 година. Republika
Единствен начин за тоа е да се усвојат уставните амандмани, рече Кос.
Таа потсети дека земјава до Европската комисија веќе доставила ажурирани патокази за владеењето на правото и за реформа на јавната администрација, дека продолжува да работи на акцискиот план за заштита на малцинствата, како и дека зазела проактивен пристап во однос на Планот за раст на Западниот Балкан, со што беше првата држава од регионот на која и беше исплатено претфинансирање во рамките на Реформската агенда. A1on
Ние продолжуваме да ја поддржуваме Северна Македонија на нејзиниот пат кон Европската Унија, истакна Кос.
Таа нагласи дека со овој Извештај ЕУ дава јасна порака за поддршка на европскиот пат на земјата, но ги наведува и условите кои се потребни за таа да се придвижи напред. Press24
Исто така, во неколку наврати, потсетив на потребните чекори што треба да се преземат за да се отворат пристапните преговорите за кластерот „Основани вредности“.
Единствен начин за тоа е да се усвојат уставните амандмани, рече Кос. A1on