1 (7) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 05-Nov 14:56 -> 05-Nov 15:36
.
.
.
.

Двајца тешко повредени во сообраќајка на обиколницата за Тетово

  • Две лица се повредени откако со „сеат“ излетале од автопатот Гостивар-Тетово

Возач и сопатничка се повредени во сообраќајна незгода што се случи денеска околу 14 часот на обиколницата за Тетово.

Денеска во 14.05 часот во полициска станица во Тетово била пријвена сообраќајна несреќа на автопатот Гостивар-Тетово, во близина на надвозникот за тетовска Брвеница.

3 (6) ■ вести > македонија ■ 05-Nov 15:08 -> 05-Nov 15:28
.
.
.
.

Град Скопје апелира до Трајко Славевски да ја стави иницијативата на приватните превозници на разгледување пред советниците

  • Град Скопје: Приватните превозници редуцирано сообраќаат поради револт

Град Скопје во денешното соопштение до медиумите апелира до претседателот на Советот Трајко Славевски веднаш да ја стави иницијативата за барањето на приватните превозници за разгледување пред советниците со цел деблокирање на овој сегмент од јавниот превоз во главниот град.

По вчерашната прес-конференција на приватните превозници евидентно е дека непринципиелната политика, личните интереси и партиските приоритети сѐ уште се тактика на мнозинството во Советот на Град Скопје предводено од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ за која цената ја плаќаат граѓаните на градот Скопје, соопштија од Град Скопје.

6 (32) ■ вести > балкан > регион ■ 04-Nov 18:23 -> 05-Nov 12:31
.
.
.
.

Горан Весиќ и официјално ја поднесе оставката во српката Влада

  • По трагедијата: Горан Весиќ најави оставка од функцијата министер за градежништво на Србија

  • По несреќата во Нови Сад, падна првата оставка

  • Српскиот премиер ќе ја прифати оставката на министерот за градежништво Горан Весиќ

Српскиот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура, Горан Весиќ, денеска поднесе оставка од функцијата поради несреќата на Железничката станица во Нови Сад во која загинаа 14 лица, пренесе Бета.

Министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура, Горан Весиќ, најави дека утре ќе поднесе оставка по трагичниот инцидент на Железничката станица во Нови Сад, во кој загинаа 14 лица, а тројца беа тешко повредени.

Српскиот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура Горан Весиќ најави дека утре ќе поднесе оставка, по несреќата на Железничката станица во Нови Сад кога загинаа 14 лица, а тројца се тешко повредени, јави РТС.

Српскиот премиер Милош Вучевиќ денеска изјави дека ќе ја прифати оставката на министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура, Горан Весиќ . Српскиот премиер Милош Вучевиќ денеска изјави дека ќе ја прифати оставката на министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура, Горан Весиќ и додаде дека не се сомнева оти министерот не е субјективно виновен за тоа што се случи во Нови Сад.

13 (93) ■ вести > свет > политика ■ 03-Nov 05:44 -> 05-Nov 14:48
.
.
.
.

Харис ќе го поддржи Западен Балкан во интеграциите, Трамп вети засилена безбедност во регионот

  • Шефот на НАТО: Ќе останеме обединети кој и да победи на изборите во САД

  • Нова анкета: Камала Харис го престигна Трамп во Ајова

  • Трамп: Не требаше да ја напуштам Белата куќа

Потпретседателката на САД и демократска претседателска кандидатка Камала Харис изјави дека доколку биде избрана за претседател ќе ги поддржи земјите од Западен Балкан во борбата против корупцијата и продолжувањето на евроатлантските интеграции, додека поранешниот американски претседател и Републиканскиот кандидат Доналд Трамп вети економска соработка и зајакнување на безбедноста во тој регион.

НАТО ќе остане обединет без разлика кој ќе победи на изборите во САД, изјави во Берлин генералниот секретар на алијансата Марк Руте, додека сојузниците на Вашингтон нервозно го очекуваат исходот од гласањето.

Демократскиот претседателски кандидат на САД, Камала Харис, го надмина републиканецот Доналд Трамп во Ајова, при што жените гласачи веројатно се одговорни за промената во државата која Трамп лесно ја доби во 2016 и 2020 година.

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп во неделата изјави дека жали што ја напуштил Белата куќа по поразот на претседателските избори во 2020 година, нешто што никогаш не го признал.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

122 (12) ■ бизнис > економија ■ 03-Nov 12:33 -> 04-Nov 07:48
.
.
.
.

Почна доделувањето ваучери за инвертер клима-уреди од повикот објавен во февруари годинава

  • Министерството за енергетика започнува со доделување 6000 ваучери за инвертер клима-уреди во рамките на програмата за енергетска ефикасност

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини информира дека е почнато доделувањето ваучери за купување и вградување високоефикасни инвертер клима-уреди, наменети за домаќинствата кои ги исполнуваат критериумите на јавниот повик, објавен на веб-страницата на Министерството за економија на 1 февруари 2024.

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини информира дека започна процесот на доделување потврди-ваучери за купување и вградување на високоефикасни инвертер клима-уреди.

134 (6) ■ бизнис > економија ■ 04-Nov 08:53 -> 05-Nov 09:07
.
.
.
.

Нафтените деривати поевтинија од полноќ

  • Од полноќ: Се намалуваат цените на бензините, поевтинува и дизелот

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 од полноќ се намалија за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 28.10.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 75,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 77,50 ден/лит.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 28.10.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 75,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 77,50 ден/лит.