Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговото често повторувано тврдење од предизборната кампања, според кое војната во Украина би можел да ја заврши првиот ден од неговото враќање во Овалната соба, е шега.
Американскиот претседател Доналд Трамп во интервју за магазинот „Тајм“ објавено денеска изјави дека само тој може да донесе мир во Украина и најави економски раст заснован на агресивна трговска политика со високи царини.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера призна дека мировните преговори во Лондон биле обележани со „емоции“ и вети дека Украина ќе се држи до својот устав, алудирајќи на критиките на САД за неговиот став дека Киев никогаш не може да ја признае руската контрола на полуостровот Крим.
Но, за мир, привремен мир, можеби тоа може да биде решение, привремено“, вели Кичко во разговор за Би-би-си Украина можеби ќе мора да се откаже од делови од својата територија како услов за евентуален мировен договор со Русија, вели градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко во разговор за Би-би-си. Според него, станува збор за едно од можните сценарија за кое притиска американскиот претседател Доналд Трамп во неговиот предлог за постигнување мировно решение, а што вклучува територијални отстапки од Украина.