На патот Кичево-Гостивар, меѓу Кичево и село Трапчин Дол вечерва се случила тешка сообраќајна несреќа во која, според информациите од портпаролот на СВР Охрид, загинале три лица.
Поради сообраќајна незгода на магистралниот пат А2, Делница Кичево – Гостивар, во близина на „Сеферов Бунар“ меѓу Кичево и с. Трапчин Дол, сообраќајот е целосно во прекин во двата правци за сите видови возила.