Најмногу затвореници „пер капита“ има Турција – 356 на 100.000 жители, пред Азербејџан со 264, Грузија со 261, Молдавија со 235, Полска со 202, Унгарија со 195, Албанија до 192, Чешка со 180, Словачка со 179 и Србија со 177 затвореници на 100.000 жители.
Извештајот бележи и дека во периодот од 31 јануари 2023 до 31 јануари 2024 година просечната стапка на затворска популација во Европа се намалила од 116,2 на 115,1 затвореници на 100.000 жители. A1on
Над една третина (33,6 отсто) од вкупниот број затвореници во Европа се осудени за насилни кривични дела, како убиства, сексуални прекршоци и напади, 16,7 проценти за престапи поврзани со дрога, 12,3 за кражби, 2,9 за сообраќајни прекршоци и 2,4 отсто за економски или финансиски криминал.
Според раководител на истражувачкиот тим на СПАЦЕ, професорот на Универзитетот во Лозана, Марсело Аби, пренатрупаноста сериозно ги поткопува условите за живот на затворската популација и напорите за рехабилитација на затворските администрации. A1on