1 (4) ■ вести > македонија ■ 24-Jan 07:00 -> 24-Jan 07:24
.
.

Сончево со умерена облачност, по котлините магливо и постудено

  • Сончево време со умерена облачност

Времето денеска по котлините во поголем дел од денот ќе биде магливо и постудено.

По котлините во поголем дел од денот ќе биде магливо и постудено.

2 (46) ■ вести > македонија > политика ■ 22-Jan 12:02 -> 23-Jan 22:35
.
.
.
.

СДСМ: Нема пари за плати, нема лекови а власта запнала авион за функционери да купува

  • Грчко МНР за изјавата на Мицкоски во Њу Џерси: Македонското прашање е решено дефинитивно и неотповикливо

  • СДСМ: Мицкоски немал официјална покана за инаугурацијата на Трамп, ниту бил дел од неа

  • СДСМ бараат од ДПМНЕ да каже кои се компаниите од САД кои Мицкоски ги убедил да инвестираат во Македонија

Во државата нема лекови, власта вели дека нема пари за плати за работниците, нема пари за поголема минимална плата а запнала авион за функционерите да купува со пари на граѓаните.

Во неговата изјава во Њу Џерси, САД, премиерот на Северна Македонија одбра да зборува за „нерешено“ и „постоечко“ македонско прашање.

Патувањето на премиерот Мицкоски во САД требаше да биде дипломатска мисија од висок ранг, но се претвори во евтина ПР фарса на сметкa на граѓаните која не им носи ништо ниту на нив ниту на државата.

Преку соопштение до јавноста, опозициската СДСМ бара од ВМРО – ДПМНЕ да каже кои се компаниите од САД кои Мицкоски ги убедил да инвестираат во Македонија.

3 (15) ■ вести > македонија > политика ■ 23-Jan 13:45 -> 23-Jan 22:29
.
.
.
.

Димитриевски: Артан Груби можеби е заедно со Груевски, а дека преговараат кажав пред 1,5 година

  • Димитриевски: Усвојувањето на Платформата за национално единство потребно за државата

Максим Димитриевски во „Клик Плус“ на ТВ21 вели „дека неговата реакција пред година, година и половина дека Груби преговарал со Груевски сега се потврдува“.

Лидерот на ЗНАМ Максим Димитриевски денеска изјави дека усвојувањето на Платформата за национално единство и е потребно на државава Лидерот на ЗНАМ Максим Димитриевски денеска изјави дека усвојувањето на Платформата за национално единство и е потребно на државава и оти има разговарано со претставници на политички партии за нејзино усвојување, но оти прецизни разговори би се случиле на ниво на делегации на партиите.

4 (24) ■ вести > македонија ■ 23-Jan 10:16 -> 23-Jan 15:39
.
.
.
.

Апостолски: Настаните на 27 април се тешко дело против државата, го повикуваме јавниот обвинител вистински да истражи кои се организаторите

  • Амнестирани обвинетите во случајот „Организатори на 27 април“

  • Падна предметот за ,,Организаторите на 27 април”, уважена амнестијата на Јанакиески, Вељановски, Ристески и Атанасовски

Настаните на 27 април се навистина тешко дело против државата, но и тогаш, и сега, го повикуваме јавниот обвинител, вистински да истражи кои се организаторите, порача одбраната на обвинетите за случајот „Организатори за 27 април“, откако Основниот Кривичен суд Скопје денеска го уважи барањето за амнестија на обвинетите ексминистрите Миле Јанакиески и Спиро Ристески, поранешниот собраниски спикер Трајко Вељановски и поранешниот директор на УБК, обвинетиот Владимир Атанасовски.

Кривичниот суд го прифати барањето за амнестија на Трајко Вељановски, Миле Јанакиески, Спиро Ристовски и Владимир Атанасовски кои беа обвинети дека ги организирале настаните во Собранието на 27 април.

Падна предметот за ,,Организаторите на 27 април”, бидејќи денеска во Кривичниот суд е уважена амнестијата на обвинетите Миле Јанакиески, Трајко Вељаноски, Спиро Ристески и Владимир Атанасовски.

6 (11) ■ вести > македонија ■ 22-Jan 08:53 -> 23-Jan 23:41
.
.
.
.

Мицкоски за посетата на САД за време на инаугурацијата на Трамп: Порака за јакнење на врските, опозицијата не ја гледа суштината

  • Мицкоски: Во САД испративме порака дека имаме намера да ги јакнеме врските меѓу двете земји, што ќе значи сигурна иднина за македонските граѓани

Во САД имавме навистина содржајни средби што траеја повеќе од час и половина, каде можевме да ги претставиме нашите приоритети како Влада, кои се потенцијалите на државата, но истовремено и предизвиците со кои се соочувавме во минатото и со кои ќе се соочуваме во иднина.

Во САД имавме навистина содржајни средби што траеја повеќе од час и половина, каде можевме во тој период да ги претставиме нашите приоритети како Влада, кои се потенцијалите на државата, но истовремено и предизвиците со кои се соочувавме во минатото и со кои ќе се соочуваме во иднина.

9 (11) ■ вести > свет ■ 23-Jan 17:55 -> 24-Jan 06:36
.
.
.
.

„ЈА САКАМ ЕВРОПА, НО ТАА Е НЕПРАВЕДНА, КАНАДА МОЖЕ ДА СТАНЕ АМЕРИКАНСКА ДРЖАВА“ Еве што сè им порача Трамп на лидерите во Давос

  • Порака на Трамп до светските лидери во Давос: Направете ги вашите производи во Америка или плаќајте царини

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска на Светскиот економски форум во Давос им рече на собраните деловни и политички лидери дека работи на ограничувањето на инфлацијата и на илегалната имиграција и дека го зголемува производството на фосилни горива во Соединетите Американски Држави.

Американскиот претседател Доналд Трамп, во неговиот прв поголем јавен настап откако влезе во Белата куќа, попладнево преку видео линк од САД, им порача на светските бизнис лидери во Давос нивните продукти да ги произведуваат во САД или ќе се соочат со царини, јавија западните медиуми.

10 (12) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 23-Jan 15:45 -> 23-Jan 20:17
.
.
.
.

Полицајка на дисциплинска: Украла пушка од магацинот на работа

  • Автоматска пушка недостасувала од магацин во Карпош, осомничена полициска службеничка

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, поднел кривична пријава против А.Д. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,несовесно работење во службата“ по член 353-в став 4 од Кривичниот законик.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција - Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, поднел кривична пријава против А.Д. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,несовесно работење во службата“ по член 353-в став 4 од Кривичниот законик.

Повеќе од
оваа категорија

55 (6) ■ спорт ■ 23-Jan 11:40 -> 23-Jan 15:38
.
.
.
.

Австралија опен: Сабаленка третпат по ред во финале

  • Сабаленка прва финалистка на Австралија Опен

Двократната бранителка на титулата на Австралија опен, светската тенисерка број еден, Белорусинката Арина Сабаленка, се пласираше во финалето на првиот грен-слем турнир во сезоната во четвртокот, победувајќи ја Шпанката Пола Бадоса со 6-4, 6-2. Првата носителка Сабаленка, на која ѝ беа потребни еден час и 27 минути за да стигне до своето трето последователно финале на Австралија опен, го чека победникот од вториот полуфинален меч меѓу втората носителка Ига Швјонтек од Полска и Американката Медисон Киз.

Светскиот рекет број еден Арина Сабаленка претпладнево ја победи Шпанката Паула Бадоса во полуфиналето на Австралија Опен со резултат 6:4 и 6:2. Мечот траеше 1 час и 27 минути.

Повеќе од
оваа категорија

187 (4) ■ бизнис > економија ■ 22-Jan 11:42 -> 23-Jan 10:26
.
.
.
.

Се наближува рокот за поднесување на барања за признавање на расход во даночниот биланс за 2024

  • ТЕЧАТ РОКОВИТЕ ЗА БАРАЊА ЗА ПРИЗНАВАЊЕ НА РАСХОД ВО ДАНОЧЕН БИЛАНС Последен ден е 31 јануари

Даночни обврзници на данокот на добивка и вршители на дејност кои водите деловни книги, доколку во текот на 2024 година имате средства кои понатаму не можат да се користат, односно се трајно надвор од употреба, а кои имаат нето сметководствена вредност, најдоцна до 31 јануари 2025 година до УЈП поднесете: Барање согласност за признавање на расход во даночен биланс за данок на добивка (образец “ДД-БС”) eлектронски преку преку https://etax-fl.ujp.gov.mk/ Барање согласност за признавање на расход од работењето на даночниот обврзник во даночен биланс за данок на доход (образец “ДЛД-БС”) електронски преку https://e-ujp.ujp.gov.mk Под средства што се трајно надвор од употреба се сметаат: средствата што се уништени или оштетени поради виша сила како и од други непредвидливи настани, физичка дотраеност или техничка застареност; средствата што повеќе од една година непрекинато не ги користите, а нивното ставање надвор од употреба не е поради поправка или доградба; средствата што се во фаза на набавка, а чија набавка, со одлука или со друг акт е откажана или три години едноподруго не се вложуваат средства за довршување на таа набавка, и средствата што во последните пет години непрекинато ги користите помалку од 30% од нивниот програмиран капацитет.

Управата за јавни приходи информира дека 31 јануари е рокот за поднесување барања за признавање расходи во даночен биланс за данок на добивка и за данок на доход.