Наместо да се бара рефундација, антикоагулансот „клексан“ ќе може да се подигне на рецепт во аптеките, најави директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски на денешната заедничка прес-конференција со директорот на Управата за извршување санкции Александар Пандов.
Фондот за здравствено осигурување планира да направи измени во правилниците во однос на позитивната листа, со кои меѓудругите, антикоагулансот „Kлексан“ ќе може да се подигне на рецепт во аптеките, наместо да се прави рефундација.