1 (13) ■ вести > свет ■ 25-Sep 14:20 -> 27-Sep 08:54
.
.
.
.

(ФОТО+ВИДЕО) Еден од најголемите урагани на овој век помина низ Флорида, најмалку три лица загинаа

  • Бурата „Хелена“ се засили до ураган, вонредна состојба во Флорида и Џорџија

Најмалку три лица загинаа во невремето кога ураганот Хелен ги погоди САД, најсилниот ураган што досега ја погодил областа Биг Бенд на Флорида.

Тропската бура Хелена денеска се интензивира до ниво на ураган, а метеоролозите предупредија дека бурата ќе се засили кога ќе го премине Мексиканскиот залив и се придвижи кон американската сојузна држава Флорида.

2 (65) ■ вести > македонија > политика ■ 25-Sep 11:04 -> 27-Sep 08:59
.
.
.
.

Меѓувладина седница и тет-а-тет средба на Мицкоски и Орбан

  • Орбан пристигнува во дводневна официјална посета на земјава

  • Унгарскиот премиер пристигна во Охрид, во владината делегација околу 10 министри

  • Засилено полициско обезбедување во Охрид за посетата на унгарскиот премиер

Заедничка меѓувладина седница на Северна Македонија и Унгарија ќе се одржи денеска во Охрид откако претходно премиерите на двете држави Христијан Мицкоски и Виктор Орбан ќе одржат тет-а-тет средба.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан заедно со делегација од унгарската Влада, денеска и утре ќе престојува во дводневна официјална посета на земјава.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан попладнево пристигна во Охрид каде утре ќе има тет-а-тет средба со македонскиот премиер Христијан Мицкоски.

Во Охрид се преземени сите неопходни мерки за безбедно и непречено движење на владините делегации предводени од премиерите на Северна Македонија и Унгарија.

4 (96) ■ вести > свет ■ 25-Sep 07:30 -> 27-Sep 08:45
.
.
.
.

Кабинетот на Нетанјаху: Израел се бори „со полна сила“, не одговори на повикот за примирје

  • Дали е неизбежна тотална војна меѓу Израел и Хезболах?

  • Израел и Либан во следните неколку часа се очекува да потпишат примирје, Хезболах не учествува

  • Нетанјаху: Израел ќе користи сила против Хезболах додека не се вратат жителите на север

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ѝ порача на армијата да продолжи да се бори „со полна сила“ и не одговори на вчерашниот повик за прекин на огнот, соопштија од неговата канцеларија во четвртокот, објави BBC откако медиумите претходно напишаа дека тој наводно дал зелено светло за примирје со либанското шиитско движење Хезболах.

Немилосрдната размена на оган меѓу Израел и либански Хезболах во последните денови ги поттикна стравувањата дека долгогодишните непријатели незапирливо се движат кон сеопфатна војна, и покрај меѓународните повици за воздржаност.

САД, Франција и другите сојузници повикаа на итен прекин на огнот од 21 ден за да се овозможи преговори во конфликтот меѓу Израел и Хезболах.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека неговата земја ќе користи сила против Хезболах во Либан додека жителите на северен Израел не се вратат дома.

6 (37) ■ вести > македонија > политика ■ 26-Sep 12:51 -> 27-Sep 08:47
.
.
.
.

Филипче: Светска Банка понудила поповолен кредит од унгарскиот

  • Филипче: Раздвојувањето на Албанија и Cеверна Македонија е тежок пораз на политиките на Владата

  • Ги исцпривме сите механизми за свикување на Комисијата за Законот за бранителите, сега ќе видиме што ќе се случи, вели Филипче

  • ФИЛИПЧЕ: Државата не е приватна своина на Мицкоски и нема право да ја блокира иднината на граѓаните

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервјуто за емисијата „Само интервју“ на Канал 5 вечерва презентираше документ според кој претходната влада веќе преговарала за заем од Светска банка по многу поповолни услови.

Лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче денеска истакна дека раздвојувањето на Албанија и Македонија на патот кон Европската Унија е тежок пораз на политиките на Владата.

Засега ги исцрпуваме сите механизми кои ги нуди деловникот во Собранието, за да законот за бранителите стигне на расправа на соодветната Комисија.

Државата не е приватна своина на Мицкоски и нема право да ја блокира иднината на граѓаните, порача претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, во вечерашната емисија „Само интервју“, на телевизија Вели дека условите што треба да се исполнат за членството во ЕУ се јасни, прецизни и во ниту еден момент не ги загрозуваат националните интереси и идентитетот на државата.

7 (44) ■ вести > свет ■ 25-Sep 06:30 -> 27-Sep 08:52
.
.
.
.

Бајден најави воена помош од 8 милијарди долари за Украина

  • Малку е веројатно дека Трамп ќе се сретне со Зеленски за време на неговата посета на САД

  • (Видео) Зеленски одржа говор во Советот за безбедност на ОН, но сите гледаа што прави рускиот амбасадор

  • Трамп повторно со критика до Зеленски затоа што не постигна договор за завршување на војната во Украина

Американскиот претседател Џо Бајден најави повеќе од 8 милијарди долари воена помош за Украина за да му помогне на Киев да се одбрани од руските напади.

Зеленски ќе има билатерални средби со американскиот претседател Џозеф Бајден и со американската потпретседателка и демократски кандидат Камала Харис, објави Политико.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера се обрати пред Советот за безбедност на Обединетите нации, но однесувањето на рускиот амбасадор за време на говорот на украинскиот лидер ги привлече сите погледи.

Републиканскиот претседателски кандидат и поранешен американски претседател, Доналд Трамп, повторно го нападна украинскиот претседател, Володимир Зеленски, затоа што не преговара со Русија за завршување на војната во Украина, тврдејќи дека дури и „најлошиот договор“ би бил подобар од сегашното ниво на смрт и уништување.

9 (20) ■ вести > македонија > политика ■ 26-Sep 13:01 -> 27-Sep 08:25
.
.
.
.

Ѓорѓиевски: Добро е да постои механизам за предвремено отповикување на градоначалник, би го прифатил предизвикот за градоначалник на Скопје

  • „Во минатото парите се делеа на општините по симпатија, сега ќе им се делат по формула“, рече Ѓорѓиевски

  • Ѓорѓиевски: Некои поединечни раководни лица немаат менаџерски капацитети

Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски во дебата на ТВ21 изјави дека во ЗЕЛС се составува тим од градоначалници и правници, кои ќе изготват предлог законски измени и ќе ги достават до Министерството за локална самоуправа кои би го предложиле до законодавниот дом, со цел да се создаде механизам за отповикување на градоначалник кој не е во функција на граѓаните.

Претседателот на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски, во „Клик Плус“ на ТВ21 вечерва зборуваше за унгарскиот заем, кој ќе биде поделен на општините за реализација на проекти.

Децениски проблеми во општините ќе се решат со помош на парите кои Владата ќе ги распредели до локалните самоуправи по разгледување на пароектите кои стигнаа до неколку министерства, смета градоначалникот на Кислеа Вода и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски.

10 (35) ■ вести > македонија > политика ■ 25-Sep 07:00 -> 26-Sep 21:53
.
.
.
.

Сиљановска Давкова: Од нашите европски и стратешки партнери очекуваме разбирање и праведно деблокирање на процесот на преговори со ЕУ (ДПЛ)

  • Сиљановска Давкова: Договор за пријателство со Бугарија нема одредба за менување на Уставот

  • Сиљановска Давкова со претставници на земјите од Западен Балкан на работен ручек со еврокомесарот Жозеп Борел

  • Претседателката Сиљановска Давкова ќе се обрати на 79. Генерално собрание на ОН

Од нашите европски и стратешки партнери очекуваме разбирање и праведно деблокирање на процесот на преговори за членство во Европската Унија, отфрлање на двојните стандарди и почитување на сопствените принципи и вредности, вградени во основните уставни документи, потенцира денеска во својот говор претседателката Гордана Сиљановска Давкова пред членовите на Генералното собрание на ОН. Проширувањето, според Сиљановска Давкова, мора да се врзе за меритократските Копенхагенски критериуми и да се ослободи од ветоизацијата врзана за обидот за ревизија на историјата и непочитување на националниот и културниот идентитет.

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова во интервју за државната МИА вели дека не би можела точно да одговори дали може да дојде до реализација на „францускиот предлог плус“ и ставот на Владата кој неодамна беше презентиран во Брисел.

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, која ја предводи македонската делегација на 79. Генерално собрание на ОН, денеска се очекува да присуствува на работниот ручек со претставникот на Европската унија за надворешна и безбедносна политика – Жозеп Борел и со шефовите на делегациите на земјите од Западниот Балкан.

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова вечер ќе се обрати на 79. сесија на Генералното собрание на ОН во Њујорк што се одржува на тема „Не оставајќи никого зад себе: дејствувајќи заедно за унапредување на мирот, одржливиот развој и човечкото достоинство за сегашните и идните генерации“.

11 (28) ■ вести > македонија > политика ■ 25-Sep 13:35 -> 26-Sep 17:39
.
.
.
.

Гаши: Комисијата за социјална политика треба да одлучи за Законот за бранителите

  • Гаши: Одземена ми е можноста да свикам седница на Комисија која веќе е свикана, останува Комисијата за социјална политика да одлучи за Законот за бранителите

  • Гаши: Секое заостанување на патот кон ЕУ не е добро, се залагам за консензус во Собранието, што побрзо да се договориме и да одиме напред

Претседателот на Собранието, Африм Гаши на денешниот брифинг со новинарите истакна дека му е одземена можноста да свика седница на собраниска Комисија за која веќе била свикана.

Претседателот на Собранието, Африм Гаши на денешниот брифинг со новинарите истакна дека му е одземена можноста да свика седница на собраниска Комисија за која веќе била свикана.

Собранискиот спикер не сакаше да ја коментира информацијата дека Европската Унија ќе ги продолжи преговорите со Албанија и дека таа ќе се одвои од С Македонија.

13 (20) ■ вести > македонија > политика ■ 26-Sep 11:05 -> 26-Sep 14:14
.
.
.
.

Скопје да одлучи – или Бугари во Устав или затворање на патот кон ЕУ

  • Борисов и Петков: Скопје треба да одлучи – внесување на Бугарите во Уставот или затворање на европскиот пат

  • Борисов: Албанија оди напред, го прифати бугарското малцинство - никој не може да отстапи од Договорот за добрососедство

Поранешните премиери на Бугарија, Бојко Борисов и Кирил Петков, денеска изјавија дека Договорот за доброседство мора да се почитува и ги повикаа властите во Македонија да одлучат дали ќе ги внесат Бугарите во Уставот или нејзиниот пат кон ЕУ ќе остане затворен.

Поранешните премиери на Бугарија, Бојко Борисов и Кирил Петков, денеска изјавија дека Договорот за доброседство мора да се почитува и ги повикаа властите во Северна Македонија да одлучат дали ќе ги внесат Бугарите во Уставот или нејзиниот пат кон ЕУ ќе остане затворен.

Бугарија и Република Северна Македонија потпишаа Договор за добрососедство, кој е вклучен во планот за проширување и никој не може да отстапи од него, изјавил претседателот на тамошната собраниска комисија и поранешен бугарски премиер Бојко Борисов, коментирајќи ја одлуката на постојаните претставници во Европската унија (ЕУ), донесена на состанокот на 25 септември, за одвојување на Албанија од Македонија на патот кон членство во ЕУ. Лидерот на ГЕРБ ја советувал Бугарија да биде умерена во ова прашање и без чувство на одмазда.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

216 (5) ■ бизнис > економија ■ 25-Sep 09:00 -> 25-Sep 10:31
.
.
.
.

Повторно побаравме помош од Србија: Македонски железници изнајми четири локомотиви од „Србија Карго“

  • Македонски железници почнаа да возат за Србија Карго, изнајмени четири локомотиви

Акционерското друштво за железнички транспорт на стоки „Србија Карго“ и Железниците на Република Северна Македонија – Транспорт потпишаа Договор за привремен закуп на четири електрични локомотиви од серијата 461, со што се воспостави стратешка соработка меѓу двете државните железници од областа на железничкиот транспорт на стоки, објави „Србија Карго“.

Акционерското друштво за железнички транспорт на стоки Србија Карго вчера соопшти дека склучило договор со Железницата на Македонија - Транспорт АД Скопје, на која ќе и изнајми четири електрични локомотиви од серијата 461, со што е воспоставена стратешка соработка на две државни железнички компании во областа на железничкиот транспорт на стоки, јави дописникот на МИА од Белград.