Пари за новите стотина автобуси во Буџетот за следната година нема, зашто ратите за нивната набавка ќе почнат да се исплаќаат од февруари-март 2028 година, изјави денеска од собраниската говорница премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на прашање на пратеничката од СДСМ, Сања Лукаревска, зошто во буџетските средства за идната година не се предвидени пари за набавката на автобуси која тој ја најави.
Парите за набавката на новите електрични автобуси ги нема во буџетот се до почетокот на исплатата на првата рата која е предвидена да биде во 2028 година, одговори премиерот Христијан Мицкоски на прашање од пратеничката Сања Лукаревска до каде е набавката за електрични автобуси.