1 (6) ■ вести > свет ■ 07-Mar 14:30 -> 09-Mar 12:30
.
.
.
.

Утре штрајк на вработените на аеродромите во Германија, аеродромот во Хамбург веќе е затворен

  • Германските аеродроми најавија штрајк: Синдикатите бараат зголемување на платите за 350 евра

Аеродромот во Хамбург денеска е затворен поради штрајк, а вработените на речиси сите аеродроми, вклучувајќи ги и главните центри на Германија во Франкфурт, Минхен и Берлин, утре ќе прекинат со работа на повик на синдикатот Верди.

Германскиот синдикат на вработените во услужниот сектор, Верди, повика на еднодневен штрајк в понеделник на сите поголеми германски аеродроми, вклучувајќи ги и клучните центрите како Франкфурт и Минхен.

14 (29) ■ вести > македонија > политика ■ 08-Mar 13:24 -> 08-Mar 16:36
.
.
.
.

Мицкоски за субвенциите: Буџетот е како никогаш досега, долговите од минатото се вратени, тековни се исплатите

  • Мицкоски за паркингот на Клиника: Ако јавноста вели не сакаме, нема да го потпишеме договорот

  • Мицкоски: Не би се изненадил доколку растот во првиот квартал од годинава е помеѓу 4 и 4,5 отсто

Во последниве недела-две се ислатени околу 240 милиони денари субвенции за оние што се занимаваат со сточарство и пчеларство, истакна премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за критиките од опозицијата.

Одлука на Влада нема, договор не е потпишан, ако јавноста вели не сакаме, нема да го потпишеме, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски при посетата на Свети Николе за најавите дека албанска компанија ќе стопанисува со паркингот на Клиничкиот центар во Скопје.

Првите индикатори во првиот квартал од годинава укажуваат на консолидираност и не би се изненадил доколку растот биде помеѓу 4 и 4,5 отсто, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Повеќе од
оваа категорија

60 (4) ■ спорт > фудбал ■ 08-Mar 22:40 -> 08-Mar 22:47
.
.
.

Интер го „копираше“ градскиот ривал и победи против Монца иако губеше 2:0 (Видео)

  • Интер по „рецептот“ на Милан до три бода против Монца (ВИДЕО)

Фудбалерите на Интер во 28. коло од Серија А ја победија Монца со резултат 3:2 иако во 44. минута од натпреварот губеа со резултат 2:0. Неразурите стигнаа до победата на ист начин како нивниот градски ривал Милан, кој денес славеше против Лече со идентичен резултат иако губеше 2:0. Во 24. минута од натпреварот беше поништен голот за водство на Интер поради играње со рака на Лаутаро Мартинез, а осум минути подоцна гостите поведоа, а стрелец беше Самуеле Бириндели.

Фудбалерите на Интер во кој се играше претходно славеа победа со 3-2. Латуаро Мартинез прв ја погоди мрежата во 24. минута, но тој гол беше поништен поради играње со рака на Аргентинецот.

Повеќе од
оваа категорија

132 (7) ■ бизнис > македонија ■ 07-Mar 13:02 -> 07-Mar 19:45
.
.
.
.

Поевтинуваат горивата

  • Бензините поевтинуваат од два до 2,5 денари за литар

Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 од ноќеска на полноќ поевтинува за 2,5, а ЕУРОСУПЕР БС-98 за два денари за литар, додека цените на другите горива остануваат исти, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,15 отсто.

Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 од ноќеска на полноќ поевтинува за 2,5, а ЕУРОСУПЕР БС-98 за два денари за литар, додека цените на другите горива остануваат исти, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,15 отсто.

16 (5) ■ сцена > култура ■ 09-Mar 08:02 -> 09-Mar 10:52
.
.
.
.

Три романи влегоа во најтесниот избор за наградата „Роман на годината“

  • ▷ Три романи во најтесниот избор за наградата „Роман на годината“

„Простување“ од Кица Колбе, „Светот што го избрав“ од Калина Малеска и „И ѕирка и проѕирка“ од Огнена Никуљски се трите романи што влегоа во најтесниот избор за годинашната награда „Роман на годината“, што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“.

„Простување“ од Кица Колбе („Или-или“), „Светот што го избрав“ од Калина Малеска („Или-или“) и „И ѕирка и проѕирка“ („Антолог“) се трите романи што влегоа во најтесниот избор за годинашната награда „Роман на годината“, што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“.