1 (7) ■ вести > свет ■ 07-Apr 08:03 -> 07-Apr 22:21
.

Се огласи Белата куќа: Конференцијата меѓу Доналд Трамп и Бенјамин Нетанјаху е откажана

  • Средба Трамп-Нетанјаху во Белата куќа

Белата куќа ја откажа предвидената заедничка прес-конференција закажана за попладнево меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху беше примен во Белата куќа од американскиот претседател Доналд Трамп, со што стана првиот странски лидер што го посети Вашингтон по објавата на Трамп за нови царини кон повеќе земји.

2 (38) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 07-Apr 07:00 -> 07-Apr 19:54
.
.
.
.

Туфегџиќ: Обвинението е неосновано, исказот го покажа тоа

  • Ѓорчевски: Во моментот кога го одземале животот на Вања, го одземале и мојот живот

  • Таткото на Вања: Полицајци ме правеа ретардиран, ме убедуваа се регрутирала во ИСИС заминала за Шведска

  • Таткото на Вања: Во полицијата нѐ убедуваа дека се регрутирала за ИСИС и избегала во Шведска

Бранител на Александар Ѓорчевски, Владимир Туфегџиќ, изјави дека исказот на неговиот клиент е јасен и искрен, одразувајќи реално учество во настаните.

Александар Ѓорчевски, денеска во Основниот кривичен суд во Скопје рече дека нема апсолутно никаква инволвираност и дека ниту ги познава, ниту може да ги гледа обвинетите во случајот за убиствата на неговата ќерка Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски.

Денешното судење за убиствата на Вања и Панче продолжи со сведочеше на таткото на Вања.

Александар Ѓорчевски, таткото на убиената Вања Ѓорчевска, кој е еден од осомничените за случајот, денеска првпат сведочеше во Основниот кривичен суд во Скопје.

3 (25) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 07-Apr 13:20 -> 07-Apr 18:06
.
.
.
.

„КАКО ДА И ЗАПАЛАМ СВЕЌА И ДА И РЕЧАМ БИДИ ЗАДОВОЛНА? “: Сестрата на смртно прегазената Теодора Ристовска со солзи реагира на пресудата

  • Двегодишна казна за Менсур Пајазити, кој ја прегази 22-годишната Теодора Ристевска

  • Менсур Пајазити осуден на две години затвор за смртта на Теодора Ристовска во сообраќајна несреќа

Возачот кој смртно ја прегази 22-годишната Теодора Ристевска, доби две години казна затвор.

Судот во Тетово денеска донесе одлука по рочиштето за случајот каде 22 годишната девојка Теодора Ристевска беше прегазена во Тетово.

На повтореното судење за смртта на Теодора Ристовска во сообраќајна несреќа, денеска во Основен суд Тетово, обвинетиот Менсур Пајазити ја призна вината и по изведување на докази и завршни зборови, судијата Елведин Ферати го осуди на казна затвор од две години.

4 (30) ■ вести > македонија > политика ■ 07-Apr 11:04 -> 07-Apr 15:42
.
.
.
.

ВРЕДИ НИ ДАДЕ УЛТИМАТУМ, А НЕ ПОНУДА Таравари вели дека ќе останат пет пратеници и самостојна група

  • Нема реконструкција на Владата пред локалните избори, изјави Мицкоски

  • Таравари: Немаме понуда од „Влен“ да се споиме во една партија, ако тие сами одлучиле, нека го задржат името „Влен“

  • Меџити: Ставот во „Влен“ е на локалните избори да одиме со заеднички листи, имајќи ја предвид иницијативата за формирање на една политичка партија

Арбен Таравари кој го предводи едното крило на Алијанса на Албанците и е дел од коалицијата од албанскиот политички блок Вреди вели дека не добиле понуда од Вреди да се спојат во една партија.

Владата нема да се реконструира пред локалните избори, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање на заедничката прес-конференција со министерот за здравство Арбен Таравари и директорот на ФЗО Сашо Клековски.

Арбен Таравари кој го предводи едното крило на Алијанса на Албанците и е дел од коалицијата од албанскиот политички блок „Влен“ вели дека не добиле понуда од „Влен“ да се спојат во една партија.

Се водат разговори во рамки на Коалицијата „Влен“ за сите политички субјекти во рамки на Коалицијата да се претворат и втопат во Влен како политичка партија која ќе ги претставува Албанците на претстојните локални избори, изјави денеска вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, по состанокот на советодавната комисија Рамсар, посветен на иднината на Преспанското Езеро кое ја поврзува земјава со Албанија и Грција.

6 (68) ■ вести > македонија > политика ■ 05-Apr 13:48 -> 07-Apr 20:51
.
.
.
.

Филипче за МИА: Стојам на располагање да ги направиме уставните измени и да ги почнеме преговорите

  • Утре ќе се одржат внатрепартиските избори за Претседател на СДСМ

  • Филипче: Какви лицемери седат во Владата, ги убедуваат работниците дека може да живеат со 400 евра

  • Денеска партијата избира претседател – Кој ќе биде новиот лидер на СДСМ?

Лично преземам целосна одговорност и го преземам целокупниот товар, па дури и по цена на мојата политичка кариера, за да ги направиме уставните измени и да ги отвориме преговарачките поглавја со ЕУ и доколку Владата смета дека тоа може да го искористи, јас стојам на располагање, изјави за МИА лидерот на СДСМ, Венко Филипче во Брисел, каде денеска учествуваше на Конференцијата во организација на Програмата „Вили Брант“ за проширување на ЕУ на Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите (СД). – Колку повеќе време одминува и колку околните земји напредуваат, толку потешко ќе биде ние да фатиме чекор со нив во следниот период.

Утре ќе се одржат директните внатрепартиски избори за Претседател на СДСМ кои беа одложени поради трагедијата во Кочани.

Какви лицемери седат во Владата, ги убедуваат работниците дека можат да живеат со 400 евра месечно, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче на прес конференцијата по неговата победа на внатрепартиските избори.

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) денес спроведува избор за нов партиски првенец.

12 (20) ■ вести > свет ■ 05-Apr 10:21 -> 07-Apr 21:29
.
.
.
.

Трамп се закани со дополнителни царини за Кина ако таа не ги повлече најавените возвратни мерки против САД

  • Тарифниот „лек“ на Трамп ги стави глобалните пазари во грчеви

  • Трамп се огласи додека сè укажува на уште еден „колеж“ на берзите

Претседателот на САД, Доналд Трамп, се закани дека ќе воведе дополнителни царини од 50 отсто за Кина ако Пекинг до 8 април не ги укине најавените возвратни царини против САД.

Американскиот претседател Доналд Трамп ги предупреди странските влади дека ќе треба да платат „многу пари“ за да ги укинат огромните царини, окарактеризувајќи ги давачките како „лек“ и дека предизвикуваат поголема болка за глобалните финансиски пазари, јавува Ројтерс.

Американскиот претседател Доналд Трамп во неделата рече дека „понекогаш мора да пиете лекови“ на прашањето на новинарите за турбуленциите на светските пазари на капиталот, додавајќи дека тој намерно не влијаел на распродажбата на пазарите, додека фјучерсите укажауваат на уште еден тежок ден на берзата.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

28 (8) ■ бизнис > економија ■ 07-Apr 13:36 -> 07-Apr 15:13
.
.
.
.

Инфлацијата конечно попушта? На годишно ниво 2,7 отсто, трошоците за живот во март пониски од февруари

  • Пораснаа животните трошоци и малопродажните цени!

Трошоците на животот во март 2025 година, во однос на март лани, бележат зголемување од 2,7 отсто, а цените на мало раст од 2,2 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.

Државниот завод за статистика информираше дека во март 2025 година, во споредба со март минатата година, трошоците на животот забележаа пораст од 2,7 %, додека цените на мало забележаа зголемување од 2,2 %. Инфлацијата, мерена преку индексот на трошоците на животот во март 2025 година, во однос на февруари 2025 година, бележи пад од 1,3 %. Намалувањето на инфлацијата во март 2025 година, во однос на февруари 2025 година, е предизвикано од опаѓањето на трошоците на животот во следните категории: “Храна и безалкохолни пијалаци за 3,0 %, Транспорт за 1,8 %, Мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0,6 %, Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 0,5 % и Разновидни стоки и услуги за 0,3 %”. Од друга страна, во март 2025 година, споредено со февруари 2025 година, пораст на трошоците на животот е регистриран во следните групи: “Домување, вода, електрика, гас и други горива и Облека и обувки за 0,4 %, Ресторани и хотели за 0,3 %, Комуникации и Здравје за 0,2 % и Рекреација и култура за 0,1 %”. “Трошоците на животот во групата Образование остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.” Цените на мало во март, во однос на февруари годинава, се пониски за 0,9 %.

125 (4) ■ бизнис > македонија ■ 06-Apr 13:03 -> 06-Apr 13:59
.
.
.

Платата на просветните работници со раст од седум отсто, најави Мицкоски

  • Раст на платите за просветните работници од седум отсто, најави Мицкоски

Просветните работници од овој месец практично ќе добијат зголемување од седум проценти, што ќе се надодаде на она зголемување од пет проценти за октомври, односно исплатено ноември, минатата година, изјави премиерот Христијан Мицкоски при денешната посета на тетовскиот регион, одговарајќи на новинарско прашање.

Наставниците ќе добијат покачување на платите од седум отсто од овој месец, кое ќе се приклучи кон претходното зголемување од пет отсто за октомври, исплатено во ноември минатата година, рече премиерот Христијан Мицкоски за време на неговата денешна посета на тетовската област, одговарајќи на прашање од новинар.

75 (5) ■ сцена > здравје ■ 07-Apr 07:32 -> 07-Apr 09:18
.
.
.
.

СЗО: На секои две минути во 2023-та умирала по една жена или вкупно 260.000 жени во светот од компликации од бременост или породување

  • СЗО: Една жена умира на секои две минути за време на бременост или породување

Компликациите од бременост или породување предизвикуваа смрт на жена приближно на секои две минути во 2023 година, се наведува во извештај на Светската здравствена организација (СЗО) и другите тела на ОН. Во извештајот, објавен денеска, се вели дека тоа изнесува околу 260.000 жени на глобално ниво.

Компликациите од бременост или породување предизвикуваа смрт на жена приближно на секои две минути во 2023 година, се наведува во извештај на Светската здравствена организација (СЗО) и другите тела на ОН. Во извештајот, објавен денеска, се вели дека тоа изнесува околу 260.000 жени на глобално ниво.