Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во вечерашното гостување на Сител ТВ, говорејќи за денешниот инцидент на градоначалничката кажа дека Арсовска не го потпишала полицискиот записник.
Општина Чаир најостро го осудува инцидентот што се случи помеѓу градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, и неколку лица на територија на Општина Чаир.
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вечерва во гостувањето на ТВ Сител изрази жалење и осуда за инцидентот во којшто беше вклучена градоначалничката на Скопје Данела Арсовска, појасни какви дејствија презело Министерството и ја повика Арсовска да не бега од МВР и од институциите.
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска тврди дека денеска при увид и инспекциска контрола на дивоградба во Општината Чаир, таа и екипата која била со неа, биле нападнати прво вербално, потоа физички, со клоци и тоа пред припадници на МВР.