1 (14) ■ вести > свет > регион ■ 06-Feb 08:31 -> 06-Feb 09:41
.
.
.
.

Во Загреб повеќе училишта добија дојави за поставени бомби

  • Дојави за бомби во училишта во Загреб

Училишта во Загреб утрово добија дојави за поставени експлозивни направи, информираа Градот Загреб и полицијата, наведувајќи дека децата се безбедни и дека се надвор од училиштата и се проверуваат од експерти за деактивирање бомби.

Средното Машинско-техничко училиште во Загреб, Фауст Врачиќ, утрово пријави дека добиле дојава за поставена бомба.

11 (5) ■ вести > свет ■ 06-Feb 07:35 -> 06-Feb 09:44
.
.
.
.

ЕУ ЌЕ ИЗВАДИ „БАЗУКА“ АКО ТРАМП Ѝ ВОВЕДЕ ЦАРИНИ „Ќе пука“ на големите технолошки компании

  • ФТ: ЕУ се подготвува да ги погоди големите технолошки компании како одмазда за тарифите на Доналд Трамп

Доколку американскиот претседател Доналд Трамп ги исполни своите закани и воведе царини за стоки од Европската Унија, Брисел ќе одговори со таргетирање на големите технолошки компании објави „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на два извора во ЕУ. Европската комисија се обидува да го искористи својот „Инструмент против принуда“ (Anti-coercion instrument ACI) во потенцијалниот спор со Вашингтон, изјавија за медиумот две официјални лица кои имале увид во плановите.

Доколку Доналд Трамп ги исполни своите закани и воведе царини за стоки од Унијата, Брисел ќе одговори со таргетирање на големите технолошки компании објави „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на свои извора во ЕУ. Европската комисија се обидува да го искористи својот „Инструмент против принуда“ во потенцијалниот спор со Вашингтон.

14 (44) ■ вести > свет ■ 04-Feb 18:05 -> 06-Feb 10:06
.
.
.
.

Нетанјаху ја поздрави идејата на Трамп за евакуација на Палестинците од Газа

  • Рубио го поддржува планот на Трамп САД да ја преземат контролата над Газа

  • Трамп: САД сакаат да го заземат Појасот Газа

  • Трамп рече дека ќе поддржи трајно населување на Палестинците и дека САД „ќе воспостават контрола над Газа“

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху синоќа изјави дека нема ништо лошо во идејата на Доналд Трамп за иселување на Палестинците од Појасот Газа, откако предлогот на американскиот претседател предизвика меѓународна критика.

Се чини дека американскиот државен секретар Марко Рубио го поддржа планот на претседателот Доналд Трамп да ја преземе американската контрола врз Газа, велејќи дека палестинската енклава мора да биде ослободена од исламистичката група Хамас.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД ќе го преземат разурнатиот од војна Појасот Газа и ќе го развијат економски откако Палестинците ќе бидат преместени на друго место, што е целосен пресврт на децениската политика на САД кон израелско-палестинскиот конфликт.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе ги поддржи напорите за трајно преселување на Палестинците од Појасот Газа во места каде што ќе можат да живеат без страв од насилство.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

83 (6) ■ бизнис > економија ■ 05-Feb 12:14 -> 05-Feb 12:56
.
.
.
.

Каматната стапка на благајничките записи се намалува, останатите каматни стапки остануваат непроменети

  • НАФТАТА ЌЕ ОДИ НАГОРЕ, А ЗА ХРАНАТА ИМА УБАВИ ВЕСТИ, СЕ ОЧЕКУВА СМИРУВАЊЕ НА ЦЕНИТЕ - НБМ ја намали основната камата на 5,35 отсто

Каматната стапка на благајничките записи се намалува за 0,2 п.п., останатите каматни стапки се непроменети, одлучи Извршниот одбор за поставеноста на монетарната политика на Народната банка, на вчерашната седница на која беа разгледани најновите податоци и информации за светската и за домашната економија и најновите случувања на меѓународните и на домашните финансиски пазари во контекст на поставеноста на монетарната политика.

Благо намалување на основната камата на Народната банка, за 0,2 проценти поени, со што таа сега е на нивото од 5,35 проценти.