1 (5) ■ бизнис > здравје ■ 03-Jun 14:08 -> 03-Jun 17:30
.
.
.

Имлек Протеин Warm Up: Најголемиот фитнес-настан на отворено со повеќе од 500 учесници како дел од Охрид трчаТ 2025

Најголемиот фитнес настан на отворено во Македонија – Имлек Протеин Warm Up, беше загревање за трката „Охрид трчаТ“ кој го раздвижи центарот на Охрид.

4 (10) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 03-Jun 13:33 -> 03-Jun 17:15
.
.
.
.

Кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување и злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство - frontline.mk

  • Кривични за шест лица и фирма од Србија: ја злоупотребиле положбата и постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка и јавно-приватно партнерство - zoom.mk

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднел кривична пријава против шест физички лица поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство“.

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава против шест физички лица и едно право лице од Република Србија поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство“.

11 (5) ■ вести > македонија > хроника ■ 02-Jun 18:09 -> 03-Jun 17:00
.
.
.
.

Прегазено 9-годишно дете во Гостивар

  • Млад мотоциклист од Скопје излетал од пат кај Гостивар, итно е пренесен во болница со тешки повреди

Вчера во 18.15 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на ул.„Боге Белјаноски“ во Гостивар, патничко возило „опел“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Р.Б.(66) од с.Чегране, гостиварско, удрило во 9-годишно дете од Гостивар.

Вчера попладне 24-годишен возач на мотор од Скопје излетал од патот од Гостивар кон Врбенскиот манастир, при што е тешко повреден и итно префрлен во болница, соопшти полицијата.„На 01.06.2025 во 14:05 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на регионален пат за Врбенски манастир во Гостивар, мотоцикл „јамаха“ со скопски регистарски ознаки, управуван од В.Д.(24) од Скопје, излетало надвор од коловозот.

12 (27) ■ вести > свет > украина ■ 02-Jun 16:08 -> 03-Jun 11:15
.
.
.
.

Зеленски ја поддржа иницијативата на Ердоган за средба со Трамп и Путин

  • Ердоган по преговорите во Истанбул: Ќе преземеме чекори за организирање средба меѓу Путин и Зеленски

  • Ердоган: Турција е посветена Зеленски и Путин да ги седне на иста маса

Володимир Зеленски / Фото: ЕПА Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека ја поддржува иницијативата на турскиот лидер Реџеп Таип Ердоган да се сретне со американскиот и рускиот претседател Доналд Трамп и Владимир Путин во Турција, јави Укринформ . Тој на вчерашната прес-конференција во Киев рече дека без таков состанок нема да има прекин на огнот.

Турција ќе преземе чекори за организирање средба меѓу претседателите на Русија и Украина, Владимир Путин и Володимир Зеленски, во главниот град Анкара или во Истанбул, изјави денес турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека неговата земја ќе преземе чекори за да овозможи средба меѓу Володимир Зеленски и Владимир Путин.

14 (58) ■ вести > македонија > политика ■ 02-Jun 09:15 -> 03-Jun 16:45
.
.
.
.

Манасиевски: Судијата кој одлучувал за враќање на пасошот на Јахоски треба да се разреши

  • Асмир Јахоски утрово се пријавил во Кривичен суд , од Апелација велат дека не издаваат патни исправи

  • Асмир Јахоски патувал надвор од државата со патна исправа со ограничен рок на важење издадена од МВР по решение на Апелација

  • За што е осомничен газдата на Пуцко петрол, Јахоски, кој доби времен пасош

Судијата кој одлучувал за враќање на пасошот на Јахоски треба да се разреши, изјави Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, на новинарско прашање за коментар по изјавата на судските власти, дека гаранцијата од околу 2 милиони евра е доволна да му се издаде пасош на Асмир Јахоски, за напуштање на државата.

Асмир Јахоски, сопственикот на компанијата „Пуцко петрол“, претпладнево се пријавил во Кривичниот суд Скопје, со што ја исполнил обврската за редовно пријавување во судот во рамки на истрагата за злоупотреби со мазутот за ТЕЦ Неготино, потврдија од Кривичен за МИА.

Асмир Јахоски, сопственикот на компанијата „Пуцко петрол“, за кого Судот има определено мерки за претпазливост во рамки на истрагата за злоупотреби со мазутот за ТЕЦ Неготино, надвор од државата патувал со исправа со ограничен рок на важење, информираат за МИА од МВР.

Сопственикот на Пуцко петрол, Асмир Јахоски е во фокусот на јавноста откако фотографии објавени на Фејсбук открија дека викендов бил во Истанбул, Турција.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

31 (5) ■ бизнис > економија ■ 03-Jun 12:40 -> 03-Jun 16:00
.
.
.
.

Историски економски раст: Македонија четврта во Европа со 3.2% раст на БДП во првиот квартал на 2025 година

  • Мицкоски: Со 3,2 посто раст на БДП во првиот квартал, Македонија се рангира во петте најбрзорастечки економии во Европа

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција информираше дека според прелиминарните податоци на Државниот завод за статистика, во првиот квартал на 2025 година реалниот раст на бруто домашниот производ, откако е избрана оваа Влада, трет квартал по ред е 3 или повеќе проценти, а прилагодениот согласно сезонските и календарските податоци е 3,2 проценти.

Според прелиминарните податоци на Државниот завод за статистика, во првиот квартал на 2025 година, реалниот раст на Бруто домашниот производ откако е избрана оваа Влада, трет квартал по ред е 3 или повеќе проценти, а прилагодениот согласно сезонските и календарските податоци е 3,2% тоа е бројката којашто ја објавува „Евростат“.Со тоа, практично на досега објавените параметри коишто ги објавил „Евростат“, македонската економија е рангирана на четврто место, веднаш позади Ирска, Данска и Полска, објави денеска премиерор Христијан Мицкоски.

223 (4) ■ бизнис > економија ■ 02-Jun 11:25 -> 02-Jun 15:15
.
.
.
.

„Млади инженери од ФЕИТ започнуваат практикантска настава во Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини“

  • Студенти од ФЕИТ почнуваат практикантска настава во Министерството за енергетика

Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини Со средба помеѓу министерката Сања Божиновска и студентите од Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ), денес официјално започна летната програма за практикантска настава во Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.

Со средба помеѓу министерката Сања Божиновска и студентите од Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ), денес официјално започна летната програма за практикантска настава во Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.

41 (10) ■ сцена > култура ■ 02-Jun 17:30 -> 03-Jun 10:45
.
.
.
.

Специјална Стериина награда за колективна актерска игра за ансамблот на претставата „Народен пратеник“

  • МНТ со „Народен пратеник“ вечерва во натпреварувачкиот дел на Стеријино позорје

Жири комисијата на 70. Стериино позорје во Нови Сад во состав Вања Ејдус, актер и претседател, Дражен Ференчина, режисер, Федор Шили, драмски писател, Петар Грујичиќ, театролог, и Ѓорѓе Косиќ, драмски писател, на завршната седница, одржана доцна синоќа, донесе одлука Специјалната Стериина награда за колективна актерска игра да ја додели на ансамблот на претставата „Народен пратеник“ од Бранислав Нушиќ, во режија на Егон Савин, во продукција на Македонски народен театар, Скопје.

На театарскиот фестивал Стеријино позорје во Нови Сад вечерва е последната натпреварувачка претстава – „Народен пратеник“ од Бранислав Нушиќ, што ќе ја одиграат од ансамблот на Македонскиот народен тетар.

161 (4) ■ сцена > култура ■ 02-Jun 08:00 -> 03-Jun 08:42
.
.
.
.

„Кататонија“ треба да еманципира млада публика, за тие да ги поправат грешките што ги направила нашата генерација, таа пред неа и таа пред неа

  • Концерт на хрватскиот ансамбл „Ладо“ во Националната опера и балет Скопје, гостин македонски „Танец“

Република / Сања Арсовска: „Кататонија“ треба да ја погледне секој што сака да види и почувствува брутален театар, чист сценски приказ, комплексно изградени ликови „Кататонија“ не е претстава која дава надеж, барем не во сцените, надежта треба да се разбуди кај публиката откако ќе го добие шамарот кој треба да ја освести дека ова вака веќе не оди, вели во интервју за „Република“ актерката Сања Арсовска, пред премиерата на претставата која е закажана за утре, 3 јуни, на големата сцена на Македонскиот народен театар (МНТ). Режисер е Васил Христов, а драматург е Викторија Рангелова-Петровска.

На 3 јуни, со почеток во 20:00 часот, на големата сцена на Македонскиот народен театар ќе се одржи премиерната изведба на претставата „Кататонија“, по мотиви на драмскиот текст на Алис Бирч, во режија на Васил Христов и драматург Викторија Рангелова-Петровска.