1 (4) ■ вести > македонија ■ 24-Apr 13:35 -> 24-Apr 13:46
.
.
.
.

Под истрага 49 лица за злоупотреби во постапки за стекнување со право за туѓа нега и право на инвалидски пензии

  • Обвинителство: Под истрага 49 лица за злоупотреби со давање на инвалидски пензии и туѓа нега

По повеќемесечна предистражна постапка што се водеше во рамките на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, во текот на вчерашниот ден под раководство на предметниот јавен обвинител, Министерството за внатрешни работи спроведе акција во која беа извршени претреси на повеќе локации на подрачјето на Скопје, Велес, Тетово и Гостивар.

Обвинителството денес објави дека по повеќемесечна предистражна постапка, вчера на повеќе локации на подрачјето на Скопје, Велес, Тетово и Гостивар се лишени 23 лица, а едно лице не е достапно на органите на прогонот, поради сомнежи дека неоправдано одобрувале инвалидски пензии и туѓа нега.

6 (33) ■ вести > свет ■ 22-Apr 20:37 -> 24-Apr 12:24
.
.
.
.

Трамп: Русија е подготвена за мир, но Украина не е

  • Трамп со критики за Зеленски по изјавата за Крим: Завршете ја работата, ќе ја изгубите цела земја

  • САД им дадоа ултиматум на Украина и Русија да се постигне договор во 100 дена на Трамп

  • „Аксиос“: Финалниот мировен предлог на Трамп бара Украина да ја признае руската окупација

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Русија е подготвена да потпише мировен договор, но дека убедувањето на Украина да се согласи со договорот е „потешко отколку што очекуваше“, пренесува Anadolu.

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно го засили притисокот врз украинскиот претседател Володимир Зеленски, повикувајќи го да прифати мировен договор за ставање крај на војната во Украина.

САД сакаат да обезбедат мировен договор меѓу Русија и Украина во првите 100 дена од претседателствувањето на Доналд Трамп, изјави неименуван европски функционер за Си-Ен-Ен. Оваа информација доаѓа додека американскиот државен секретар Марко Рубио го прескокнува клучниот состанок во Лондон посветен на ставање крај на војната.

САД денеска очекуваат одговор од Украина за рамката за мир, која вклучува американско признавање на Крим како дел од Русија и неофицијално признавање на руската контрола врз речиси сите области окупирани по инвазијата во 2022 година, според извори директно запознаени со предлогот, информира „Аксиос“.

8 (24) ■ вести > балкан > регион ■ 23-Apr 20:29 -> 24-Apr 11:13
.
.
.
.

Пропаднал обид за апсење на Милорад Додик

  • Додик по инцидентот пред Владата: Се чувствувам добро – силен сум

  • СИПА се обиде да го приведе Додик во источно Сараево, се спротивстави полицијата на Српска

Припадниците на Државната агенција за истраги и заштита (СИПА) се обидоа да го уапсат претседателот на Република Српска, Милорад Додик, во Источно Сараево, дел од главниот град на Босна и Херцеговина (БиХ) со мнозинско население на Срби.

Инспекторите на СИПА беа пред Административниот центар на Владата на Република Српска во Источно Сараево, каде се одржуваше средба на претседателот на Република Српска, Милорад Додик, градоначалниците на општините од Источно Сараево и градоначалникот.

СИПА пристигнала во Административниот центар на Владата на РС во источно Сараево, каде во моментов е сместен претседателот на РС Милорад Додик.

14 (9) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 24-Apr 09:36 -> 24-Apr 11:00
.
.
.

Финансиска полиција поднесе кривична пријава против едно лице за даночно затајување

  • ГИ ПРИКРИВАЛ ЗАЛИХИТЕ, НЕ ПЛАЌАЛ ДАНОЦИ, НЕ ПОДНЕСУВАЛ СМЕТКИ Скопски бизнисмен пријавен за оштетување на буџетот од 12 милиони денари!

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднела кривична пријава против А.А поради основи на сомнение за сторено кривично дело Даночно затајување по член 279 став 2 од КЗ. - Пријавениот А.А во својство на управител и сопственик на „Друштво за производство, трговија и услуги АРМАН КОМПАНИ ДООЕЛ Скопје”, во периодот од 01.01.2020 година до 25.12.2024 година, свесно и со однапред утврдена намера со цел да се стекне со противправна имотна корист за себе и за правниот субјект, набавената трговска стока (јаткасти производи), евидентирана на залиха во вредност од 53.257.786 денари, неосновано ја присвоил и не ја евидентирал во сметководствената евиденција како кусок, при што пријавениот не пресметал, не пријавил и не уплатил Данок на Додадена вредност по даночна стапка од 5 % во износ од 2.662.889 денари и Данок на Добивка по даночна стапка од 10 % во износ од 5.325.778 денари, а за застарените обврски кон добавувачи постари од три години во износ од 40.903.524 денари (краткорочни), а кои потекнуваат од 2020 година и не се прикажани како Приходи во Билансот на успех и Даночниот Биланс на правниот субјект за 2023 година, пријавениот не пресметал, не пријавил и не уплатил Данок на добивка по даночна стапка од 10 % во износ од 4.090.352 денари, соопштија денеска со Управата за финансиска полиција.

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднела кривична пријава против А.А поради основи на сомнение за сторено кривично дело Даночно затајување по член 279 став 2 од КЗ. „Пријавениот А.А во својство на управител и сопственик на „Друштво за производство, трговија и услуги АРМАН КОМПАНИ ДООЕЛ Скопје”, во периодот од 01.01.2020 година до 25.12.2024 година, свесно и со однапред утврдена намера со цел да се стекне со противправна имотна корист за себе и за правниот субјект, набавената трговска стока (јаткасти производи), евидентирана на залиха во вредност од 53.257.786 денари, неосновано ја присвоил и не ја евидентирал во сметководствената евиденција како кусок, при што пријавениот не пресметал, не пријавил и не уплатил Данок на Додадена вредност по даночна стапка од 5 % во износ од 2.662.889 денари и Данок на Добивка по даночна стапка од 10 % во износ од 5.325.778 денари, а за застарените обврски кон добавувачи постари од три години во износ од 40.903.524 денари (краткорочни), а кои потекнуваат од 2020 година и не се прикажани како Приходи во Билансот на успех и Даночниот Биланс на правниот субјект за 2023 година, пријавениот не пресметал, не пријавил и не уплатил Данок на добивка по даночна стапка од 10 % во износ од 4.090.352 денари“, соопштија денеска со Управата за финансиска полиција.

15 (53) ■ вести > македонија > политика ■ 22-Apr 07:12 -> 24-Apr 13:40
.
.
.
.

Таравари: За излегување на АА од Владата одлучува премиерот, да бидеме рационални и да не брзаме

  • Во странство се лекуваат 44 повредени пациенти од пожарот во Кочани

  • „Влен“ неделава треба да се трансформира во партија

  • Меџити повторно го повика Таравари да одлучи дали ќе оди со ДУИ или ќе остане во ВЛЕН

Премиерот формира Влада и тој одлучува дали Алијанса за Албанците треба да биде во Владата.

Во странство се лекуваат 44 повредени од пожарот од Кочани, информираше денеска во Куманово, министерот за здравство Арбен Таравари.

Неделава се очекува да почне трансформацијата на коалицијата „Влен“ во партија откако Алијанса за Албанците на Арбен Таравари одлучи да оди на претстојните локални избори со сопствени листи за советници.

Првиот вицепремиер и министер за животна средина од редовите на ВЛЕН, Изет Меџити, денеска повторно го повика својот коалициски партнер, министерот Арбен Таравари, да одлучи дали ќе соработува со Демократската унија за интеграција (ДУИ) или ќе остане во ВЛЕН и во Владата.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

28 (4) ■ бизнис > економија ■ 24-Apr 10:10 -> 24-Apr 10:31
.
.
.

Продажбата на „Тесла“ на пазарот на ЕУ со пад од 45 отсто

  • ПРОДОЛЖИ ДА ПАЃА ПРОДАЖБАТА НА ТЕСЛА: Еве што се случува

Продажбата на „Тесла“ на пазарот на ЕУ продолжи да паѓа во првиот квартал од 2025 година, со намалени регистрации за 45 отсто на годишно ниво, покажаа податоците на Европската асоцијација на производители на автомобили (ACEA). Во ЕУ, бројот на регистрирани возила на „Тесла“ падна на 36.167 во споредба со 65.774 во првите три месеци од 2024 година, што е најголем релативен пад во тој период меѓу големите производители на автомобили.

Продажбата на „Тесла“ на пазарот на ЕУ продолжи да паѓа во првиот квартал од 2025 година, со намалени регистрации за 45 отсто на годишно ниво, покажаа податоците на Европската асоцијација на производители на автомобили (ACEA). Во ЕУ, бројот на регистрирани возила на „Тесла“ падна на 36.167 во споредба со 65.774 во првите три месеци од 2024 година, што е најголем релативен пад во тој период меѓу големите производители на автомобили.

70 (8) ■ бизнис > македонија ■ 23-Apr 10:42 -> 23-Apr 12:48
.
.
.
.

СЕКОЈ ТРГОВЕЦ КОЈ ВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ДОБАВУВАЧ, ГО УЦЕНУВА И ДИКТИРА УСЛОВИ, РИЗИКУВА САНКЦИИ - се огласи КЗК: Да се почитува Законот за забрана на нефер трговски практики

  • КЗК: Почнуваат почести контроли – трговците мора да ги прекинат нефер практиките

Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК) упатува јавно предупредување и повик до сите големи трговски синџири, супермаркети, добавувачи и дистрибутери да постапуваат строго согласно Законот за забрана на нефер трговски практики („Службен весник на РСМ бр. 66/24“), со цел да се обезбеди фер, транспарентен и законски пазар во интерес на економијата, производителите и потрошувачите.

Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК) упати јавно предупредување и повик до сите големи трговски синџири, супермаркети, добавувачи и дистрибутери да постапуваат строго согласно Законот за забрана на нефер трговски практики („Службен весник на РСМ бр. 66/24“), со цел да се обезбеди фер, транспарентен и законски пазар во интерес на економијата, производителите и потрошувачите.

169 (6) ■ бизнис > економија ■ 22-Apr 11:10 -> 23-Apr 09:36
.
.
.
.

ТАВ Македонија го доби сертификатот Great Place To Work®

  • ТАВ Македонија го доби сертификатот „Одлично место за работа“

ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, аеродромски оператор на два македонски аеродроми, Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид, го доби сертификатот Great Place To Work® (“Одлично место за работа”), како глобален репер за „избран работодавач од вработените“ којшто компаниите се стремат да го постигнат.

Сертификатот Great Place To Work® („Одлично место за работа“) е уште едно признание за ТАВ Македонија во областа на управувањето со човечките ресурси, по наградата „Најпосакуван работодавач” која ја доби во април 2024 ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, аеродромски оператор на два македонски аеродроми, Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид, го доби сертификатот како глобален репер за „избран работодавач од вработените“ којшто компаниите се стремат да го постигнат.