Поранешниот директор на Дирекцијата за ТИРЗ и кандидат за претседател на СДСМ, Јован Деспотовски, во изјава во вестите на Сител рече дека нема да се жали на одлуката на Кривичниот суд да му одреди мерки на претпазливост, за да покаже, како што вели, дека е достапен пред правдата во секое време.
Основниот Кривичен суд го прифати предлогот на Јавното обвинителство и на поранешниот директор на ТИРЗ, Јован Деспотовски, му определи мерки на претпазливост одземање на патната исправа и повремено јавување во судот, потврдија од Кривичен за МИА.
Надлежниот јавен обвинител доставил предлог до Основниот кривичен суд Скопје за одземање на патната исправа и обврска за повремено јавување во Судот како мерки на претпазливост за поранешниот директор на ТИРЗ, Јован Деспотовски, за кого се води истрага за злоупотреба на службената положба.
Приведен е Јован Деспотовски, поранешен директор на агенцијата поранешниот директот на агенцијата Технолошко-индустриски развојни зони (ТИРЗ), дознава НетПрес.