Дваесет години на власт – никогаш на улица за народот, секогаш во тишина за правдата.
Претседателот на Демократската унија за интеграција – Али Ахмети во изјава за медиумите истакна дека неговата партија и „Европскиот фронт“ сè уште не донеле одлука како ќе настапуваат на локалните избори кои треба да се одржуваат во октомври годинава.
Доколку екс министерот за економија, Крешник Бектеши се најде на обвинителна клупа за катастрофалниот пожар во импровизирана дискотека „Пулс“ во Кочани – ДУИ излегува на улица.
ДУИ и „Европски фронт“ сè уште не донеле одлука како ќе настапуваат на локалните избори што треба да се одржат во октомври годинава, изјави денеска првиот интегративец Али Ахмети, додавајќи дека ќе бидат повикани сите партии од коалицијата, при што ќе се разгледа целата ситуација.