1 (9) ■ вести > македонија ■ 08-Nov 14:20 -> 08-Nov 15:36
.
.
.
.

Вредни археолошки предмети стари речиси 2500 години ископани во Охридско-струшкиот регион

  • Љутков: Ексклузивните наоди од пред 2 илјади и петстотини години го зацврстуваат местото на македонската археологија во светот

Вредни археолошки предмет, стари речиси 2 илјади и петстотини години се пронајдени во Охридско-струшкиот регион.

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска во просториите на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Охрид се обрати на прес-конференција по повод најновите археолошки откритија во Охридско-струшкиот Регион.

3 (35) ■ вести > македонија > политика ■ 07-Nov 19:29 -> 08-Nov 15:36
.
.
.
.

Франција ќе ја поддржи Македонија на нејзиниот евроинтегративен пат

  • Мицкоски: Со Макрон отворено разговаравме за одблокирање на патот на Македонија кон ЕУ

  • Николоски со коментар средбата Мицкоски-Макрон: Францускиот претседател е неспорно лидер на Европа, а средбата говори и за личниот авторитет на премиерот

  • Мицкоски од Будимпешта: Ќе продолжиме да се бориме за Македонија

Франција ќе ја поддржи Македонија на нејзиниот евроинтегративен пат, но во согласност со меѓународно преземените обврски – ова е пораката која како што е објавено од Елисејската палата.

Премиерот Христијан Мицкоски кој учествува на состанокот на Европската политичка заедница, во Будимпешта, на својот Фејсбук профил напиша: „На маргините на настанот на Европската политичка заедница во Будимпешта остварив продуктивна средба со францускиот претседател, Емануел Макрон.

Премиерот Христијан Мицкоски вчера во Будмпешта на самитот на Европската политичка заедница имаше многу значајна средба со претседателот на Франција Емануел Макрон, којшто во моментов практично станува лидер на Европа, имајќи предвид дека Владата во Германија е пред пад и дека извесно е дека не подоцна од март 2025 година таму ќе има избори, изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски при посета на Штип, одговарајќи на новинарски прашања.

Од маргините на настанот на Европската политичка заедница во Будимпешта, премиерот Христијан Мицкоски во изјава вели „после овој состанок на Европската политичка заедница овдека во Будимпешта сум уште повеќе оптимист дека мора да не биде и ќе не биде“.

7 (22) ■ вести > македонија > политика ■ 06-Nov 12:20 -> 08-Nov 15:11
.
.
.
.

Смртна закана по животот на министерот Фетаи: „За тебе куршум во глава шипо Фетаи“

  • Фетаи објави дека на својот службен меил добил порака со смртна закана

  • Фетаи во Брисел на средба со европратеникот Ваитз: Повеќе нема дилеми дека балканските земји треба да се зачленат во ЕУ

Вицепремиерот за добро владеење и транспарентност Арбен Фетаи објави дека добил смртна закана на својот службен мејл.

Вицепремиер за добро владеење и транспарентност Арбен Фетаи објави дека на својот службен меил добил порака со смртна закана.

Во Европската Унија повеќе нема ниедна дилема дека земјите од Западен Балкан треба да станат членки на ЕУ. Ова е став на европратеникот и известувачот за Македонија во Еврпопскиот парламент, Томас Ваитз, искажан на средбата во Брисел со pотпретседателот на Владата задолжен за политики на добро владеење, Арбен Фетаи.

9 (8) ■ вести > македонија ■ 08-Nov 13:12 -> 08-Nov 14:36
.
.
.
.

АНТИКОРУПЦИОНЕРИТЕ БАРААТ ПОВЕДУВАЊЕ ДИСЦИПЛИНСКА ПОСТАПКА ПРОТИВ ЧЛЕН НА СУДСКИ СОВЕТ - за судир на интереси и пристарсност

  • ДКСК поднесе иницијатива до Судски совет и Здружението на судии за поведување дисциплинска постапка против член на Судскиот совет

ДКСК на денешната седница донесе одлука да поднесе иницијатива до Судскиот совет и Здружението на судии за поведување на дисциплинска постапка против член на Судскиот совет за судир на интереси и пристрасност при вршењето на функцијата јавувајќи се во улога на иницијатор за поведување на постапка за утврдување на одговорност на судии во Врховен суд кои постапувале во предмет, каде учествувала неговата сестра.

ДКСК на денешната 10. седница донесе одлука да поднесе иницијатива до Судскиот совет и Здружението на судии за поведување на дисциплинска постапка против член на Судскиот совет за „судир на интереси“ и „пристрасност при вршењето на функцијата“ јавувајќи се во улога на иницијатор за поведување на постапка за утврдување одговорност на судии во Врховен суд кои постапувале во предмет, каде учествувало негово блиско лице, сестра.

11 (10) ■ вести > македонија ■ 08-Nov 12:15 -> 08-Nov 14:54
.
.
.
.

ДКСК бара поништување на одлуките за назначување на членови на УО на АСЈО од Судски совет и Совет на јавни обвинители

  • ДКСК: Членството на претседателката на Врховен суд и ЈО на РМ во УО на АСЈО е согласно закон

Судскиот совет и Советот на јавни обвинители да преземат мерки со кои ќе ги стават вон сила своите одлуки за назначување на членови на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители (АСЈО), порача Државната Комисија за спречување на корупција (ДКСК). Според нив, одлуките се спротивни на Законот за спречување на корупција и судир на интереси и Закон за АСЈО.

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) денеска одлучи да ја запре постапката за судир на интереси за претседателка на Врховен суд, Беса Адеми и Јавниот обвинител на РМ, Љупчо Коцевски.

12 (4) ■ вести > македонија ■ 08-Nov 14:31 -> 08-Nov 15:00
.
.
.
.

Николовски: Унапредување на соработката со Армијата за побрз прием на опремата потребна за зајакнување на капацитетите

  • Царината ќе ја унапреди соработката со Армијата за побрз прием на опремата потребна за зајакнување на капацитетите

„Царинската управа на дневна основа ќе се координира и ќе комуницира со службите на Армијата се со цел олеснување на увозот и побрз прием на оклопните возила Stryker што на Армијата и се потребни се со цел зајакнување на капацитетите и исполнување на обврските во рамки на НАТО”, истакна директорот на Царинска управа Бобан Николовски, на настан организиран во рамки на посетата на тимот за одбранбена стратегија на САД од ISG (Institute for security governance). Николовски во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец заедно со министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и амбасадорката на САД во нашата земја, Ангела Агелер, присуствуваа на брифинг на кој од страна на заменик командантот на Прва пешадиска бригада, полковник Стеван Наумоски беше презентиран процесот за воведување во оперативна употреба на лесните оклопни возила „Stryker“ во рамките на Армијата.

„Царинската управа на дневна основа ќе се координира и ќе комуницира со службите на Армијата се со цел олеснување на увозот и побрз прием на оклопните возила Stryker што на Армијата и се потребни се со цел зајакнување на капацитетите и исполнување на обврските во рамки на НАТО”, истакна директорот на Царинска управа Бобан Николовски, на настан организиран во рамки на посетата на тимот за одбранбена стратегија на САД од ISG (Institute for security governance). Директорот Бобан Николовски во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец заедно со министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и амбасадорката на САД во нашата земја, Ангела Агелер, присуствуваа на брифинг на кој од страна на заменик командантот на Прва пешадиска бригада, полковник Стеван Наумоски беше презентиран процесот за воведување во оперативна употреба на лесните оклопни возила „Stryker“ во рамките на Армијата.

14 (13) ■ вести > македонија ■ 08-Nov 11:12 -> 08-Nov 13:11
.
.
.
.

АХВ апелира: Граѓаните да пријават во АХВ ако најдат угината дива птица од водните видови

  • АХВ со апел до граѓаните да пријават пронајдени угинати водни птици

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) апелира до граѓаните, за пронајдена угината дива птица од водните видови (патки, гуски и слично) да ја известат АХВ лично (во Централа или во подрачните единици на Агенцијата), на бесплатната телефонска линија 0800 3 22 22 или на ), или ветеринарните друштва.

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) апелира до граѓаните, за пронајдена угината дива птица од водните видови (патки, гуски и слично) да ја известат АХВ лично (во Централа или во подрачните единици на Агенцијата), на бесплатната телефонска линија 0800 3 22 22 или на info@fva.gov.mk), или ветеринарните друштва.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија