Аеродромот во Хамбург денеска е затворен поради штрајк, а вработените на речиси сите аеродроми, вклучувајќи ги и главните центри на Германија во Франкфурт, Минхен и Берлин, утре ќе прекинат со работа на повик на синдикатот Верди.
Германскиот синдикат на вработените во услужниот сектор, Верди, повика на еднодневен штрајк в понеделник на сите поголеми германски аеродроми, вклучувајќи ги и клучните центрите како Франкфурт и Минхен.