Амбасадата на САД во Белград издаде безбедносно предупредување за американските граѓани во врска со утрешниот протест на кој може да се соберат стотици илјади луѓе во Белград и ги повика да избегнуваат толпи и места за масовни собири, пренесе Н1. „Во Белград се очекуваат големи протестни акции со вкупен број учесници кој може да достигне стотици илјади.
При претрес на возила на приодите кон Белград, полициските службеници пронашле и заплениле поголемо количество палки, ножеви, боксирачи, солзавец, тајзери и други видови оружје.