Александар Вучиќ ја откажа планираната посета на САД поради влошување на здравствената состојба и побара медицинска помош веднаш по враќањето во Белград, објави претседателката на српскиот Парламент, Ана Брнабиќ.
Српскиот претседател Александар Вучиќ пристигна во Белград, а веднаш од аеродромот беше примен на Военомедицинската академија (ВМА). Претседателот бил пречекан во Военомедицинската академија во од министерот за здравство Златибор Лончар, неофицијално Да потсетиме дека рано утрово ја прекина посетата на Америка, каде што требаше да се сретне со претседателот Доналд Трамп, бидејќи му се слошило.