Американски претседател Доналд Трамп на денешната прес-конференција за време на самитот на Г7 во Канада рече дека Иран сака да ги намали тензиите во конфликтот со Израел, но дека можеби е предоцна за преговори.
Во разговор со новинарите пред заминувањето за самитот на Г-7 во Канада, Трамп рече дека САД ќе продолжат да го поддржуваат Израел, но одби да каже дали побарал од земјата да ги прекине нападите врз Иран.
По екслацијата на конфликтот со Израел, иранските власти вчера се заканија со лансирање на ракетата „Хаибар“, со драматично предупредување: „Светот ќе биде шокиран од она што ќе го види“.
Фото: Принтскрин Американскиот претседател Доналд Трамп, во говор за време на воената парада во Вашингтон по повод 250-годишнината од основањето на американската војска, ја одбрани својата одлука за организирање на настанот, истакнувајќи дека парадата е прослава на војската, и покрај критиките дека станува збор за личен спектакл поврзан со неговиот 79-ти роденден.