1 (3) ■ вести > свет ■ 08-Jul 19:19 -> 08-Jul 21:40
.
.
.
.

Вајц: Македонија аслужува забрзан ЕУ пристап

  • Вајц: Добрососедските односи секогаш треба да се градат од двете страни, тоа е многу јасно

Македонија, која ги преживеа балканските војни од 90-тите години на минатиот век без масовно насилство и во која живеат различни луѓе и различни етнички и религиски групи кои успеа да изградат мирно општество, некогаш беше предводник во регионот, кога пред 20 години заедно со Словенија го започнаа пристапниот процес кон ЕУ, изјави вечерва австрискиот европратеник Томас Вајц во обраќањето пред Европскиот парламент во текот на дебата за Неговиот извештај за земјава за 2023 и 2024 година.

Македонија, која ги преживеа балканските војни од 90-тите години на минатиот век без масовно насилство и во која живеат различни луѓе и различни етнички и религиски групи кои успеа да изградат мирно општество, некогаш беше предводник во регионот, кога пред 20 години заедно со Словенија го започнаа пристапниот процес кон ЕУ, изјави вечерва австрискиот европратеник Томас Вајц во обраќањето пред Европскиот парламент во текот на дебата за Неговиот извештај за земјава за 2023 и 2024 година.

2 (28) ■ вести > македонија ■ 07-Jul 10:05 -> 08-Jul 20:30
.
.
.
.

Владата прогласи кризна состојба од 30 дена поради пожарите во државата

  • НОВА МЕРКА НА ВЛАДАТА, ЌЕ СЕ ВРАБОТАТ 400 ПОЖАРНИКАРИ Секој што се чувствува спремен може да аплицира

  • Митева: Нова мерка на Владата со назив „Јавни работи за заштита и превенција од пожари“

Портпаролката на Владата, Марија Митева, на прес-конференција соопшти дека во државата се прогласува 30-дневна кризна состојба поради ситуацијата со пожарите во државата.

НОВА МЕРКА НА ВЛАДАТА, ЌЕ СЕ ВРАБОТАТ 400 ПОЖАРНИКАРИ Секој што се чувствува спремен може да аплицира Секој ангажиран учесник ќе добива месечна финансиска поддршка од 24.000 денари, информираше портпаролката на Владата.

Портпаролот на Владата на Македонија, Марија Митева, Стојанче Ангелов директор на ДЗС и директорката на ЗЕЛС Душица Перишиќ одржаa прес- конференција во Медија центарот на Владата.

4 (31) ■ вести > балкан > регион ■ 07-Jul 05:08 -> 08-Jul 20:15
.
.
.
.

ВИДЕО: Апокалипса во Белград - Летаа кровови, откорнати дрва во силно невреме

  • Видео: Најмалку осуммина повредени во невремето што попладнево го погоди Белград

  • На осмиот ден од протестните блокади во Србија, полицијата ги спречува блокадите во Белград

  • Студентите во блокада најавија нови протести утрово низ Белград

Силно невреме ја погоди денес Србија, а бурата проследена со обилни дождови и град го погоди и Белград.

Силно невреме проследено со удари на ветар, дожд и град го погоди Белград околу 14 часот денеска откако претходно од Хидрометеоролошкиот завод преку СМС пораки беше испратено предупредување за граѓаните поради зголемениот ризик од силни грмотевици со дожд, локално град и силни налети на ветер.

На осмиот ден од блокадите на протестите во Србија, во текот на утрово, полицијата ги спречи граѓаните да блокираат клучни патишта на неколку локации во Белград, јавуваат српски медиуми.

Студентите во блокада најавија за денеска од 7:00 до 10:00 часот нови блокади низ Белград.

6 (8) ■ вести > македонија > хроника ■ 08-Jul 17:03 -> 08-Jul 20:30
.
.
.

Во државата се регистрирани 23 пожари, 11 се активни, еден е под контрола, соопшти ЦУК

  • Вкупно 23 пожари низ Македонија - активни 11, под контрола 1

Центарот за управување со кризи соопшти дека до 19 часот на територија на државата регистрирани се вкупно 23 пожари на отворен простор од кои 11 се активни, а еден е под контрола.

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека до 19.00 часот регистрирани се вкупно 23 пожари на отворен простор, од кои: Активни: 11 Локализирани: 2 Изгаснати: 9 Под контрола: 1 Активни пожари има во: Прилеп – с. Бешиште (мешана шума) Македонски Брод – помеѓу с. Црешнево, с. Локвица и с. Слатина (дабова шума и грмушки) Македонски Брод – с. Самоков (лесно запалив материјал) Дебарца-Струга – с. Волино кон с. Ливада, Охрид (ниска вегетација и жито) Чашка – под Солунска глава, меѓу Изворите на Бабуна и Бабина Дупка (чад во карпест терен) Чучер Сандево – помеѓу с. Блаце и с. Чучер (мешана шума и ниска вегетација) Чучер Сандево – Кучевишка бара (ниска вегетација) Бутел – с. Лубанци (ниска вегетација) Дојран – с. Николич (нискостеблеста шума) Кавадарци – с. Крушевица (ниска вегетација) Гостивар – автопат Гостивар-Тетово (ниска вегетација) Локализирани се пожарите: Делчево – градска депонија Желино – с. Ларце (ниска вегетација и грмушки) Под контрола е: Штип – с. Врсаково (жито) Изгаснати пожари има во: Чучер Сандево – црква Св. Недела (ниска вегетација) Шуто Оризари – Њу Стар Хотел (депонија) Гази Баба – парк-шума „Гази Баба“ (ниска вегетација) Бутел – с. Лубанци (ниска вегетација) Пробиштип – с. Петршино (ниска вегетација и стрниште) Бутел – с. Визбегово (ѓубре) Велес – поранешна фабрика Порцеланка (ниска вегетација) Росоман – с. Сирково (ниска вегетација) Липково – с. Никуштак (ниска вегетација).

8 (44) ■ вести > свет > сад ■ 06-Jul 09:00 -> 08-Jul 19:27
.
.
.
.

САД воведуваат царини од 30 проценти на увозот од Босна и Херцеговина и 35 проценти на увозот од Србија

  • Трамп: Во август ќе воведеме царини од 25 проценти за Јапонија и Јужна Кореја

  • Трамп го пролонгира стапувањето во сила на реципрочните царини до 1 август

  • Трамп воведе нови царини: Најлошо поминаа Камбоџа, Бангладеш, Србија и Босна

Претседателот на САД Доналд Трамп синоќа објави воведување царини од 30 проценти на увозот од Босна и Херцеговина и 35 проценти на увозот од Србија, според писмата до лидерите на земјите, објавени на социјалната мрежа Трут Соушл.

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека, почнувајќи од 1 август, ќе бидат воведени царини од 25 проценти за стоки од Јапонија и Јужна Кореја, објави денес Блумберг.

Претходниот рок за завршување на трговските преговори за царините истекува денеска.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, ги најави новите високи, единствени царини за увоз на стока од најмалку 14 земји.

9 (59) ■ вести > свет > израел > војна ■ 06-Jul 00:01 -> 08-Jul 19:45
.
.
.
.

Трамп и Нетанјаху: Блиску сме до наоѓање земји што би можеле да ги прифатат Палестинците

  • Нови надежи и неизвесности околу прекинот на огнот во Газа

  • Израел ќе испрати делегација во Катар на преговори за Газа и покрај „неприфатливите“ барања на Хамас

  • Палестински извори брифираат дека не е постигнат договор за примирје меѓу Израел и Хамас

Американскиот претседател Доналд Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера се сретнаа во Белата куќа, каде што разговараа за напорите за завршување на конфликтот во Газа, преговорите со Иран и иницијативата за преселување на Палестинците од Појасот Газа.

Американскиот претседател изрази надеж дека предложената пауза од 60 дена во борбите во Газа може да ја отвори вратата кон завршување на војната.

Израел одлучи да испрати делегација во Катар во недела на блиски разговори со Хамас за најновиот предлог за прекин на огнот во Газа и договор за ослободување на заложниците, пренесува Би-би-си. Канцеларијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху соопшти дека тој ја прифатил поканата и покрај она што тој го опиша како „неприфатливи“ промени што Хамас сакаше да ги направи во планот презентиран од медијатори од Катар, САД и Египет.

Без договор завршија разговорите што се одржаа во Катар помеѓу претставници на Хамас и Израел за можен прекин на огнот.

11 (162) ■ вести > свет > сад > војна ■ 06-Jul 05:55 -> 08-Jul 20:45
.
.
.
.

Трамп „не е задоволен“ со Путин, разгледува нови санкции

  • Трамп ги исмеа плановите на Маск за нова партија, опишувајќи ги како „апсурдни и збунувачки“

  • Трамп: За земјите кои соработуваат со БРИКС ќе има дополнителни царини

  • Во Рио де Жанеиро се одржува 17 Самит на БРИКС

Американскиот претседател Доналд Трамп, денеска изјави дека не е задоволен од однесувањето на рускиот претседател Владимир Путин и рече дека разгледува нови санкции против Русија.

Американскиот претседател Доналд Трамп ги оцени плановите на Илон Маск за формирање нова политичка партија како апсурдни, додавајќи дека Америка функционира најдобро во рамките на двопартиски систем.

Секоја земја што се согласува со антиамериканската политика на БРИКС ќе плати ДОПОЛНИТЕЛНА царина од 10 проценти.

Во Рио де Жанеиро денес и утре се одржува 17-тиот Самит на БРИКС, на кој ќе земат учество претседатели и премиери на земјите-членки и на земјите-партнери.

12 (35) ■ вести > македонија > политика > вмро-дпмне ■ 06-Jul 06:42 -> 08-Jul 21:00
.
.
.
.

Support Kocani: Денес пристигна и беше донирана втората пратка компресивна облека на Општата болница во Кочани

  • Support Kocani ја исплати фактурата за втората пратка компресивна облека во износ од 283.802 денари!

  • Градоначалникот на Кочани: Аплициравме за мерката за пожарите, формуларот уредно е испратен

  • ВМРО-ДПМНЕ: Опасна незаинтересираност на в.д. градоначалникот на Кочани, ја загрозува јавната безбедност

Денес во Кочани пристигна и беше официјално донирана втората пратка компресивна облека, обезбедена од граѓанската иницијатива Support Kocani, наменета за повредените од трагичниот настан од 16 март 2025 година.

Support Kocani ја исплати во целост фактурата за втората пратка компресивна облека во износ од 283.802 денари!, соопштија од иницијативата.

ВМРО-ДПМНЕ го обвинува кочанскиот гадоначалник, Венко Крстевски, за опасна незаинтересираност и загрозување на јавната безбедност, по објавата на Владата дека оваа општина не аплицирала за новата мерка во борбата со пожарите, преку ангажирање на 400 лица во општините за гаснење, кои ќе добиваат месечни примања.

Во тек е оглас за ангажирање на 400 нови пожарникари во рамки на големата државна мерка за јакнење на Противпожарните единици.

14 (8) ■ вести > македонија ■ 08-Jul 16:10 -> 08-Jul 20:00
.
.
.
.

Љутков: Одлуката на УНЕСКО е резултат на директна последица на години негрижа, неодговорност и институционален распад

  • Љутков: Како последица на негрижата на претходната влада, на Охрид му се заканува да биде ставен на листата културни богатства во опасност на УНЕСКО

Зоран Љутков, министер за култура и туризам Владата на денешната седница ја разгледала информацијата и ги задолжија сите членови на институциите кои присуствуваат моментално на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО, преку координиран настап, заеднички да се поднесе амандман со цел повлекување на Нацрт одлуката на Комитетот со која Охридскиот регион се предлага да биде ставен на листата на светски природни и културни богатства во опасност.

Владата на денешната седница ја разгледала информацијата и ги задолжија сите членови на институциите кои присуствуваат моментално на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО, преку координиран настап, заеднички да се поднесе амандман со цел повлекување на Нацрт одлуката на Комитетот со која Охридскиот регион се предлага да биде ставен на листата на светски природни и културни богатства во опасност.

Повеќе од
оваа категорија

20 (24) ■ спорт > фудбал ■ 06-Jul 00:54 -> 08-Jul 21:30
.
.
.
.

Ливерпул во чест на Жота ги објави сите голови што ги постигна за клубот (Видео)

  • Кој е сопственик на Ламборџинито со кое загина Диого Жота?

  • Невеш со емотивна порака се простува од Жота: „Животот нè соедини и сега ништо не може да нè раздели“

Ливерпул во чест на Жота ги објави сите голови што ги постигна за клубот (Видео)Поминаа пет дена од трагичната смрт на фудбалерот на Ливерпул и репрезентативецот на Португалија, Диого Жота, како и неговиот брат Андре Силва, кои загинаа во сообраќајна несреќа.

Шпанската полиција сè уште работи на расветлување на случајот со трагичната смрт на фудбалерот на Ливерпул, Диого Жота, и неговиот брат, Андре Силва.

Трагедија во фудбалот: Почина Диого Жота Во фудбалскиот свет владее длабока тага по трагичната смрт на ѕвездата на Ливерпул и португалскиот репрезентативец, Диого Жота.

58 (39) ■ спорт > тенис ■ 06-Jul 05:52 -> 08-Jul 09:33
.
.
.
.

Баерн Минхен објави: Џамал ​​Мусијала е опериран

  • Ѓоковиќ спремен за ново пумпање, голем фаворит е за победа против „Демонот“

  • Федерер го гледаше Ѓоковиќ како се приближува кон својот рекорд: „Голема чест ми е“

  • Ранетиот лав е најопасен: Ѓоковиќ го совлада Де Минор и стигна до четвртфиналето на Вимблдон

Од специјалниот известувач од Вимблдон за „Макфакс“ „Тоа веќе не е тема во тенисот“ – беше одговорот на големиот хрватски тенисер Иван Љубичиќ кога минатата година на Вимблдон во интервјуто за „Макфакс“ и за „Топ спорт“ го прашав дали е правично наградите на Вимблдон да бидат исти и за мажите и за жените.

Новак Ѓоковиќ попладнево ќе се сретне со Алекс Де Минор во осминафиналето на тенискиот гренслем турнир Вимблдон, една година откако тие лани требаше да играат еден против друг во четвртфиналето на истиот турнир, но мечот не се одигра поради повреда на Австралиецот.

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето на Вимблдон со победа над Австралиецот Алекс де Минаур со резултат од 1:6, 6:4, 6:4, 6:4. Српскиот тенисер се пласираше во своето 16-то четвртфинале на најпознатиот тениски турнир, а за место во полуфиналето ќе игра против Флавиус Коболи, Италијанецот кој денес го елиминираше Марин Чилиќ.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа?

Повеќе од
оваа категорија

114 (2) ■ бизнис > претприемништво > русија ■ 08-Jul 17:01 -> 08-Jul 18:00
.
.
.
.

Блумберг: Русите произведуваат значително повеќе дронови благодарение на кинески компании

  • Блумберг: Руското производство на дронови зајакнато од кинески компании

Русија значително ги прошири своите капацитети за беспилотни летала за војната против Украина благодарение на кинеските компании кои официјално негираат соработка со Москва, покажува истрагата на Блумберг, заснована на интерни документи на руската компанија Аеро-ХИТ и преписка со руски владини претставници.

Според истражување на Блумберг, кое се базира на интерни документи на руската компанија Аеро-ХИТ и комуникација со руски владини претставници, Русија значително ги зголемила своите способности за беспилотни летала за војната против Украина, благодарение на кинески компании кои јавно демантираат соработка со Москва.

361 (8) ■ бизнис > економија ■ 07-Jul 08:20 -> 07-Jul 11:17
.
.
.
.

НБРМ: Сѐ повеќе граѓани плаќаат преку телефон и со картички

  • ПОВЕЌЕ ОД 70% ОД ЕЛЕКТРОНСКИТЕ ТРАНСАКЦИИ СЕ ПРЕКУ МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН Се зголемува и употребата на платежни картички

Според податоците од платежната статистика на Народната банка, и во првите три месеци од 2025 година граѓаните сѐ повеќе користат мобилни апликации и картички за да плаќаат, наместо да одат на шалтер и да користат хартиени налози.

ПОВЕЌЕ ОД 70% ОД ЕЛЕКТРОНСКИТЕ ТРАНСАКЦИИ СЕ ПРЕКУ МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН Се зголемува и употребата на платежни картички Бројот на плаќањата со картички во првиот квартал од годинава е зголемен за 1,1%, а вредноста за 8,6%. Фото: Pixabay И во првите 3 месеци од 2025 година граѓаните сѐ повеќе користат мобилни апликации и картички за да плаќаат, наместо да одат на шалтер и да користат хартиени налози, покажуваат податоците на Народна банка (НБ). Во споредба со истиот период лани, бројот на плаќањата со платни налози пораснал за 2,7%, а вредноста за дури 17,7%. – Особено брзо растат електронските плаќања преку интернет или мобилен телефон коишто се зголемени за речиси 13% по број и за над 30% по вредност- велат од НБ. Најголемиот дел од електронските трансакции (повеќе од 70%) се направени преку мобилни апликации, што покажува дека телефонот станува омилен начин за плаќање – брзо, едноставно и достапно.

418 (3) ■ магазин > рецепти ■ 06-Jul 17:45 -> 08-Jul 15:00
.
.
.
.

▷ Древниот рецепт за ЧОКОЛАДНА ТОРТA од тенџере е познат по својата ЕДНОСТАВНА подготовка

  • Древниот рецепт за ЧОКОЛАДНА ТОРАТ од тенџере е познат по својата ЕДНОСТАВНА подготовка - без филување, брза и лесна за правење, а уште побрза и полесна за јадење

Ако сакате да го доживеете вистинскиот, старински вкус на чоколадото во најдобро издание, овој рецепт е направен за вас.

Ако сакате да го доживеете вистинскиот, старински вкус на чоколадото во најдобро издание, овој рецепт е направен за вас.СостојкиКора2 јајца10 лажици шеќер1 ванилин шеќер10 лажици вода12 лажици брашно1 лажица какаоПоловина прашок за пецивоСе печат две кори, кои се сечат на половина за да се добијат вкупно 4 кори.Фил1 литар млеко200 г шеќер200 г чоколадо за готвење250 г маргарин250 г мелени оревиГлазура:120 г млечно чоколадо80 мл шлагПодготовка: Пронајдете не на следниве мрежи:.

154 (2) ■ сцена > луѓе и настани ■ 08-Jul 15:45 -> 08-Jul 17:00
.
.
.
.

(Фото) Денеска е посебен ден за Гоца Тржан - пејачката е трогната од гестот на својата ќерка Лена

  • Гоца Божиновска откри кога ја изгубила невиноста и како забременила, а на ќерка ѝ и даде несекојдневен совет

Српската пејачка Гоца Тржан денеска го слави својот 51-ви роденден, а нејзината ќерка Лена Маринковиќ беше прва што ѝ го честиташе, која по тој повод подготви емотивна ретроспектива на најважните моменти од нејзиниот живот.

Гоца Божиновска откри кога ја изгубила невиноста и како забременила, а на ќерка ѝ и даде несекојдневен совет од Еспресо17:45 - 8 јули, 202518:33 - 8 јули, 2025 Гоца Божиновска е позната како некој без „влакна на јазикот“, па така и сега, во интервју за српските медиуми зборуваше за интимните односи и не се срамеше да открие некои „незгодни“ информации од нејзиниот живот.

183 (32) ■ сцена > музика ■ 06-Jul 06:42 -> 08-Jul 18:45
.
.
.
.

Никола Станишиќ по победата се обрати на Цеца: Ми вети песна

  • Македонска гордост: Што доби Никола Станишиќ како победник на „Ѕвездите на Гранд“?

  • Цеца откри непознати детали за Никола Станишиќ: „Имаше трагедија во семејството...“

  • Еве што доби победникот на ,,Ѕвездите на Гранд!” - Никола Станишиќ доби автомобил, песна и една награда што ќе му го промени животот од корен

Уште една сезона од музичкото натпреварување „Ѕвезда Гранда“ заврши, а победата ја освои младиот пејач Никола Станишиќ (25) од Скопјe.

Големото финале на музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“ се одржа завчера, а првото место го освои македонскиот пејач Никола Станишиќ.

Синоќа, Никола Станишиќ од Македонија го освои големото финале на музичкиот натпревар „Ѕвезда Гранда“ за 2025 година.

НасловнаЗабаваЕве што доби победникот на ,,Ѕвездите на Гранд!” – Никола Станишиќ доби автомобил, песна и една награда што ќе му го промени животот од корен You cannot print contents of this website.

279 (3) ■ сцена > култура ■ 07-Jul 11:44 -> 08-Jul 09:00
.
.
.
.

Изложба „Бисерите на Мал Битолски Монмартр 2О25“ во Македонскиот културно-информативен центар во Софија

  • Изложбата „Бисерите на Мал Битолски Монмартр 2О25“ од денеска во Македонскиот КИЦ во Софија

Македонски културно-информативен центар во Софија Во галеријата на Македонскиот културно-информативен центар во Софија денеска ќе биде отворена изложбата „Бисерите на Мал Битолски Монмартр 2О25“, составена од детско ликовно творештво создавано во рамки на светската детска ликовна колонија Мал Битолски Монмартр.

На 8 јули2025 (вторник), со почеток од 18:30 часот, во галеријата на Македонскиот културно-информативен центар во Софија ќе биде отворена изложбата „Бисерите на Мал Битолски Монмартр 2О25“, составена од детско ликовно творештво, создавано во рамките на светската детска ликовна колонија Мал Битолски Монмартр.