Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши најавува ограничување на маржите за речиси сите производи или зголемување на вредноста на ограничувањето на маржите доколку по завршувањето на владината мерка која трае до задутре Државниот пазарен инспекторат утврди девијантно однесување од страна на маркетите и енормно зголемување на цените.
Безбедноста и здравјето на работниците претставуваат наш приоритет, а дигитализацијата на работните процеси ќе овозможи креирање на нови работни позиции, изјави министерот за економија и труд Бесар Дурмиши денес, во своето излагање на настанот посветен на одбележувањето на „Светскиот ден на безбедност и здравје при работа“.