Затворите се најкорумпирани од сите институции на системот во македонија, тврди денеска на прес-конференција директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов.
Управата за извршување санкции извршила вонреден инспекциски надзор во КПД Штип, по инцидент во кој затворски полицајци помагаат на затвореник да пронајде топка со дрога префрлена во дворот на затворот, и сите документи денеска ги поднеле со кривична пријава во Обвинителство, информираше директорот на Управата за извршување на санкциите Александар Пандов.