1 (5) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 12-Mar 12:04 -> 14-Mar 14:46
.
.
.

На кавадарчанец на 90 дена му го одземаа возилото, создавал бучава

  • Страшна сообраќајка во Кавадарци: Автобус и мотоцикл се судрија, има повредени

МВР информира дека на 12.03.2025 во 22.40 часот во Кавадарци полициски службеници од ПО БПС Кавадарци сопреле патничко моторно возило „бмв“ со кавадаречки регистерски ознаки, сопственост и управувано од Р.С. од Кавадарци, а во врска со претходна објава на социјалната мрежа Инстаграм, на која се гледа дека возачот го управува возилото со нагло зголемување на брзина, со што предизвикува пролизгување на погонските тркала и создавање бучава.

Вчера во 12.05 часот во Полициската станица Кавадарци било пријавено дека на крстосница од бул.„Цветан Димов“ со ул.„Вељко Влаховиќ“ во Кавадарци се случила сообраќајна несреќа помеѓу автобус „јутонг“ со кавадаречки регистарски ознаки, сопственост на ЈП Кавадарци, управуван од И.К.(52) од Кавадарци и мотоцикл „сузуки“ со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од Г.П.(37) од Кавадарци.

4 (8) ■ вести > македонија ■ 14-Mar 13:10 -> 14-Mar 14:43
.
.
.
.

Жалиме што Бугарија ги повлече предвидените средста, остануваме силно посветени на изградба на железничкиот Коридор 8

  • Николоски: Бугарија испрати јасна политичка порака со тоа што нема да ја реконструира пругата кон Македонија

Ќе продолжиме да ја подржуваме и во следниот период општина Ѓорче Петров, како и сите останати општини со сите наши ресурси затоа што треба да се развиваат општините и конечно граѓаните да добијат пристојни услови за живот, би ја искористил оваа можност, бедејќи добив бројни прашања од најголем дел од вас, во однос на информацијата која што вчера излезе во медиумите во Република Бугарија во однос на железничкиот дел од Коридор 8, да го кажам ставот, рече и додаде: -Остануваме силно посветени на изградба на железничкиот Коридор 8. Во овој момент активно се работи на втората секција во должина од 34 мкилометри, која што оди од Бељаковце до градот Крива Паланка.

Министерот за транспорт и врски Александар Николоски денеска кажа дека изразува жалење по информацијата дека Бугарија ги пренасочила средствата за пругата кон Македонија на друг проект, и дека нема намера да ја реконструира делница Софија – Ѓуешево.

7 (10) ■ вести > македонија > политика ■ 14-Mar 11:04 -> 14-Mar 13:47
.
.
.
.

СДСМ: ДПМНЕ да ја праша Весна Јаневска колку го појача профитот на Пуцко Петрол со тендерите од МОН?

  • (ВИДЕО) Стојаноски: Благодарение на СДС и ДУИ, Пуцко петрол успевал за една година да го зголеми приходот за 40 проценти

Институции и општини раководени од ВМРО-ДПМНЕ имаат склучено над 170 договори за тендери со Пуцко петрол, обвини СДСМ.

Откако пред некој ден син на пратеник од ДУИ, сопственик на Пуцко петрол како мерка доби домашен притвор за случај во којшто се сомничи за криминал тежок за 167 милиони евра за набавка на канцероген мазут за ТЕЦ Неготино, јавноста има право да знае дека стекнувањето, поточно зголемувањето на имотот на сопственикот на Пуцко петрол се случува благодарение на СДС и ДУИ, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски.

13 (55) ■ вести > свет ■ 12-Mar 07:31 -> 14-Mar 14:25
.
.
.
.

Руте: Членките на НАТО мора да произведуваат повеќе оружје, Алијансата заостанува зад Русија и Кина

  • Трамп: Мислам дека ќе се случи анексија на Гренланд

  • Опозициската партија Демократит победи на изборите во Гренланд

  • Трамп: Се надевам дека Русија ќе ја направи вистинската работа

Генералниот секретар на НАТО Марк Руте изјави денеска за време на посетата на Белата куќа дека членките на алијансата мора да произведат повеќе оружје.

Американски претседател Доналд Трамп повторно ја коментираше можноста за анексија на Гренланд од страна на САД, велејќи дека тоа сценарио станува сè поверојатно.

Про-бизнис опозициската партија на Гренланд, Демократит, победи на парламентарните избори во вторникот, поттикнати од желбата на американскиот претседател Доналд Трамп да ја преземе контролата врз најголемиот остров во светот, кој е полуавтономна данска територија.

Американскиот претседател Доналд Трамп и се обрати на јавноста од Овалната соба.

15 (8) ■ вести > македонија > политика ■ 14-Mar 11:39 -> 14-Mar 12:26
.
.
.
.

Домашни и странски експерти на подготвителна седница на Уставен за Законот за јазиците

  • Експерти од земјава и странство на подготвителната седница на Уставен за Законот за јазиците, ќе се дискутира за шест спорни правни прашања

Претседателот на Уставен суд, Дарко Костадиновски, на денешниот брифинг со новинарите информираше дека на 20 март во Уставниот суд ќе се одржи подготвителната седница за Законот за јазиците, на која ќе учествуваат повеќе експерти, вклучувајќи претставници од Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП), Венецијанската комисија и професори од правните факултети во државава.

На 20 март во Уставниот суд на Република Северна Македонија ќе се одржи подготвителната седница за Законот за јазиците, на која ќе учествуваат повеќе експерти, вклучувајќи претставници од Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП), Венецијанската комисија и професори од правните факултети во државава.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија