Протестите се малициозни и политички мотивирани, платите не се високи, но и можностите на буџетот се лимитирани, велат од Владата во соопштение.
Вработени од неколку министерства, Државниот завод за статистика, Државниот архив и Бирото за метрологија денеска одржаа предупредувачки протест барајќи потпишување на колективни договори и исплата на 30 проценти додатоци на плата.
Секој обид од страна на Владата или политичките партии, да докажат дека има политика во протестите или работата на Синдикатот, ќе им биде залуден, нагласи попладнево на пред Министерството за култура, претседателот на Синдикатот на УПОЗ, Трпе Деаноски.
Втор ден протест на вработените во администрацијата.