1 (16) ■ вести > македонија > хроника ■ 08-Nov 11:42 -> 08-Nov 13:48
.
.
.
.

ДКСК иницира постапка против Костадиновска-Стојчевска – утврди дека користела државни пари за приватни цели на службено патување во Британија

  • ДКСК иницира постапка против поранешната министерка за култура за злоупотреба на буџетски средства за приватни цели

Поранешната министерка за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска користела службени средства за приватни цели при нејзниното службено патување во Велика Британија во периодот од 24 до 27 октомври минатата година.

Државната комисија за спречување на корупција денеска донесе одлука да иницира постапка до надлежните органи во врска со употреба на буџетски средства за приватни цели на поранешната министерка за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска.

3 (31) ■ вести > македонија > политика ■ 07-Nov 19:29 -> 08-Nov 13:27
.
.
.
.

Николоски со коментар средбата Мицкоски-Макрон: Францускиот претседател е неспорно лидер на Европа, а средбата говори и за личниот авторитет на премиерот

  • Мицкоски: Со Макрон отворено разговаравме за одблокирање на патот на Македонија кон ЕУ

  • Мицкоски од Будимпешта: Ќе продолжиме да се бориме за Македонија

  • По средбата со Макрон, Мицкоски оптимист за иднината на Македонија во ЕУ

Премиерот Христијан Мицкоски вчера во Будмпешта на самитот на Европската политичка заедница имаше многу значајна средба со претседателот на Франција Емануел Макрон, којшто во моментов практично станува лидер на Европа, имајќи предвид дека Владата во Германија е пред пад и дека извесно е дека не подоцна од март 2025 година таму ќе има избори, изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски при посета на Штип, одговарајќи на новинарски прашања.

Премиерот Христијан Мицкоски кој учествува на состанокот на Европската политичка заедница, во Будимпешта, на својот Фејсбук профил напиша: „На маргините на настанот на Европската политичка заедница во Будимпешта остварив продуктивна средба со францускиот претседател, Емануел Макрон.

Од маргините на настанот на Европската политичка заедница во Будимпешта, премиерот Христијан Мицкоски во изјава вели „после овој состанок на Европската политичка заедница овдека во Будимпешта сум уште повеќе оптимист дека мора да не биде и ќе не биде“.

Нашето место е во рамките на ЕУ и мора да бидеме таму каде што заслужуваме, порача премиерот Христијан Мицкоски од Будимпешта, каде вчера учествуваше на Самитот на Европската политичка заедница задно со лидерите на уште 26 земји од Европа и високи претставници на Унијата и НАТО.

5 (8) ■ вести > македонија ■ 08-Nov 12:15 -> 08-Nov 13:43
.
.
.
.

ДКСК бара поништување на одлуките за назначување на членови на УО на АСЈО од Судски совет и Совет на јавни обвинители

  • ДКСК: Членството на претседателката на Врховен суд и ЈО на РСМ во УО на АСЈО е согласно закон

Судскиот совет и Советот на јавни обвинители да преземат мерки со кои ќе ги стават вон сила своите одлуки за назначување на членови на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители (АСЈО), порача Државната Комисија за спречување на корупција (ДКСК). Според нив, одлуките се спротивни на Законот за спречување на корупција и судир на интереси и Закон за АСЈО.

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) денеска одлучи да ја запре постапката за судир на интереси за претседателка на Врховен суд, Беса Адеми и Јавниот обвинител на РСМ, Љупчо Коцевски, како членови на Управен одбор на Академијата за судии и јавни обвинители (АСЈО). ДКСК утврди дека претставката не е основана бидејќи тоа се членови на АСЈО согласно исклучокот од забрана за членство во управни и надзорни одбори.

6 (13) ■ вести > македонија ■ 08-Nov 11:12 -> 08-Nov 13:11
.
.
.
.

АХВ апелира: Граѓаните да пријават во АХВ ако најдат угината дива птица од водните видови

  • АХВ со апел до граѓаните да пријават пронајдени угинати водни птици

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) апелира до граѓаните, за пронајдена угината дива птица од водните видови (патки, гуски и слично) да ја известат АХВ лично (во Централа или во подрачните единици на Агенцијата), на бесплатната телефонска линија 0800 3 22 22 или на ), или ветеринарните друштва.

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) апелира до граѓаните, за пронајдена угината дива птица од водните видови (патки, гуски и слично) да ја известат АХВ лично (во Централа или во подрачните единици на Агенцијата), на бесплатната телефонска линија 0800 3 22 22 или на info@fva.gov.mk), или ветеринарните друштва.

8 (11) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 06-Nov 17:11 -> 08-Nov 12:55
.
.
.
.

Шест години секој месец примал мито вработен во Национални шуми

  • Кривична пријава за примање поткуп и злоупотреба на службена положба

СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против Б.К.(39) од Струмица поради постоење на сомнение дека сторил кривични дела „злоупотреба на службена должност“ по член 353 и „примање поткуп“ по член 357 од КЗ. Пријавениот Б.К., референт во Јавно претпријатие „Национални шуми“, подружница Беласица – Струмица, се сомничи дека во претходните шест години, континуирано секој месец, лично или со посредство на друго лице, барал и добивал паричен надомест од жител на струмичко село, кој требало да добие дозвола за сеча на дрва.

СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднело кривична пријава против Б.К.(39) од Струмица поради постоење на сомнение дека сторил кривични дела „злоупотреба на службена должност“ по член 353 и „примање поткуп“ по член 357 од КЗ. Како што соопшти МВР, пријавениот Б.К., референт во Јавно претпријатие „Национални шуми“, подружница Беласица – Струмица, се сомничи дека во претходните шест години, континуирано секој месец, лично или со посредство на друго лице, барал и добивал паричен надомест од жител на струмичко село, кој требало да добие дозвола за сеча на дрва.

9 (4) ■ вести > македонија ■ 08-Nov 13:12 -> 08-Nov 13:24
.
.
.
.

ДКСК поднесе иницијатива до Судски совет и Здружението на судии за поведување дисциплинска постапка против член на Судскиот совет

  • ДКСК поднесе иницијатива за дисциплинска постапка против член на Судскиот совет

ДКСК на денешната 10. седница донесе одлука да поднесе иницијатива до Судскиот совет и Здружението на судии за поведување на дисциплинска постапка против член на Судскиот совет за „судир на интереси“ и „пристрасност при вршењето на функцијата“ јавувајќи се во улога на иницијатор за поведување на постапка за утврдување одговорност на судии во Врховен суд кои постапувале во предмет, каде учествувало негово блиско лице, сестра.

ДКСК на денешната 10. седница донесе одлука да поднесе иницијатива до Судскиот совет и Здружението на судии за поведување на дисциплинска постапка против член на Судскиот совет за „судир на интереси“ и „пристрасност при вршењето на функцијата“ јавувајќи се во улога на иницијатор за поведување на постапка за утврдување одговорност на судии во Врховен суд кои постапувале во предмет, каде учествувало негово блиско лице, сестра.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија