1 (41) ■ вести > македонија > политика ■ 03-Dec 00:35 -> 04-Dec 22:54
.
.
.
.

Седница на ИО: СДСМ против зголемување на старосната граница за пензионирање, нема да ги поддржиме интерпелациите од ДУИ

  • ВМРО-ДПМНЕ: Стратегијата на децата на старите пиромани е „државата ако треба нека пропадне, само СДСМ и ДУИ да се вратат на власт“

  • СДСМ: Шокантно е тоа што за Владата прашањата за безбедноста и мирот не се доволно важни за лидерска средба

  • ДУИ до Филипче: Kопирањето на ВМРО-ДПМНЕ во користење на албанофобијата преку анти-ДУИ наратив за политички поени не е здраво за државата

На првата седница на новиот состав на Извршниот одбор на СДСМ посветена на повеќе политички, безбедносни и економски актуелни теми беа донесени следните одлуки: 1.СДСМ остро се спротивставува на секој предлог за зголемување на старосната граница за заминување во пензија на 67 години.

Децата на старите комунистички пиромани на меѓуетничките односи, кои ги имаат уништувано перспективите на Македонија, повторно се обидуваат да ги распалат огновите на поделбите и деструкцијата.

Според Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) шокантно е тоа што Владата е со став дека прашањата за безбедноста, мирот и иднината на нашата држава не се доволно важни за лидерска средба.

„Г-не.Филипче, копирањето на ВМРО- ДПМНЕ во користењето на албанофобијата преку анти-ДУИ наратив за политички поени не е здраво за државата.

2 (29) ■ вести > македонија ■ 03-Dec 09:17 -> 04-Dec 21:14
.
.
.
.

Мицкоски за оставката на Дамева: Треба да биде правило, а не исклучок да се замине кога довербата е неоправдана, а очекувањата неисполнети

  • Мицкоски: Единствена давачка за која се размислува е за усогласување на македонското законодавство со Глобалниот корпоративен данок

  • Повторно заробена држава

Не треба да биде исклучок, туку пракса – секој оној што нема да ја оправда довербата на граѓаните и што нема да ги исполни очекувањата да замине од позицијата, без разлика на улогата во општеството што ја има.

Единствената давачка за која во моментот размислуваме е за усогласување на македонското законодавство со Глобалниот корпоративен данок, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, во одговор на новинарско прашање дали Владата размислува за зголемување на придонесите за пензиско и инвалидско осигурување.

Бавно, застрашувачки бавно, ама сепак во Македонија расте сознанието дека одложувањето и доведувањето во прашање на преговорите со ЕУ е велепредавство на најзначајните државни интереси.

4 (25) ■ вести > македонија ■ 03-Dec 11:06 -> 04-Dec 22:00
.
.
.
.

НАСИЛЕН УЧЕНИК ЗАТВОРИ ДВЕ УЧИЛИШТА Бојкот на наставата во „11 Октомври“ и во „Лазо Ангеловски“

  • Општина Центар: Институционално решение за ученикот со предизвици во однесувањето

  • ПОЛА ВЛАСТ ЌЕ ЗАСЕДАВА ЗА ТРЕТООДДЕЛЕНЕЦОТ ОД АЕРОДРОМ? Општина Центар бара институционално решение за проблематичниот ученик

Да се бојкотира наставата и ниту еден ученик да не оди во училиште од утре до решавање на проблемот со насилниот ученик од трето одделение, одлучи Советот на родители од ООУ „Лазо Ангеловски“ во скопската општина Аеродром на вечерашната вонредна седница.

Герасимовски ги повикува сите релевантни институции – Државниот просветен инспекторат, Министерството за образование и наука и засегнатите училишта – итно да седнат на заедничка маса и да најдат одржливо решение.

Општина Центар целосно ги поддржува учениците, родителите и раководството на ООУ „11 Октомври“ за соодветно и институционално решавање на случајот со ученикот кој бил префрлен од ООУ „Лазо Ангеловски“ без претходно известување дека станува збор за дете со проблематично однесување.

6 (44) ■ вести > свет ■ 03-Dec 15:13 -> 04-Dec 18:16
.
.
.
.

Блинкен ја поздрави одлуката на лидерот на Јужна Кореја да ја укине воената состојба

  • Јужнокорејскиот претседател најави укинување на воената состојба

  • Претседателот на Јужна Кореја прогласи воена состојба

  • Јужнокорејскиот премиер ќе работи „до последен момент“ додека се зголемуваат повиците претседателот да поднесе оставка

Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, ја поздрави денешната одлука на претседателот на Јужна Кореја, Јун Сук-јеол, да ја укине воената состојба, истакнувајќи дека САД „внимателно ги следеа случувањата во последните 24 часа“ и очекуваат политичките несогласувања да бидат „разрешени мирно“.

Претседателот на Јужна Кореја Јун Сук-Јеол рече дека ќе ја укине воената состојба неколку часа откако парламентот на земјата гласаше за блокирање на мерката.

Претседателот на Јужна Кореја, Јун Сук Јеол, прогласи воена состојба, велејќи дека мерката е неопходна за „да се заштити земјата од комунистичките сили“.

Премиерот на Јужна Кореја Хан Дак-Су вети дека ќе му служи на народот „до самиот крај“ по серијата оставки и се почестите повици претседателот да поднесе оставка.

7 (23) ■ вести > свет > нато ■ 03-Dec 11:48 -> 04-Dec 16:26
.
.
.
.

НАТО засега се воздржува од коментар за настаните во Јужна Кореја

  • Руте: На долг рок трошоците од „два отсто“ од БДП нема да бидат доволни за одбраната на НАТО

  • Руте: Треба да обезбедиме доволно помош за Украина за да го смени правецот на конфликтот

Ги следиме настаните во Јужна Кореја, нема да ја коментирам внатрешнополитичката ситуација, изјави генералниот секретар на НАТО Марк Руте пред почетокот на вториот ден од состанокот на министрите за надворешни работи на Алијансата во Брисел.

Ако сакаме да ја задржиме сегашната способност за одвраќање на НАТО на подолг рок, сегашните издвојувањата за одбраната на ниво од најмалку два отсто од БДП нема да бидат доволни, порача денеска генералниот секретар на Алијансата, Марк Руте на прес-конференцијата по завршувањето на дводневниот состанок на министрите на земјите членки на Пактот во Брисел.

Мораме да и пружиме доволно помош на Украина за да го смени правецот на конфликтот, изјави генералниот секретар на НАТО, Марк Руте на прес-конференција по дводневниот состанок на министрите за надворешни работи на алијансата во седиштето на организацијата во Брисел.

13 (33) ■ вести > македонија > регион ■ 03-Dec 09:46 -> 04-Dec 18:17
.
.
.
.

Во Брисел разговарано за теми од суштинско значење, изнесувањето аргументи продолжува на редовниот самит ЕУ-Западен Балкан

  • Мицкоски од Брисел: Подготвени сме да разговараме за се што е принципиелно за државата и граѓаните, но ултиматуми не прифаќаме

  • Новиот претседател на Европскиот совет порача дека иднината на Западен Балкан е во ЕУ

  • Мицкоски од Брисел: Ултиматуми не прифаќаме, но подготвени сме да разговараме за отворање на првиот кластер

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека средбите во Брисел со новото раководство на Европскиот совет, биле запознавање на тамошните политичари со аргументите на Владата за надминување на спорот со Бугарија пред почеток на преговорите за членство во Европската Унија.

Премиерот Христијан Мицкоски, кој е во посета на Брисел, во изјава за медиумите по денешните средби со новиот комесар за проширување Марта Кос и со новиот претседател на Европскиот совет, Антонио Кошта, рече дека Владата останува фокусирана на реформите и дека е подготвена да разговара за се што е принципиелно за државата и граѓаните, но дека ултиматуми не прифаќа.

Иднината на Западен Балкан е во ЕУ и треба да се работи тоа да се постигне.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска беше во посета на Брисел, од каде се огласи вечерва, истакнувајќи дека Владата останува фокусирана на реформи и подобри услови за живот.

16 (16) ■ вести > македонија ■ 03-Dec 15:01 -> 04-Dec 17:24
.
.
.
.

Обвинители вршат надзор во обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција

  • Надзор во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција

Јавни обвинители утрово вршат надзор во основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, информираат од ЈОРМ Само еден ден откако Коцевски нареди итна и сериозна реорганизација на силите во институции под негова надлежност а како резултат на критиките на премиерот Мицкоски кој повеќепати посочи дека одредени обвинители намерно го кочат спроведувањето на правдата.

Со одлука на јавниот обвинител на Република Македонија, сите јавни обвинители од Јавното обвинителство на Република Македонија денеска вршат контрола во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

165 (5) ■ бизнис > македонија ■ 03-Dec 10:20 -> 03-Dec 13:34
.
.
.
.

Традиционална донаторска акција во Веро: Заокружи сметка за весели празници на децата од СОС Детско село

  • Цветиновата награда за мир за „СОС-детско село“

Со цел да обезбеди подобра иднина за децата без родители и родителска грижа, но и да ги поттикне граѓаните индивидуално да донираат во рамки на своите можности, Веро во празничниот месец декември повторно ја организира традиционалната донаторска кампања „Заокружи сметка“.

Во сенаменската сала на Центарот за поддршка на згрижувачки семејства на „СОС-детско село“ неодамна се одржа настанот „Цветинова награда за мир“, на кој познатиот сликар и хуманист Живко Поповски-Цветин му ја додели престижната награда на „СОС-детско село“, која му беше врачена на претседателот на Управниот одбор, Александар Трајковски.