1 (16) ■ вести > македонија ■ 09-Jan 11:22 -> 09-Jan 13:08
.
.
.
.

Наскоро ќе овозможиме специјализантите да подготвуваат извештај со свое име и презиме, вели Таравари

  • Таравари: Нема лекарска грешка во врска со седуммесечното бебе кое почина на Детската клиника

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска информираше дека преку „Мој термин“ наскоро ќе се овозможи специјализантите кои специјализираат на нашите универзитети, да имаат пристап да можат да подготват извештај со свое име и презиме.

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска изјави дека го прочитал извештајот во врска со седуммесечното бебе кое почина на Детската клиника во Скопје, и во него е констатирано дека нема лекарска грешка.

2 (10) ■ вести > македонија ■ 09-Jan 12:06 -> 09-Jan 12:58
.
.
.
.

МВР предупредува: Како да се заштитите од телефонски измами

  • МВР: Се преземаат мерки против телефонските измами, граѓаните да бидат внимателни и да не споделуваат лични податоци

Министерството за внатрешни работи соопшти дека Секторот за компјутерски криминал активно презема мерки за истрага и справување со телефонските измами кои се вршат преку техники на пренасочување на телефонски броеви и лажирање на Caller ID. -Никогаш да не споделувате лични податоци, банкарски информации или лозинки преку телефон.

Министерството за внатрешни работи сооппшти дека Секторот за компјутерски криминал активно презема мерки за истрага и справување со телефонските измами кои се вршат преку техники на пренасочување на телефонски броеви и лажирање на Caller ID. Овие измами, кои во последно време се сѐ почести, имаат за цел манипулирање на граѓаните и стекнување на доверливи податоци или финансиски средства.

3 (4) ■ вести > македонија ■ 09-Jan 12:19 -> 09-Jan 13:12
.
.
.
.

Таравари за ригорозните мерки на Бајден: Владата се придржува максимално на сите меѓународни договори

  • Таравари ја поздрави одлуката на Бајден: Ние се придржуваме до меѓународните договори, нека размислат оние коишто имаат проблем

Министерот за здравство и претседател на Алијансата за Албанците која е дел од владината коалиција „Вреди“, Арбен Таравари денеска ги поздрави најавите на американскиот претседател Џозеф Бајден против оние кои му се закануваат на Западен Балкан и ги поткопуваат повоените договори.

Министерот за здравство Арбен Таравари од владејачката „Вреди“ вели дека како Влада ја поддржуваат одлуката на американскиот претседател Џо Бајден за проширување на категориите на лица oд земјите од Западен Балкан кои подлежат на санкциите на Соединетите Американски Држави.

9 (21) ■ вести > свет > регион ■ 08-Jan 19:16 -> 09-Jan 12:48
.
.
.
.

Бајден најави проширување на санкциите за Западен Балкан, ќе се санкционираат и поткопувачите на Преспанскиот и Охридскиот договор

  • Бајден ја прошири рамката за санкции на Западен Балкан, на црна листа ќе се ставаат и деца на корумпирани

  • Бајден го прошири опсегот на санкциите за дестабилизација на Западен Балкан

На помалку од две недели до формалното завршување на својот мандат, американскиот претседател Џо Бајден донесе уредба со која се прошируваат категориите на лица кои подлежат на санкциите на САД поради обиди за опспорување на суверенитетот и територијалниот интегритет на земјите од Западен Балкан, обиди за поткопување на повоените договори и институции, како и учество во значителна корупција.

Претседателот на САД Џо Бајден денес донесе извршна наредба за преземање дополнителни чекори во однос на ситуацијата во Западен Балкан, проширувајќи ги условите за лица кои можат да бидат санкционирани.

Американскиот претседател Џо Бајден ги прошири категориите на лица кои подлежат на американски казнени мерки за оспорување на суверенитетот и територијалниот интегритет на земјите од Западен Балкан, поткопување на повоените договори и институции, како и учество во значителна корупција што го поткопува владеењето на законот и довербата во демократското владеење и избегнувањето на санкциите на американската влада.

11 (5) ■ вести > култура ■ 08-Jan 14:10 -> 09-Jan 12:54
.
.
.
.

Отворено писмо на диригентката Дијана И. Илкоска

  • Тромбонистот од Филхармонија кому не му беше продолжен договорот демантира дека не е потребен во оркестарот: Ова работно место е сега празно

По неодамнешните медиумски натписи за случајот со неколкумина работници од НУ Филхармонија на РМ кои не добија продолжување на нивните договори, во целост го пренесуваме отвореното писмо на нашата реномирана диригентка Дијана И. Илкоска: „Јас, Дијана И. Илкоска – дипломиран музичар, теоретичар и педагог, хорски диригент и дипломиран и магистриран оркестарски диригент, позната на јавноста исто така како композитор и аранжер на повеќе дела изведувани во земјава и странство, диригент кој е етаблиран на меѓународната сцена, но и во Македонија диригирајќи и соработувајќи со светски реномирани оркестри и уметници како Џошуа Бел (добитник на Греми награда), Брус Лиу (лауреат на познатиот “Шопен натпревар“), Лола Астанова, Божо Вреќо, диригентот Џанандреа Носеда (шеф-диригент на националниот симфониски оркестар во Вашингтон, главен гостин диригент на Лондонскиот симфониски оркесар и музички директор на фестивалот “Цинандали“ во Грузија), асистент диригент на повеќе светски диригенти како Клаудио Вандели (шеф-диригент на „Wurth Philharmoniker”, основач на Пан-Кавказки младински оркестар и уметнички директор на светскиот фестивал „Вербие„ во Швајцарија), Габриел Бебешелеа, Јерухам Шаровски, Тимоти Редмонд и многу други, наградувана со позитивни критики и препораки од страна на Жига Пирнат од Лос Анџелес (продуцент на „Оскарите“, Барбара Стрејсенд, „Музички идол“, Андреа Бочели, Ријана и други), Урош Лајовиц (професор и диригент кој предава на академијата во Виена) и многу други, основач на „ID chamber orchestra“ со кој концертирам повеќе од 10 години на домашната музичка сцена изведувајќи класична, современа и популарна музика - ОСТАНАВ НА УЛИЦА!

Тромбонистот Никола Ристевски, еден од групата незадоволни вработени во оркестарот на Македонската филхармонија, кому не му е продолжен договорот за работа, денеска до „360 степени“ испрати писмена реакција во која ги демантира ставовите на институцијата оти договорот не му бил продолжен бидејќи за тоа не постои ниту закоснка обврска ниту, пак, објективна причина.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

6 (4) ■ бизнис > економија ■ 09-Jan 12:31 -> 09-Jan 13:05
.
.
.
.

(ВИДЕО) Ангел Анѓушев во „Бизнис-клуб“: За добивање производи и услуги со додадена вредност потребно е преструктуирање на производството

  • 🎥 МАКЕДОНИЈА ТРЕБА ДА ПРАВИ ПРОИЗВОДИ СО ВИСОКА ТЕХНОЛОГИЈА Ангел Анѓушев во Бизнис клуб вели дека помина времето на евтина работна рака во земјава

Во новата епизода на подкастот „Бизнис-клуб“ со претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески, гостин е Ангел Анѓушев, машински инженер и оперативен директор на фабриката „Грин машинс“ во „Брако“, првиот производител на електрични возила за чистење улици во светот.

Во новата епизода на поткастот „Бизнис-клуб“ со претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески, гостин е Ангел Анѓушев, машински инженер и оперативен директор на фабриката „Грин машинс“ во „Брако“, првиот производител на електрични возила за чистење улици во светот.