Одложена е Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање во врска со актуелните сомнежи за незаконско прислушување од Агенцијата за национална безбедност (АНБ), кое се вршело во периодот од 2019 до 2024 година. Од собраниските служби нема образложение за одложувањето на седницата.
Членот на собраниската Комисија за надзор на АНБ и АР пратеникот Љупчо Пренџов денеска јавно го повика претседателот на Комисијата Скендер Реџепи од европскиот фронт да закаже итна седница во врска со актуелните сомнежите за незаконско прислушување од Агенцијата за национална безбедност (АНБ), кое се вршело во периодот од 2019 до 2024 година. Целта е на седницата да се разгледаат загрижувачките сомнежи за незаконско постапување во АНБ, односно, да утврдиме точен датум за официјална посета во Агенцијата за национална безбедност преку која ќе извршиме директен увид во состојбите и темелно испитување на сите околности поврзани со овие настани, истакна Пренџов.
Многу реализирани и тековни проекти во инфраструктурата, урбанизмот, екологијата, спортот, образованието, социјалната заштита, културата се содржани во отчетот за сработеното на Општина Куманово во изминатите четири години, за време на вториот мандат на градоначалникот Максим Димитриевски. Тој денеска во Занаетчискиот дом во Куманово го презентираше „Отчет 2021 – 2025“ пред граѓаните на најголемата општина во Македонија.
Од завчера 52 годишник од Куманово се води како исчезнат, откако тој се оддалечил од својот дом во непознат правец. На 03.09.2025 во 11:30 часот во СВР Куманово, Т.П.(79) од Куманово пријавил дека од домот се оддалечил неговиот син С.П.(52), информираат од Секторот за внатрешни работи.
„ЈО да не молчи, истрага за следењето и прислушкувањето веднаш, и одговорност за извршителите и наредбодавачите. ЈО на Љупчо Коцевски молчи со денови откако се обзнани скандалозно следење на службите на претседателот Мицкоски, новинари и бизнисмени“ рече денеска на прес-конференција пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.
ЈО да не молчи, истрага за следењето и прислушкувањето веднаш, и одговорност за извршителите и наредбодавачите. ЈО на Љупчо Коцевски молчи со денови откако се обзнани скандалозно следење на службите на претседателот Мицкоски, новинари и бизнисмени, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ . Петрушевски прашува дали обвинителот Коцевски молчи, затоа што бил задолжен од ЈО за следење на издавањето на ПИ мерките?
Обвинителскиот тим кој постапува во предметот во врска со пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против уште едно лице за сторени – Тешки дела против општата сигурност. „И овој обвинет се товари за сопствен особен придонес, бидејќи заедно со повеќе одговорни и службени лица за кои веќе е поднесен обвинителен акт кој е во фаза на оценка, како и со други за сега „непознати лица, не постапил според прописите и техничките правила за мерките за заштита и со тоа предизвикал опасност за животот и телото на луѓето, како и имотот од големи размери.
Обвинителскиот тим кој постапува во предметот во врска со пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против уште едно лице за сторени – Тешки дела против општата сигурност од член 292 став 2 во врска со член 288 став 3 во врска со став 2 во врска со член 22 од Кривичниот законик. И овој обвинет се товари за сопствен особен придонес, бидејќи заедно со повеќе одговорни и службени лица за кои веќе е поднесен обвинителен акт кој е во фаза на оценка, како и со други за сега непознати лица, не постапил според прописите и техничките правила за мерките за заштита и со тоа предизвикал опасност за животот и телото на луѓето, како и имотот од големи размери.
Поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Никола Васев, кој заедно со уште тројца онколози е обвинет за несовесно лекување пациенти, денеска пред Основниот кривичен суд Скопје изјави дека не се чувствува виновен Здравиот има многу желби, а болниот само една – да оздрави. Пациентите и нивните семејства имале доверба во обвинетите дека ќе добијат соодветна терапија, но таа доверба е изневерена, изјави обвинителката Ана Гоговска Јакимовска на почетокот на судскиот процес за случајот „Онкологија“.
Поранешниот директор на Клиниката за онкологија Никола Васев, кој заедно со уште тројца онколози е обвинет за несовесно лекување пациенти денеска пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека не се чувствува за виновен. Не, апсолутно не, одговори Васев, на прашање од Судот дали се чувствува виновен за кривичните дела кои му се ставаат на товар.
Над 150.000 граѓани се трујат 4 години во континуитет поради нив. Четири години неспособната локална власт на ДПМНЕ не успева да реши една дива депонија што шири зараза и смрт.
Кандидатката за градоначалничка на Град Скопје од редовите на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Каја Шукова, денеска, на прес-конференција претстави план за решавање на дивата депонија Вардариште, за кој појасни дека би се реализирал во две фази. Граѓаните вчера на протест јасно порачаа – доста е со труењето од Вардариште.
Рускиот претседател Владимир Путин денес изјави дека не ја исклучува можноста за средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски и предложи средбата да се одржи во Москва. „Ако Зеленски е подготвен за состанок, нека дојде во Москва“, рече Путин, додавајќи дека „има светлина на крајот од тунелот“, пренесува РИА Новости.
Предлогот на рускиот претседател Владимир Путин за средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Москва е неприфатлив, објави денес украинската влада. Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха изјави дека најмалку седум земји, вклучувајќи ги Австрија, Ватикан, Швајцарија и три земји од Персискиот Залив, се подготвени да бидат домаќини на средба меѓу Зеленски и Путин, објави Ројтерс.
Португалија е во шок откако 15 лица загинаа кога 140-годишната жичница Глорија, една од главните туристички атракции во Лисабон, излета од шините. Уште 18 лица се однесени во болница, од кои пет се во сериозна состојба, потврдија службите за итни случаи.
Најмалку 15 лица загинаа, а повеќе од 20 се повредени кога популарната туристичка атракција во Лисабон, жичарницата Глорија, излета од шините и се урна, соопшти португалската полиција. Шефот на португалската служба за цивилна заштита изјави дека неколку лица се заробени, а девет лица се во сериозна животно загрозувачка состојба.
Русија ќе ги врати своите замрзнати средства на Запад во натура, односно со територија, кои беа предадени на Украина. Ова го коментираше заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност Дмитриј Медведев по повод предавањето на Лондон на Киев на 1,3 милијарди долари профит од руски средства.
Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, денес изјави дека Русија ќе го врати својот замрзнат имот на Запад, префрлен во Украина, во природна форма, односно во земја. Коментарот на Медведев доаѓа откако Лондон префрли 1,3 милијарди долари профит од користењето на замрзнатите руски средства во Киев.
Аргентина ја победи Венецуела со 3:0 во квалификациите за Светското првенство, а Лионел Меси (38) постигна два гола во натпреварот што беше најавен како последен натпревар на Лионел Меси во дресот на репрезентацијата дома. No player in football history has a better moment like this.
На стадионот „Монументал“ во Буенос Аирес се собраа 85 илјади гледачи кои два часа му скандираа и пееја на својот миленик и му се поклонија за сето она што го направи во двете децении како репрезентативец. Некогашната суперѕвезда на Барселона не можеше да сокрие емоциите, колку и да се обидуваше се гледаше дека солзите навираат и дека не е имун на љубовта која ја добива од навивачите.
Следете го во ЖИВО соочување на Еурофарм Пелистер и Вардар во Суперкупот на Македонија.
Фото: RK Vardar/FB Чупиќ: Суперкупот е поразличен, ова е битка за трофеј Со денешниот натпревар помеѓу Вардар и Еурофарм Пелистер и официјално започнува новата ракометна сезона кај нас, а битката ќе се води во салата „Јасмин“ во Кавадарци. Минатата сезона Вардар ја заврши со пораз на домашен од големиот ривал со кој ја загуби титулата, па сега сигурно посакуваат и подобар почеток на новата.
Фото: mtftennis.mk Ѓорческа продолжи со одличната форма: Ќе игра и финале! Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, продолжува со одличната форма и ќе се бори за нов трофеј оваа сезона.
Лина Ѓорческа/фото: mtftennis.mk Ѓорческа со пресврт до полуфиналето на ИТФ турнирот во Романија Денеска македонската тенисерка Лина Ѓорческа обезбеди пласман во полуфиналето на ИТФ турнирот што се одржува во Слобозиа, Романија. Ѓорческа, која е трета носителка на турнирот, со резултат 2:1 во сетови ја елиминираше Хрватката Лиција Багариќ Чириќ по еден час и 41 минута игра.
Модниот дизајнер Џорџо Армани почина на 92-годишна возраст. Неговата компанија ја потврди веста во кратко соопштение: „Со огромна тага, Армани Групацијата ја објавува смртта на својот творец, основач и неуморна движечка сила: Џорџо Армани“.
Италијанскиот дизајнер Џорџо Армани почина мирно во својата 91 година од животот, опкружен со своето семејство, објави модната куќа „Армани“. Џорџо кој сакаше да биде доктор, но стана еден од највлијателните луѓе во светот на модата.