1 (7) ■ вести > македонија ■ 26-Dec 10:15 -> 26-Dec 10:48
.
.
.
.

Од 1 јанаури се зголемуваат надоместоците за експлоатација на природни ресурси

  • Министерството за енергетика со нов тарифник: Од 1 јануари 100% поскапува експлоатацијата на природните ресурси

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини соопшти дека од 1 јануари 2025 почнува со наплата на до 100 отсто зголемени надоместоци за експлоатација на природните ресурси, со цел да се воведе ред во користењето на националните богатства и фер наплата.

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, со цел воведување ред во користењето на националните богатства и фер наплата, од 1 јануари 2025 година започнува со наплата на до 100% зголемени надоместоци за експлоатација на природните ресурси.

2 (4) ■ вести > македонија ■ 26-Dec 09:59 -> 26-Dec 10:39
.
.
.
.

КРИВИЧНИОТ СУД ГО ЗАНЕМАРИЛ СМЕТКОВОДСТВОТО Не воспоставил ниту евиденција за одземени пари и скапоцености

  • ДЗР ги објави ревизорските извештаи за Основниот кривичен суд Скопје (3 сметки)

Отсуството на одредби за утврдување на платите на вработените во судовите кои вршат технички и помошни работи, средствата кои се издвојуваат од Буџетот за 2023 година за финансирање на Судската власт не го достигнуваат законски утврдениот процент од 0,8 % од бруто домашниот производ на Буџетот на Република Северна Македонија, односно одобрените средства во износ од 2.690.800.000 денари претставуваат 0,3% од БДП, односно извршено е намалување на одобрениот Буџет за Судска власт за износ од 89.906.000 денари.

Отсуството на одредби за утврдување на платите на вработените во судовите кои вршат технички и помошни работи, средствата кои се издвојуваат од Буџетот за 2023 година за финансирање на Судската власт не го достигнуваат законски утврдениот процент од 0.8 % од бруто домашниот производ на Буџетот на Република Македонија, односно одобрените средства во износ од 2.690.800 илјади денари претставуваат 0,3% од БДП, односно извршено е намалување на одобрениот Буџет за Судска власт за износ од 89.906 илјади денари.

12 (73) ■ вести > македонија > политика ■ 24-Dec 09:07 -> 25-Dec 16:44
.
.
.
.

СДСМ понуди натпартиска државна стратегија за долгорочен развој на земјата

  • Мицкоски: Срамота е ова што го прават супермаркетите пред празниците - инспекциите ќе бидат жестоки

  • Мицкоски: Оставивме добра волја - маркетите користат трикови

  • (ВИДЕО) Мицкоски лично дозволи трговците да печалат на маката на луѓето

Претседателот на СДСМ Венко Филипче повика на заедничка, натпартиска стратегија која „ќе го гарантира долгорочниот развој на државата и ќе ги обедини политичките партии околу реални и издржани планови“.

Премиерот Христијан Мицкоски лут на трговците откако ги покачија цените на производите кои не се опфатени во т.н. Новогодишна кошница.

Премиерот Христијан Мицкоски најави мерки со кои Владата ќе се бори против „триковите“ на трговците кои ги зголемија цените на производите кои не се опфатени во т.н. Новогодишна кошничка.

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, по повод шест месеци од Владата на ВМРО-ДПМНЕ, одржа прес-конференција на која алармираше за катастрофалните економски политики кои резултираа со огромна економска несигурност и слабеење на стандардот на граѓаните.

15 (29) ■ вести > македонија > политика ■ 25-Dec 07:23 -> 26-Dec 07:00
.
.
.
.

Сиљановска Давкова: Време е за храбар чекор кон ЕУ

  • Годишно обраќање на претседателката Сиљановска Давкова во Собранието

  • Сиљановска-Давкова: Едиственото можно решение се уставни измени со одложено дејство

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска во своето годишно обраќање во Собранието повика оти е време за храбар ЕУ исчекор, по примерот на оној од 2004 година, што, како што нагласи ќе означи реунификација, односно реинтеграција на регионот во ЕУ. -Балканот е природен дел на Европа: географски, историски и културно.

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска напладне ќе има годишно обраќање во Собранието, прво во нејзиниот мандат.

Иако го нарече нерационално барањето за внес на Бугарите во Уставот, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во своето годишно обраќање во парламентот рече дека со креативно интерпретирање на Преговарачката рамка, односно на заклучоците, единствено можно решение е спроведување на уставните измени со одложено дејство – по завршување на преговорите и ратификација на договорот за членство на земјава во ЕУ. Ова, како што рече, би било вин-вин решение за Бугарија која би го остварила своето барање, а подоцна и во меѓувреме би ѝ помагала на земјава за евроинтеграциите бидејќи ќе биде свесна дека колку побрзо ќе завршат преговорите на земјава, толку побрзо Бугарија ќе дојде до целта.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

152 (6) ■ бизнис > македонија ■ 24-Dec 14:07 -> 24-Dec 15:19
.
.
.
.

▷ Стопанската комора и Фискалниот совет потпишаа договор за соработка

  • Партнерски однос за економски развој: Стопанската комора и Фискалниот совет потпишаа договор за соработка

Стопанската комора на Северна Македонија и Фискалниот совет на Република Северна Македонија потпишаа договор за соработка, со кој се поставува основа за редовна комуникација и партнерски однос во клучни области како што се макроекономските движења, монетарната и фискалната рамка и управувањето со јавните финансии.

Стопанската комора на Северна Македонија и Фискалниот совет на Република Северна Македонија потпишаа договор за соработка, со кој се поставува основа за редовна комуникација и партнерски однос во клучни области како што се макроекономските движења, монетарната и фискалната рамка и управувањето со јавните финансии.

179 (5) ■ бизнис > македонија ■ 24-Dec 12:12 -> 24-Dec 16:31
.
.
.
.

МАКЕДОНСКИТЕ МАЛИ И СРЕДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА ВЛЕГУВААТ СО УМЕРЕН ОПТИМИЗАМ ВО 2025

  • МАЛИТЕ И СРЕДНИТЕ ФИРМИ ВЛЕГУВААТ СО УМЕРЕН ОПТИМИЗАМ ВО 2025 Дигиталната трансформација ќе биде приоритет

ДАНИЕЛА ДИМОВСКА, ДИРЕКТОР НА АГЕНЦИЈАТА ЗА ПОДДРШКА НА ПРЕТПРИЕМНИШТВОТО: ПОЛОВИНА ОД МАКЕДОНСКИТЕ МАЛИ И СРЕДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА ОЧЕКУВААТ РАСТ, НО ПРЕДИЗВИЦИТЕ ОСТАНУВААТ!

Повеќе од половина од малите и средните претпријатија (МСП) во Македонија очекуваат подобрување на економската активност во нивниот сектор во текот на наредната година, покажува истражувањето спроведено во рамки на Годишниот извештај на Агенцијата за поддршка на претприемништвото (АПП). И покрај инфлацијата и растот на цените кои и понатаму претставуваат главен предизвик за стопанството, голем дел од менаџерите изразуваат умерен оптимизам во однос на следната година.

6 (4) ■ магазин > живот ■ 26-Dec 09:51 -> 26-Dec 10:36
.
.
.
.

Холандија: Над половина од родителите сметаат дека е в ред децата да испијат малку алкохол

  • Над половина од родителите сметаат дека е в ред нивните деца да испијат малку алкохол за празниците

Над половина од родителите сметаат дека е в ред нивните деца да испијат малку алкохол за празниците.

Повеќе од половина од родителите во Холандија со деца на возраст од 16 или 17 години сметаат дека е прифатливо нивните тинејџери одвреме-навреме да испијат чаша алкохолен пијалак за време на празниците, според истражување спроведено од агенцијата „РТЛ њуз панел“ (RTL News Panel). Испитувањето покажа дека 58 отсто од родителите веруваат дека е прифатливо нивните деца да се напијат малку алкохол при божиќните и новогодишните прослави, пишува „НЛ тајмс“ (NL Times). Многу од родителите, патем, велат дека им е тешко да се одлучат за строга забрана за алкохол, според наводите, плашејќи се дека тоа може да доведе до тајно консумирање алкохол.