1 (11) ■ вести > македонија > политика ■ 24-Sep 14:12 -> 26-Sep 22:45
.
.
.
.

Николоски: Тендерот за пругата кон Бугарија пропадна, она што е сега понудено е неизводливо за реализација

  • НИКОЛОСКИ-ДРЕКСЛЕР: Инфраструктурен развој за квалитетно и брзо поврзување на Македонија со Централна Европа

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николски соопшти дека тендерот за пругата кон Бугарија е пропаднат.

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска оствари работна средба со амбасадорката на Германија, Петра Дрекслер.

2 (39) ■ вести > македонија > политика ■ 24-Sep 15:26 -> 26-Sep 23:44
.
.
.
.

Филипче: Светска Банка понудила поповолен кредит од унгарскиот

  • Филипче: Раздвојувањето на Албанија и Cеверна Македонија е тежок пораз на политиките на Владата

  • Венко Филипче во „Само интервју“

  • Ги исцпривме сите механизми за свикување на Комисијата за Законот за бранителите, сега ќе видиме што ќе се случи, вели Филипче

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервјуто за емисијата „Само интервју“ на Канал 5 вечерва презентираше документ според кој претходната влада веќе преговарала за заем од Светска банка по многу поповолни услови.

Лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче денеска истакна дека раздвојувањето на Албанија и Македонија на патот кон Европската Унија е тежок пораз на политиките на Владата.

Дами и господа, вечерва во Само Интервју, ќе гостува лидерот на СДСМ Венко Филипче.

Засега ги исцрпуваме сите механизми кои ги нуди деловникот во Собранието, за да законот за бранителите стигне на расправа на соодветната Комисија.

3 (147) ■ вести > свет ■ 24-Sep 07:29 -> 26-Sep 22:05
.
.
.
.

Нетанјаху: Израел ќе користи сила против Хезболах додека не се вратат жителите на север

  • Дали е неизбежна тотална војна меѓу Израел и Хезболах?

  • Израел и Либан во следните неколку часа се очекува да потпишат примирје, Хезболах не учествува

  • Нетанјаху ги демантира израелските медиуми дека ќе има прекин на огнот во Либан

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека неговата земја ќе користи сила против Хезболах во Либан додека жителите на северен Израел не се вратат дома.

Немилосрдната размена на оган меѓу Израел и либански Хезболах во последните денови ги поттикна стравувањата дека долгогодишните непријатели незапирливо се движат кон сеопфатна војна, и покрај меѓународните повици за воздржаност.

САД, Франција и другите сојузници повикаа на итен прекин на огнот од 21 ден за да се овозможи преговори во конфликтот меѓу Израел и Хезболах.

Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска, неколку часа откако некои израелски медиуми објавија дека околу пладне очекуваат прекин на огнот во Либан, соопшти дека овие тврдења се неточни.

4 (60) ■ вести > македонија > политика ■ 24-Sep 14:58 -> 26-Sep 19:52
.
.
.
.

(ГАЛЕРИЈА) Мицкоски и министрите го пречекаа Орбан

  • Орбан пристигнува во дводневна официјална посета на земјава

  • Безбедносни мерки во Охрид во врска со посетата на унгарскиот премиер Виктор Орбан

  • Орбан пристигна во Македонија

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска пристигна во Охрид, а беше пречекан од владиниот врв, на чело со премирот Христијан Мицкоски.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан заедно со делегација од унгарската Влада, денеска и утре ќе престојува во дводневна официјална посета на земјава.

Во врска со престојната посета на унгарскиот премиер Виктор Орбан на земјава, СВР – Охрид ги спроведува неопходните безбедносни мерки и активности за безбедно и непречено движење на делегацијата низ Охрид и околината.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан ја започна официјалната посета на Република Северна Македонија.

6 (10) ■ вести > македонија ■ 24-Sep 18:32 -> 26-Sep 22:29
.
.
.
.

Тошковски: Нов софтвер за менаџмент на воздухопловни полициски операции, дигитализација на процесите за модерна и ефикасна полиција

  • МВР отвори канцеларија на управните служби во Матејче

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во Центарот за обука на МВР во Идризово присуствувал на презентација на најновиот софтвер за менаџмент на воздухопловни операции специјално дизајниран за потребите на хеликоптерските единици во состав на Министерството за внатрешни работи.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во рамки на посетата на Полициското одделение во Матејче ја отвори новата канцеларија на управните служби на МВР, која ќе овозможи побрз пристап на граѓаните од липковско до услугите на МВР . Министерот Тошковски потенцираше дека отворањето на канцеларијата, втора по ред за само неколку дена, како дел од низа други кои ќе бидат отворени е со цел граѓаните да имаат побрз пристап до документите и услугите кои им се потребни.

7 (43) ■ вести > македонија > политика ■ 25-Sep 07:00 -> 26-Sep 21:53
.
.
.
.

Сиљановска Давкова: Од нашите европски и стратешки партнери очекуваме разбирање и праведно деблокирање на процесот на преговори со ЕУ

  • Сиљановска Давкова на дебата на Советот за безбедност на ОН и на состанок на Глобалната коалиција за справување со заканите од синтетички дроги

  • Сиљановска Давкова: Договор за пријателство со Бугарија нема одредба за менување на Уставот

  • Сиљановска Давкова со претставници на земјите од Западен Балкан на работен ручек со еврокомесарот Жозеп Борел

Од нашите европски и стратешки партнери очекуваме разбирање и праведно деблокирање на процесот на преговори за членство во Европската Унија, отфрлање на двојните стандарди и почитување на сопствените принципи и вредности, вградени во основните уставни документи, потенцира денеска во својот говор претседателката Гордана Сиљановска Давкова пред членовите на Генералното собрание на ОН. Како што јави известувачот на МИА од Њујорк, проширувањето, според Сиљановска Давкова, мора да се врзе за меритократските Копенхагенски критериуми и да се ослободи од ветоизацијата врзана за обидот за ревизија на историјата и непочитување на националниот и културниот идентитет.

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова во рамки на учеството на 79. Генерално Собрание на Обединетите Нации, присуствуваше на состанокот на Глобалната коалиција за справување со заканите од синтетички дроги и на дебатата на Советот за безбедност, кадешто оствари куси средби со повеќе лидери и претставници на меѓународни организации.

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова вели дека не би можела точно да одговори дали може да дојде до реализација на „францускиот предлог плус“ и ставот на Владата кој неодамна беше презентиран во Брисел.

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, која ја предводи македонската делегација на 79. Генерално собрание на ОН, денеска се очекува да присуствува на работниот ручек со претставникот на Европската унија за надворешна и безбедносна политика – Жозеп Борел и со шефовите на делегациите на земјите од Западниот Балкан.

9 (30) ■ вести > македонија > политика ■ 25-Sep 13:35 -> 26-Sep 17:39
.
.
.
.

Гаши: Секое заостанување на патот кон ЕУ не е добро, се залагам за консензус во Собранието, што побрзо да се договориме и да одиме напред

  • Гаши: Одземена ми е можноста да свикам седница на Комисија која веќе е свикана, останува Комисијата за социјална политика да одлучи за Законот за бранителите

  • СДСМ бара Kомисијата за деловнички прашања да биде свикана за одлуката на Гаши за Законот за бранители

  • Гаши се согласува комисиски да се преиспита неговиот став за Законот за бранителите

Собранискиот спикер не сакаше да ја коментира информацијата дека Европската Унија ќе ги продолжи преговорите со Албанија и дека таа ќе се одвои од С Македонија.

Претседателот на Собранието, Африм Гаши на денешниот брифинг со новинарите истакна дека му е одземена можноста да свика седница на собраниска Комисија за која веќе била свикана.

Потпретседателот на Собранието Јован Митрески денеска на прес конференција истакна дека врз основа на член 62, став 4 од деловникот, преку архивата доставил допис, барање до претседателот на Собранието, Африм Гаши, да ја задолжи комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања и да свика седница каде ќе се толкува примената на членот 126 став 3. „Бидејќи апсолутно не се согласувам со образложението на претседателот за овој член од деловникот, го доставив наведеното барање.

Претседателот на Собранието останува на ставот дека нема деловничка можност да закаже седница за Законот за бранителите, но ќе ги свика пратениците од надлежната комисија, кои ќе треба да одлучат, дали е во право.Сепак, вели дека тоа нема да го стори затоа што СДСМ му испратиле барање, туку затоа што самиот смета дека така треба.

10 (106) ■ вести > свет > украина ■ 24-Sep 07:32 -> 26-Sep 22:32
.
.
.
.

Сојузниците на Украина не се оптимисти околу „Победничкиот план“ на Зеленски

  • Трамп: Америка треба да се повлече од војната во Украина

  • Зеленски за Еј-Би-Си Њуз: Поблиску сме до крајот на војната отколку што мислиме

  • Трамп: Зеленски сака демократите да победат на претседателските избори во САД

Планот на Зеленски нема никакви вистински изненадувања, тврди лице упатено во разговорите, а според друг извор, нема никакви вистински изненадувања во планот и истиот нема да доведе до некоја поголема промена.

Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп изјави денеска дека САД треба да се повлечат од војната во Украина и дека демократската потпретседателка Камала Харис и претседателот Џо Бајден немаат намера да го сторат тоа.

Се поблиску сме до крајот на војната, поблиску отколку што мислиме, изјави претседателот на Украина Володимир Зеленски во интервју за Еј-Би-Си Њуз.

Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски сака демократите да победат на изборите на кои тој ќе се соочи со демократската потпретседателка Камала Харис, пренесоа британските медиуми.

11 (28) ■ вести > македонија > политика ■ 26-Sep 11:05 -> 26-Sep 17:15
.
.
.
.

Партиите во бугарскиот Парламент едногласни околу декларацијата за Македонија

  • Борисов и Петков: Скопје треба да одлучи – внесување на Бугарите во Уставот или затворање на европскиот пат

  • Борисов: Албанија оди напред, го прифати бугарското малцинство – никој не може да отстапи од Договорот за добрососедство

Комисијата за надворешна политика на Народното собрание на Бугарија денеска ја усвои декларацијата за односите со Северна Македонија, предложена од крајнодесничарската партија „Преродба“, пренесува БТА.

Поранешните премиери на Бугарија, Бојко Борисов и Кирил Петков, денеска изјавија дека Договорот за доброседство мора да се почитува и ги повикаа властите во Северна Македонија да одлучат дали ќе ги внесат Бугарите во Уставот или нејзиниот пат кон ЕУ ќе остане затворен.

Бугарија и Република Македонија потпишаа Договор за добрососедство, кој е вклучен во планот за проширување и никој не може да отстапи од него, изјавил претседателот на тамошната собраниска комисија и поранешен бугарски премиер Бојко Борисов, коментирајќи ја одлуката на постојаните претставници во Европската унија (ЕУ), донесена на состанокот на 25 септември, за одвојување на Албанија од Македонија на патот кон членство во ЕУ. Лидерот на ГЕРБ ја советувал Бугарија да биде умерена во ова прашање и без чувство на одмазда.

13 (8) ■ вести > македонија > политика ■ 26-Sep 19:10 -> 26-Sep 20:14
.
.
.
.

Мицкоски за посетата на Орбан: Веруваме дека посетата ќе отвори нови патишта за економска и културна соработка

  • Орбан ги отварa вратите во Северна Македонија за неговите политички и економски интереси!

Премиерот Христијан Мицкоски по повод пристигнувањето на унгарскиот премиер Виктор Орбан на социјалната мрежа „Фејсбук“ напиша дека посетата ќе отвори нови можности за економска и култура соработка.

Посетата на премиерот на Унгарија, Виктор Орбан на Северна Македонија ги отварa вратите за неговите политички и економски интереси и го зајакнува влијанието на оската на илиберализмот кој го има како на Исток така и на Запад, велат познавачите на политичките збиднувања во земјата и на меѓународната сцена, коментирајќи ја дводневната посета на унгарскиот премиер и неговиот владин кабинет на Северна Македонија.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

253 (7) ■ сцена > култура ■ 24-Sep 10:30 -> 25-Sep 15:15
.
.
.
.

Свечено затворање на летната сцена на МНТ на 2. октомври со „Архангел”

  • „Пијан Славеј“ на летната сцена „Славиша Кајевски“ нa МНТ

На 2. октомври со почеток во 21:00 часот на летната сцена „Славиша Кајевски”, при Македонскиот народен театар, концерт ќе одржи највлијатената музичка фигура на урбаниот културен живот во Македонија „Архангел”. Концертот насловен „Македонски подобро звучи – Едиција 4” е подржан од Министерството за култура на Република Северна Македонија и Македонскиот народен театар со што свечено ќе се затвори првото издание на летната сцена „Славиша Кајевски”. Билетите се достапни како и секогаш во онлајн продажба преку веб-страницата на МНТ, , како и на билетарницата, која отвора секој работен ден од 12:00 часот.

На летната Сцена „Славиша Кајевски“ на Македонскиот народен театар (МНТ) вечер ќе настапи „Пијан Славеј“, музичко-поетски формат на Бранислав Николов од групата „Фолтин”, заедно со Пеце Трајковски, Славчо Јовев, Андреа Мирческа и Гоце Јованоски со нивната нова македонска шансона, која го осовременува стариот вкус на музичката поезија од шеесеттите и седумдесеттите години на минатиот век.