Левица е подготвена да достави предлог за разрешување на Даути, најави партијата, откако претседателот на Собранието Африм Гаши рече дека со изгласаната интерпелација за претедателката на Комисијата за социјална политика, Илире Даути, завршиле неговите обрски согласно Деловникот.
Пратеничката на Алијансата за Албанците дел од „Европски фронт“, Илире Даути во пишана изјава до медиумите нагласува дека изгласаната интерпелација минатиот петок поднесена од Левица според донесениот заклучок значи нејзино разрешување или дејствување под диктат на Левица и ВМРО-ДПМНЕ.
Претседателот на Собранието Африм Гаши попладнево преку соопштение информира дека неговата улога како претседател завршила со процесот на интерпелација на претседателката на Комисијата за социјална политика Илире Даути, пренесува МИА.
Претседателот на Собранието, Африм Гаши денеска оствари средба со амбасадорката на Република Грција во земјава, Софија Филипиду.