Во моментов во државата се лекуваат 23 пациенти кои беа повредени во пожарот во Кочани, повеќе од 20 се пуштени на домашно лекување.
Четворица пациенти од Шпанија и еден од Грција се враќаат денеска и првите 24 часа ќе бидат сместени во Клиники, изјави министерот за здравство, Арбен Таравари на денешната прес-конференција за состојбата на лицата кои се лекуваат во домашните и странски болници по пожарот во Кочани.