1 (71) ■ спорт > фудбал ■ 23-May 10:57 -> 25-May 22:00
.
.
.
.

СКАНДАЛ ВО „БОРИС ТРАЈКОВСКИ “ Мечот помеѓу Алкалоид и АЕК е одложен, АЕК го саботира мечот поради притисок од своите навивачи

  • Минов: Да навиваме фер и со срце - Напред Алкалоид!

  • Алкалоид го пречекува АЕК во реваншот од финалето на ЕХФ Европскиот куп

  • Лазаров во пресрет на битката со АЕК за европски пехар: Секогаш сум претпазлив!

Во пресрет на вториот финален натпревар од Европскиот куп, на кој македонскиот ракометен клуб Алкалоид требаше да го пречека грчкиот АЕК, се случува вистински скандал — гостинскиот тим од Атина одбива да излезе на теренот во салата „Борис Трајковски“.Ракометниот клуб АЕК одбива да го одигфра реванш-финалето од Европскиот куп затоа што навивачите не се присутни, но место да добие санкции за тоа, од ЕХФ му прифаќаат мечот да биде одложен.

Драга публико, почитувани навивачи, наш осми играч на теренот, во пресрет на финалниот ракометен напревар од ЕХФ Европскиот куп меѓу РК „Алкалоид“ и РК „АЕК“, упатуваме искрен апел до нашите поддржувачи – да jа покажеме љубовта кон македонскиот ракомет и кон ракометниот клуб АЛКАЛОИД со фер и спортско навивање, изјави Горан Минов, претседател на РК „Алкалоид“.

Ракометарите на Алкалоид вечер во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје ќе го играат најважниот натпревар во својата четиригодишна историја.

Ракометарите на Алкалоид се подготвуваат за реваншот со АЕК в недела во финалето на ЕХФ Европскиот куп.

2 (85) ■ вести > македонија > политика ■ 23-May 16:57 -> 25-May 19:35
.
.
.
.

Фетаи потврди дека останува во ВЛЕН

  • Пратеничката Мимоза Муса ја напушти АА на Таравари

  • Таравари го разреши Арбен Фетаи од партиската функција

  • Таравари најави соработка со ДУИ за локалните избори

Zаменик претседателот на Владата задолжен за добро владеење Арбен Фетаи, кој е дел од коалицијата „Влен“, придружуван од поранешниот министер за информатичко општество и администрацијана Азир Алиу на денешната прес-конференција официјално соопшти дека тој останува дел од Владата.

Пратеничката Мимоза Муса од Алијанса за Албанците попладнево преку својот Фејсбук профил соопшти дека останува дел од владината коалиција што практично значи дека уште еден пратеник го напушта Арбен Таравари.– Пред една година, на 8 мај, ја добив довербата од над 107.000 Албанци како пратеник на Алијансата за Албанците, на листата на коалицијата Влен.

На вонредното собрание на АА од крилото на Арбен Таравари, беше разрешен шефот на собранието, Арбен Фетаи.

Полека, но сигурно, се отплеткува копчето на долгови, на куќата од Јаоски во Тафталиџе, на мотивите за напуштање на прогресивната влада, заради нечиј регрес.

3 (40) ■ вести > македонија > политика ■ 24-May 10:23 -> 25-May 19:38
.
.
.
.

„НЕМА КРИМИНАЛ, ИМА СТРАВ ОД РЕФОРМИТЕ “ Тошковски со жестока реакција на обвинувањата за тендерите

  • Кузеска: Нов скандал на Тошковски - Тендер од 4 милиони евра за фирми со само 2 вработени, основани пред тендерот

  • Тошковски за тендерот за униформите: Се фокусиравме на квалитетот и цената, нема неправилности

  • Тошковски ги оцени обвинувањата за тендерите како обид за политичка конструкција и дефокус од реформите

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски остро реагираше на обвинувањата во јавноста за тендерската постапка за набавка на униформи за специјалните единици, истакнувајќи дека целата процедура била транспарентна и законска.

Кузеска: Нов скандал на Тошковски – Тендер од 4 милиони евра за фирми со само 2 вработени, основани пред тендерот 15:40, мај 25, 202515:48, мај 25, 2025 Интегрален текст од денешната прес-конференција на Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ: Системска корупција ја јаде земјата.

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, реагира на обвинувањата за тендерот за униформите за припадниците на полицијата, велејќи дека постапката била предмет на задолжителна управна контрола од Бирото за јавни набавки, при што не биле најдени никакви неправилности.

Mинистерот за внатрешни работи Панче Тошковски попладнево преку објава на Фејсбук ги оценија како обид за политичка конструкција и дефокус од вистиските реформи обвинувањата од опозицијата за злоупотреба на тендери.

4 (112) ■ вести > македонија > политика ■ 23-May 07:30 -> 25-May 19:44
.
.
.
.

ВМРО-ДПМНЕ за предлогот на Филипче: Лидерска средба имаше пред само еден месец, нема потреба за нова

  • ВМРО-ДПМНЕ: Најголемите криминали во здравството се во времето на Филипче, дали тој стои зад скандалот со Онкологија?

  • Филипче: Конструктивни сме кога е во интерес државата, в понеделник ќе понудам конкретни точки за лидерска средба

  • Филипче: Владата воведе данок на иднината, а под хипотека се неколку идни генерации

Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната прес-конференција во партиското седиште прашан за коментар за изјавата на лидерот на опозициската СДСМ Венко Филипче дека ќе предложи точки за лидерска средба, изјави дека нема потреба од такво нешто.

Валентин Манасиевски, член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, рече дека скандалот на Онкологија се случил во времето кога министер за здравство бил Венко Филипче, повикувајќи го Јавното обвинителство да постапува и да не ја истражи неговата улога во скандалот со Онкологија.

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, најави дека во понеделник, на Националниот совет за евроинтеграции со кој претседава во Собранието, ќе предложи конкретна агенда составена од најважните точки поврзани со реформскиот пат и националните интереси, за кои најголемите политички партии треба да разговараат на лидерска средба.

Логични и легитимни се нашите прашања за Договорот со Велика Британиј, ниту ние ниту јавноста не знае ништо за тој договор, ниту кој е рокот, ниту колкава ќе биде каматата, изјави денеска од Охрид претседателот на СДСМ, Венко Филипче во одговор на новинарско прашање.„Министерката за финансии нема одговор на овие прашања.

8 (24) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 23-May 11:46 -> 25-May 15:00
.
.
.
.

Затвореници од „Идризово“ барале пари од мајка на друг затвореник: Пари за наводна заштита или насилство кое го гледала на видео повик

  • Кривична пријава против поранешен директор на јавно претпријатие од Струмица за злоупотреба на службена положба и овластување

  • ПРАВЕЛ ДУБАРИ СО ВРЕЌИ ЗА ОТПАД Ексдиректор на струмичко комунално претпријатие пријавен за злоупотреба на 3 милиони денари

На 24.05.2025 СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против А.Б.(31) и А.Р.(25), двајцата од Скопје, поради постоење на сомнение дека сториле кривични дела „изнуда” по член 258 став 1 и „лихварство“, по член 260 став 1 и против Е.Б.(27) и Р.Р.(20), двајцата од Скопје, поради сомнение за сторени кривични дела „изнуда“ по член 258 став 1 во врска со член 22 и „лихварство“, по член 260 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

СВР Струмица, до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против З.Г.(56) од Струмица поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 став 2 и 5, а во врска став 1 од Кривичниот законик.

ПРАВЕЛ ДУБАРИ СО ВРЕЌИ ЗА ОТПАД Ексдиректор на струмичко комунално претпријатие пријавен за злоупотреба на 3 милиони денари Пријавениот во 2022 година набавил вреќи за отпад од струмичка компанија, по фактури, во износ од 1.239.000 денари за потребите на претпријатието.

19 (10) ■ вести > македонија ■ 25-May 11:27 -> 25-May 15:46
.
.
.
.

Трпчески од Рим: Сесловенските просветители ширеле благородна мисија онака како што и музиката тоа го прави

  • Симон Трпчески во Рим: „Описменувањето е светост, а музиката е продолжение на таа мисија“

Пијанистот Симон Трпчески, кој синоќа одржа концерт во Хорти Салустијани во Рим, во рамки на манифестацијата „Македонија во чест на Свети Кирил“, изјави дека од исклучителна важност е што Македонија секоја година се труди да биде присутна, да ги чествува просветителите и да покаже огромна почит за една од базичните работи – описменувањето.

Во античкиот амбиент на Хорти Салустијани во Рим, македонскиот пијанист Симон Трпчески синоќа одржа емотивен концерт, дел од манифестацијата „Македонија во чест на Свети Кирил“, истакнувајќи дека описменувањето и културната мисија на светите браќа Кирил и Методиј заслужуваат највисока почит и континуирано чествување.

Повеќе од
оваа категорија

6 (100) ■ спорт > фудбал ■ 23-May 06:07 -> 25-May 17:30
.
.
.
.

Чави Алонсо официјално го презеде Реал Мадрид

  • Солзите сами течеа… Анчелоти: Ќе го паметам секој ден што го минав во Реал Мадрид

  • Ретко го гледаме во вакво издание: Говорот на Анчелоти го расплака Перез (ВИДЕО)

  • Шпанците го селат Модриќ во Хетафе

Поранешниот играч од средниот ред на Реал Мадрид, Чаби Алонсо, од денес и официјално е нов тренер на „Кралскиот клуб“, соопшти прес-службата на мадридскиот клуб.

Максимално емотивно беше попладнево во Мадрид, на мечот во кој Реал славеше над Реал Сосиедад со 2-0 во последната рунда од Примера дивизион.

Освен Лука Модриќ денешниот натпревар на Реал Мадрид беше последен и за Карло Анчелоти на клупата, Италијанецот како што е познато ќе ја продолжи кариерата како селектор на Бразил.

Лука Модриќ (39) сè уште не откри каде ќе ја продолжи кариерата, откако објави дека го напушта Реал Мадрид, но шпанските медиуми веќе нудат неочекувано сценарио.

10 (53) ■ спорт > балкан ■ 23-May 07:53 -> 25-May 20:15
.
.
.
.

„Нема да дозволам Ѓоковиќ против мене да испише историја“

  • Новак Ѓоковиќ одново триумфираше во Женева и достигна до 100-та титула во кариерата

  • Ѓоковиќ го дозна противникот и терминот за полуфиналето во Женева

  • Големиот шампион Ѓоковиќ во свој стил го освои 100-тиот АТП турнир во кариерата!

Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!?

Новак Ѓоковиќ одново триумфираше во Женева и достигна до 100-та титула во кариератаСрпскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, шести на ранг-листата на ATP, успешно го освои турнирот во Женева, совладувајќи го во финалето полскиот натпреварувач Хуберт Хуркач, кој се наоѓа на 31. место на списокот.

Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!?

Новак Ѓоковиќ направи уште еден чекор кон тениската бесмртност, го освои својот 100-ти турнир во кариерата.

Повеќе од
оваа категорија

252 (5) ■ бизнис > македонија ■ 23-May 11:22 -> 23-May 14:39
.
.
.
.

Божиновска: Потребна е координирана акција во борбата со аерозадувањето и систем кој нема да дозволи злоупотреби

  • Божиновска: Владата за зелена иднина

Министерката за енергетика Сања Божиновска денеска на надзорната расправа за аерозагадувањето, што се одржува во Собранието, истакна дека Министерството е свесно за влијанието на традиционалните енергетски капацитети, но дека проблемот со загадувањето треба да се бара и во злоупотребата на системот односно користењето на штетни горива од сомнително потекло за лична и имотна корист.

На денешната надзорна расправа во Собранието на тема „Ефектите од аерозагадувањето во Скопје и во другите градови врз здравјето на луѓето и мерките што се преземаат за заштита на јавното здравје“ се обрати министерката за енергетика, рударство и минерални суровини од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Сања Божиновска.

210 (4) ■ сцена > култура ■ 23-May 09:31 -> 25-May 20:01
.
.
.
.

▷ Изложба на Стефан Анчевски и Марјан Стојаноски во Македонскиот КИЦ во Софија

  • Изложба „Траг“ на Стефан Анчевски и Марјан Стојаноски во Македонскиот КИЦ во Софија

Во чест на 24 Мај, денот на сесловенските просветители и учители, браќата Кирил и Методиј, во сабота од 18:30 часот, во галеријата на Македонскиот Културно-информативен Центар во Софија, ќе биде свечено отворена изложбата „Траг“.

Македонски културно-информативен центар во Софија По повод 24 Мај – празникот на сесловенските просветители и учители, светите браќа Кирил и Методиј, во сабота со почеток од 18:30 часот, во галеријата на Македонскиот Културно-информативен Центар (КИЦ) во Софија, свечено ќе биде отворена заедничката изложба „Траг“ на визуелниот и мултимедијален уметник Стефан Анчевски од Куманово и вајарот Марјан Стојаноски од Прилеп.