2024 година ја завршивме со рекордно историско ниво на странски инвестиции од 1 милијарда и 255 милиони евра со што повторно по глава на жител сме држава со најголем број на странски инвестици во регионот, можеби на некого не му одговара но тоа е факт, и повторно за многу кратко време ја консолидируваме, се консулидираа таа политика и таа политика ќе продолѓи и во годината која што следи бидејќи посебно во последните недели имаме голем бран на компании кои што се заинтересирани да инвестираат овде во Македонија и во слободните ТИРЗ зони но и надвор од нив, и навистина сум пресреќен тие познаа дека ова Влада води пробизнис политика и сака да поддржува отварање на нови работни места, добро платени места, врочем и сега мора да се добро платени работните места бидејќи конкуренцијата на пазарот на труд е немилосредна, но добро е што имаат доверба и оваа година исто очекувам висока бројка, не би сакал сега да лиферувам со бројки но знам дека една инвестиција почнува со работа овој месец, другата почува со работа во Штип во април месец, во мај ставаме камен темелник, во јуни повторно камен темелник.
За три квартали ја стабилизиравме состојбата во државата, растот на БДП во четвртиот квартал се првите инидикации дека економијата заздравува.